Прејди на содржината

Ден на шегата

Од Википедија — слободната енциклопедија
Првоаприлска шега за метрото во Копенхаген

Во најразлични земји од целиот свет, Денот на шегата секоја година се слави на 1 април. Понекогаш го нарекуваат и денот на сите шегаџии. 1 Април не е национален празник, но секаде се прославува како ден кога многумина прават разни шеги и будалаштини. Овој ден го одбележува присуството на весели или други шеги, трикови и други практични шеги на различни пријатели, членови на семејството, наставници, соседи, колеги итн. Традиционално, во некои земји како Канада, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и Јужна Африка, шегите траат само до пладне и некој кој прави трикови после пладне го нарекуваат „Априли-ли-ли“ и го исмејуваат. Во други земји како Франција, Италија, Јужна Кореја, Јапонија, Русија, Холандија, Германија, Бразил, Ирска, Австралија и САД шегите траат цел ден. Во Франција и Италија децата ( и возрасните, кога е соодветно) традиционално на грбовите еден на друг си лепат риби од хартија (на француски „Poisson d’avril! “ a на италијански „Pesce d’aprile!“). Најраната врска помеѓу Први април и шегата може да се најде во Кантербериските приказни на Џефри Чосер (1932). Многу писатели претпоставиле дека зад создавањето на овој празник стои враќањето на Први јануари како Нова Година, но оваа теорија не објаснува некои поранешни тврдења.

Претходници на Денот на шегата се римскиот фестивал Хиларија[1], кој се одржувал на 25 март и средновековниот Фестивал на шегата, кој се одржувал на 28 декември и уште е ден на кој се прават шеги низ земјите во кои се зборува шпанскиот јазикОбичајот да се прават добронамерни шеги на соседите е обичај прифатен низ целиот свет[2]. Во Кантербериските приказни на Чосер (1932г), во Приказната за калуѓерката и свештеникот,пишува Syn March bigan thrittu days and two[3] После него, писателите помислиле дека тоа е грешка вопрепишување на ракописот и дека Чосер впрочем напишал, Syn March was gon.[4].

Макар што пасусот оригинално значел 32 дена после март, т.е. 2 мај,[5] годишнината од веридбата на кралот Ричард II за Ана од Бохемија, која се случила во 1381. Имено, во приказната на Чосер, лисицата (на 32 март, односно 1 април) го насамарила суетниот петел.

Во средновековието, во голем дел од европските градови Нова година се прославувала на 25 март[6] Во некои области на Франција, Нова година била празник кој траел една недела и завршувал на 1 април[7]. Некои писатели веруваат дека Денот на шегата дошол оттаму што оние кои славеле на 1 јануари им се исмевале на оние кои Нова година славеле на други датуми. Нова година почнала да се слави официјално на 1 јануари во средината на 16 век, со усвојувањето на Едиктот од Русијон во 1564.

Една од првите регистрирани првоаприлски шеги се случила во 1713 година, кога Џонатан Свифт, автор на Гуливеровите патувања, објавил дека на 1 април еден од погубените криминалци ќе се врати од мртвите за да се напие пиво во локалниот паб. Тој ден пабовите биле преполни со луѓе што дошле да го видат „мртовецот како консумира пиво“[8].

Други денови на шегата во светот

[уреди | уреди извор]

Се проценува, дека 1 април како ден на шегата го прославуваат околу 1 милијарда луѓе низ светот.

