Диме Туриманџовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Диме Туриманџоски – Горски (Кавадарци, 1913Кралево, Србија, 19 октомври 1945) – македонски комунист, учесник во НОБ, воен раководител.

Член е на КПЈ од 1941 година. Од 1943 година е борец на Тиквешкиот партизански одред „Добри Даскалов“, потоа е командант на баталјонот „Страшо Пинџур“, а по формирањето на Втората македонска бригада нејзин командант. Во 1944 година станал член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ и работел на теренот на Скопска Црна Гора. Бил делегат на Првото заседание на АСНОМ. Загинал во авионска несреќа кај Кралево, Србија.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопје, 2009, том 2, стр. 1518-1519.