Прејди на содржината

ОУ „Димитар Влахов“ - Љубојно

Координати: 40°53′47″N 21°8′4″E / 40.89639° СГШ; 21.13444° ИГД / 40.89639; 21.13444
Од Википедија — слободната енциклопедија
Димитар Влахов

Поглед на новото централно училиште во Љубојно
Поглед на новото централно училиште во Љубојно
Место
Општина: Општина Ресен
Наречено по: Димитар Влахов
Нас. место: Љубојно
Местоположба

Карта

Основни информации
Настава на: македонски
Контактни информации
Мреж. место dimitarvlahov.wordpress.com/about/

Основно училиште „Димитар Влахов“ (официјално: Основно општинско училиште „Димитар Влахов“ - Љубојно; скратено: ООУ „Димитар Влахов“) — единствено основно училиште во селото Љубојно, кое претставува централно за околните села.

Училиштето е сместено на влезот во селото, во нова училишна зграда, изградена во 1971 година.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]
Изгореното старо училиште во Љубојно
Изгореното старо училиште во Љубојно
Спомен-плочата во чест на второто училиште во слободна Македонија со настава на македонски јазик

Нема пишани документи, но според кажувањето на постарите љубојнчани, првото училиште во селото било изградено во втората половина на 19 век. Училиштето било малечко и само со две училници.

Потоа, во 1907 година, со доброволна работа на селаните, изградено е ново и просторно училиште на два ката, во близината на сретселото, а во дворот на старото училиште. Првата настава во новото училиште започнала во 1908 година, а за први учители биле назначени: Климе, Каролина и Лена, сите Македонци од Охрид, што докажува дека во крајот на 19 век во Охрид брзо напредувала писменоста.

Во текот на Првата светска војна, како и меѓу војните, училиштето во Љубојно имало повеќе намени. Така, по поделбата на Македонија, тоа било користено за болница на француските војски, за потоа во него да продефилира еден голем и различен по состав наставен кадар. Многу од нив ја обавувале својата просветителска должност, а некои биле само маша на буржуарскиот сталеж; го малтретирале македонското население, а децата ги учеле на туѓи јазици, неразбирливи за нив. Само во текот на Втората светска војна, македонските деца во Љубојно „ги учеле“: спрски, италијански, албански и бугарски „учители“.

Сите страдања, бруталности и непедагошки односи кон македонското население и невините Македончиња се окончале на 5 ноември 1944 година, со ослободувањето на Преспа од окупаторите. Престанале асимилаторските односи кон македонскиот народ од овој крај на Преспа, кон народот кој со векови трпел ропство и понижување.

По ослободувањето на 14 ноември 1944 година, за првпат во Љубојно се отворило училиште на мајчин - македонски јазик. Тоа е првото училиште на македонски јазик во Преспа, а второ во слободна Македонија, гордост на плеада интелектуалци кои го започнале своето школување на мајчин јазик.

Посебно внимание заслужуваат напорите на првите македонски учители во Љубојно, а тоа биле: Методија Јовковски, Благоја Ничевски и Јосив Кондовски од Љубојно, Филип Поповски од Долно Дупени и Фанија Чемчева од Воден, Егејска Македонија. Секако, посебно внимание и благодарност треба да им се даде и на голема група учители и наставници што ја продолжија наставната дејност во Преспа.

Подрачни училишта

[уреди | уреди извор]

Во рамките на општинското основно училиште „Димитар Влахов“ се наоѓаат и пет подрачни основни училишта од прво до петто одделение, а чии ученици подоцна наставата ја продолжуваат во средишниот објект на училиштето во селото Љубојно. Овие училишта се:

  1. Подрачно основно училиште „Димитар Влахов“ во село Долно Дупени
  2. Подрачно основно училиште „Димитар Влахов“ во село Наколец
  3. Подрачно основно училиште „Димитар Влахов“ во село Штрбово
  4. Подрачно основно училиште „Димитар Влахов“ во село Крани
  5. Подрачно основно училиште „Димитар Влахов“ во село Сливница

Галерија

[уреди | уреди извор]


  1. Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа (PDF). Скопје: Ѓурѓа. стр. 199–208. ISBN 9789989920554. Посетено на 26 ноември 2016.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]

40°53′47″N 21°8′4″E / 40.89639° СГШ; 21.13444° ИГД / 40.89639; 21.13444