  • Иранците си прават меѓусебни шеги на тринаесеттиот ден од персиската Нова Година (Нороуз), која е на први или втори април. Овој ден кој се прославува уште од 536 година п.н.е., се нарекува Сиздах Бедар[9] и денеска е најстарата традиција за шегување во светот, овој факт предизивка многу луѓе да веруваат дека Денот на шегата потекнува од оваа традиција.
  • Традицијата на 1 Април во Франција и деловите од Канада каде се зборува француски, ( poisson d’avril )[10] е обидот да се закачи риба направена од хартија на грбот на жртвата без тој тоа да го забележи. Ова исто така е познато и кај другите народи, како во Италија, (Pesce d’aprue).
  • Во земјите каде се зборува шпански јазик, слични трикови се прават на 28 декември, на Денот на светата невиност (di de los Santos Inocentes)[11]. Тоа е ден за прославување на Масакрот на невините. Христијанското прославување е религиозен празник со свои права, но не и традицијата за трикови, иако традицијата се прави годишно. Откако некој ќе направи шега или трик некому, тој што се шегува најчесто вика : "Inocente palomita que te dejaste engañar". Во Шпанија, вообичаено е да се вели "Inocente!" (наивен). меѓутоа, на шпанскиот остров Менорка, Денот на шегата "Dia d'enganyar" ("Ден на шегата") се слави на 1 Април, бидејќи Менорка за време на еден период од XVIII век била под власта на Британците.
  • Обичајот исто така постои и во некои области на Белгија, како што е покраината Антверпен. Фламанската традиција е децата да ги заклучуваат своите родители или учители и да ги пуштат само ако има ветат дека ќе им донесат слатки истата вечер или другиот ден.
  • Во династијата Чосон во Кореја, кралското семејство и двројаните имаат дозвола на првиот снежен ден од годината да се лажат и да се меѓусебно да се шегуваат, без разлика на подреденоста. Тие полнат снег во чинии и им ги праќаат на жртвите на шегата со лажен изговор. Се сметало дека тој што ќе го добие снегот е губитник во играта и мора да му исполни желба на тој што му го пратил снегот. Бидејќи триковите не се однапред планирани, тие се безопасни и често биле правени како добродетелство за кралските слуги.
  • Во Полска, prima aprilus, (1 Април на латински јазик), е ден полн со шеги, луѓето, медиумите и дури јавните институции прават разни измами. Но најчесто се избегнуваатс сериозни активности. Ова верување е толку силно што противтурскиот сојуз со Леополд 1, 1 април 1693 година го вратиле на 31 март.
  • Во Шкотска, Денот на шегата традиционално се нарекува Hunt-the-gowk day (лов на глупавиот), иако ова име повеќе не се употребува. Традиционалниот трик е да замолиш некој да испрати запечатена порака, со која се бара некаква помош. Всушност, пораката се чита „"Dinna laugh, dinna smile. Hunt the gowk another mile".. примачот на пораката, откако ќе ја прочита, ќе објасни дека може да помогне само ако прв стапи во контакт со друго лице и ја праќа жртвата на друга личност со истата орака, со истиот резултат.
  • Во Данска, 1 мај е познат како Maj-kat, што значи „мачка во мај“, и исто така е ден за шегување.
  • 1 мај во Шведска исто така се слави како друга можност за ден на шегата. Кога некој во Шведска ќе биде излажан, за да се покаже дека било шега, будалиот за шегата на 1 Април римува "April April din dumma sill, jag kan lura dig vart jag vill" и "Maj maj måne, jag kan lura dig till Skåne" за шегата на 1 мај. И Данците и Швеѓаните го прославуваат Денот на шегата, (на дански: aprilsnar). Триковите на 1 мај се поретки. Голем дел од шведската медиумски вести, објавуваат само една лажна приказна на 1 Април, за весниците тоа е статија на првата страна, но не и главен наслов.
  • Холанѓаните имаат традиција на лажење на 1 април: весниците се натпреваруваат да објават ексклузивни вести, на пример, за доаѓањето на некои светски државници во тој град, или за болести, за експерименти во атомистиката итн.
  • Во Македонија исто така се слави овој празник, дечињата се маскираат во градинките и училиштата, се одржуваат маскенбали на плоштадите во градовите низ државата, сите се весели, се смеат, кажуваат шеги и лаги. И возрасните во последните години организираат маскенбали по кафулињата и дискотеките и се одбираат најиновативни маски[8].

Библиографија

[уреди | уреди извор]
  • Wainwright, Martin (2007). The Guardian Book of April Fool's Day. Aurum. ISBN 1-84513-155-X
  • * Dundes, Alan (1988). „April Fool and April Fish: Towards a Theory of Ritual Pranks“. Etnofoor. 1 (1): 4–14. JSTOR 25757645.
  1. „Origins of April Fools Day“. Посетено на 2017-10-03.
  2. Bonner, John; Curtis, George William; Alden, Henry Mills; Samuel Stillman Conant; John Foord; Montgomery Schuyler; John Kendrick Bangs; Richard Harding Davis; Carl Schurz; George Brinton McClellan Harvey; Henry Loomis Nelson; Norman Hapgood (1908). Harper's Weekly. Harper's Magazine Company. стр. 6.
  3. The Canterbury Tales, "The Nun's Priest's Tale" - "Chaucer in the Twenty-First Century", University of Maine at Machias, September 21, 2007
  4. Carol Poster, Richard J. Utz, Disputatio: an international transdisciplinary journal of the late middle ages, Volume 2, pp. 16–17 (1997).
  5. Boese, Alex (2008) "April Fools Day – Origin" Museum of Hoaxes
  6. Groves, Marsha, Manners and Customs in the Middle Ages, p. 27 (2005).
  7. „April Fools' Day“. Encyclopædia Britannica. Посетено на April 4, 2013.
  8. 8,0 8,1 д-р Милевски, Ивица (1 април 2015). „1ви април – денот на шегата и неговото одбележување низ светот“. ИГЕО-ПОРТАЛ. Посетено на 2017-10-03.
  9. „April Fools Day in Iran - Origin and History of Sizdah Bedar in Iran - Sizdah Bedar Date Iran“. www.fundootimes.com (англиски). Посетено на 2017-10-03.
  10. „Mais d'où vient le poisson d'avril ?“. FIGARO (француски). 2017-04-01. Посетено на 2017-10-03.
  11. „All fools day in Andalucia | Día de los Santos Inocentes | Andalucia.com“. www.andalucia.com (англиски). Посетено на 2017-10-03.