Делиблатско Песочиште

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Делиблатско Песочиште
Deliblatska peščara 004.JPG
Делиблатското Песочиште
Највисока точка
Надм. вис.198 м
Координати44°53′01″N 21°05′33″E / 44.88361° N; 21.09250° E / 44.88361; 21.09250Координати: 44°53′01″N 21°05′33″E / 44.88361° N; 21.09250° E / 44.88361; 21.09250
Географија

Делиблатско Песочиште (српски: Делиблатска пешчара) или Банатски Песок (српски: Банатски песак) – единствено песочиште во Европа, сместено во во јужен Банат, југоисточна Војводина, Србија.

Оваа област распослана на површина од околу 300 км2, чии главни песочни маси се со елипсовиден облик, опкружени со плодни лесни земјоделски површини, се протега меѓу Дунав и југозападните падини на Карпатите.

Овој споменик на историјата на природата на Панонската Низина, едно е од ретките прибежишта за многу специфични видови флора и фауна, кои во европски и светски рамки претставуваат природни реткости. Песочиштето претставува геоморфолошки и еколошко-биогеографска појава не само на Панонската Низина, туку и на цела Европа. За специјален резерват на природата „Делиблатско Песочиште“ е прогласен во 1977 година.

Географија[уреди | уреди извор]

Специјалниот резерват на природата се простира на површини од 34.829 хектара во четири општини: Ковин, Алибунар, Бела Црква и Вршац. На резерватот му припаѓа и Ада Жилава (92 хектари) и дел од акваторијата на Дунав. Се простира на север од Дунав, во правец југоисток-северозапад, околу 35 км во должина и околу 9 до 12 км во ширина. Релјефот настанал на лесна брановите зарамнина со нанесување на слоеви песок и наноси од Дунав и околните реки кои потоа со делувањето на ветрот (кошава) обликувале дини. Највисоки врвови се Плуц (198 м) и Црн Врв (Црни врх) (192 м). Дебелината на песокот се движи од 5 до 30 метра во ниските песоци кои се најблиски до Дунав и каде надморските висини се меѓу 75 и 85 метри, па сè до 20 до 100 метра во областите на високи песоци каде надморските висини се од 100 до 135 метра.

Жив свет[уреди | уреди извор]

Богатството на флората на ова подрачје се гледа во постоењето на околу 900 вида виши растенија, од кои многу се реликти и раритети, како и видови чија распространетост е ограничена на Панонската Низина. Единствено овде, во однос на цела Србија, се наоѓаат: банатски божур, степски божур, Панчиќев пелен, шерпет и Дегенова коцкавица. Своето живеалиште овде го „нашле“ и 20 вида орхидеи. Делиблатското Песочиште во вегетациска смисла се мешавина на степа и шумо-степа, која се одликува со мозаик на тревни, жбунести и шумски живеалишта.

Заради присуството на голем број видови птици, од кои многу се ретки и загрозени, ова подрачје е класифицирано во најзначајните живеалишта на птици во Европа – подрачје ИБА. Од групата грабливци, кои се најзагрозени птици, застапени се видови како што се: банатски сокол, орел крсташ и орел кликташ. Нивното појавување е условено со пасиштата и присуството на стоболката , која претставува основа за нивната исхрана. Од животинското царство на Делиблатското Песочиште присутни се: волк, елен, срна и дива свиња.

Природните карактеристики и единственоста на овој крај го прават погоден за рекреација, лов и риболов, наутички туризам, а пред сè еколошки туризам. Со цел заштита на ова подрачје, Делиблатското Песочиште е прогласено за специјален резерват на природата.

Од 2002 г. Делиблатското Песочиште се наоѓаат на прелиминарниот список на Унеско како подрачје со исклучителни природни вредности.

Ловиште[уреди | уреди извор]

Ловиштето „Делиблатско Песочиште“ се наоѓа на површина од 33.610 хектари од кои 1.850 хектари се оградени. Ловиштето се наоѓа во рамки на Јавното претпријатие Војводински шуми со кое управува шумското претпријатие Банат Панчево.

Од крупниот дивеч може да се ловат елени, диви свињи и срни, а од ситниот, диви пајки и диви гуски.

Ловиштето се наоѓа во Јужен Банат и опкружено е со три реки Дунав, Тамиш и Караш. Југоисточниот дел на ловиштето во должина од седум километри е покрај Дунав - Драгиќев Хат, зафаќа површина од 1.850 хектари и е оспособено како ловно-одгледувачки центар.

Занимливости[уреди | уреди извор]

  • Најголем дел од филмотНајвећи део радње филма „Кој тоа таму пее“ сниман е во Делиблатското Песочиште. Тука е сниман и филмот „Бој на Косово“.[1]
  • Делиблатското Песочиште е традиционално одредиште на преселните пчелари од цела Србија кои го користат богатата багремова шума за пчелна паша, а потоа преоѓаат на просторите под липа каде продолжуваат медобер. Багремовиот и липовиот мед од Делиблатското Песочиште се многу ценети.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]