Дарвел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Координати: 55°36′36″ N; 4°16′51″ W / 55.610035° N; 4.280882° W / 55.610035; -4.280882
Дарвел
Dervel, The Lang Toun
[[file:Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 59: Unable to find the specified location map definition. Neither "Модул:Location map/data/Единбург" nor "Шаблон:Location map Единбург" exists|240px|Дарвел is located in Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 59: Unable to find the specified location map definition. Neither "Модул:Location map/data/Единбург" nor "Шаблон:Location map Единбург" exists]]<div style="position: absolute; z-index: 2; top: Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „[“%; left: Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „[“%; height: 0; width: 0; margin: 0; padding: 0;"><div style="position: relative; text-align: center; left: -Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „[“px; top: -Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „[“px; width: Предлошка:ПолКарта Единбургpx; font-size: Предлошка:ПолКарта Единбургpx; line-height: 0; z-index:100;" title="">[[File:Предлошка:ПолКарта Единбург|Предлошка:ПолКарта ЕдинбургxПредлошка:ПолКарта Единбургpx|Дарвел|link=|alt=]]
Дарвел

Дарвел во рамките на Шкотска
Население 3.361 [1] (Попис 2001)
проц. 3.620[2] (2006)
Мреж. реф. NS564375
Општинско подрачје Источен Еаршир
Намесништво Еаршир
Земја Шкотска
Суверена држава Обединето Кралство
Пошт. град DARVEL
Поштенска област KA17
Повикувачки број 01560
Полиција  
Пожарна  
Итна помош  
ЕУ парламент
Брит. парламент Килмарнок и Лаудон
Шкотски парламент Килмарнок и Лаудон
Централна Шкотска
Список на места: ОК • Шкотска •


Дарвел (англиски: Darvel, Дервал за мештаните) е мало гратче во Источен Еаршир, Шкотска, со 3361 жители. Се наоѓа на источниот крај на долината Ирвајн.

Градското мото е на латински и гласи Non sibi sed cunctis, што значи „Не за себе, туку за другите“.

Локација[уреди | уреди извор]

Карта на Дарвел од 1832

Дарвел е сместен на патот А71 кој оди од Ирвајн на западниот брег до Единбург на исток. Градот се наоѓа на околу 14 километри (9 милји) источно од Килмарнок и е најисточниот град во долината, другите се Халфорд, Галстон и Њумилнс.

Градот порано беше поврзан и со Стоунхаус, Јужен Ланаркшир (преку Стратхејвен) со железница. Но линијата беше укината во 1964. Поголем дел од пругата сѐ уште стои, но делови од шините се отстранети а мостовите се срушени. Постоеше голем виадукт на исток од Дарвел, кон ридот Лудан Хил, врз кој беше поставена пругата која поминуваше низ долината. Сепак тој беше срушен во 1986, и се останати само столбовите.

Реката Ирвајн тече низ градот и порано се користел за погон на градските мелници.

Историја[уреди | уреди извор]

Иако за модерниот град Дарвел се тврди дека е основан во доцниот 18 век, пронајдени се неколку Римски населби на подножјето на ридот Лудан Хил.

Вилијам Волис, шкотскиот борец за независност, бил поврзуван со областа. Поетот од 15 век Слепиот Хари напишал дека Волис и неговите соборци поразиле англиска војска кај ридот во 1296 за време на Шкотските војни за независност. Слепиот Хари раскажал и за тоа како англискиот војсководец Фенвик, кој наводно го убил татко му на Волис, бил убиен во битката. На картите од околината, малото ридче источно од Лудан Хил е обележано како 'Гробот на Волис'. На истото место на 10 мај, 1307 помеѓу Роберт Брус и англичаните.

Земјиштето на кое се наоѓа Дарвел било во сопственост на Лордовите од Лудан, Џон Кембел, четвртиот Ерл од Лудан го основал модерниот Дарвел во 1754. До 1780, населението изнесувало околу 400.

Во 1876, уметноста на правење чипка била воведена во Дарвел и биле изградени многу фабрики за да се задоволи побарувачката. Многу фабрики морале да бидат затворени во почетокот на 20 век кога опаднала продажбата.

Мостот Лонад потокот Глен Вотер во близина на Дарвел. 2007.

Уште една знаменитост во градот е единствениот телефонски музеј, што работи 24 часа дневно, во Шкотска. Со него раководи пензионираниот инженер Макс Флемич. Во Дарвел има два локални фудбалски тимови. Дарвел ФК, младински (полупрофесионален) тим, кој игра во ерширската Младинска лига и Дарвел Викторија, локалниот аматерски тим, кој своите натпревари ги игра во спортскиот центар Гавин Хамилтон.

Главни атракции[уреди | уреди извор]

Во градот има градско собрание, спортски центар („Гавин Хамилтон“), и два парка (Киркланд Парк и Мортон Парк). Стариот стадион на Дарвел ФК е сега во сопственост на Дарвел јуниори. Има терени и во Мортон Парк и во спортскиот центар, на кои своите натпревари ги игра Дарвел Викторија.

Споменици[уреди | уреди извор]

Воени Споменици
Воениот Споменик на Дарвел се наоѓа на плоштадот Хејстингс Сквер во центарот на градот. Споменикот е обелиск од светло сив гранит со квадратна основа. Источната страна е мазна и има напишано само 1914-18 на дното. Западната страна е слична но на неа пишува 1939-45 на дното. На северната страна има еден крст на врвот со бронзен ловоров венец под него.
Кон основата на обелискот пишува:

За сеќавање на оние
Кои ги дадоа своите животи
Животна жртва

Потоа има 5 колони со имиња на бронзена основа.
На јушната страна имињата се напишани директно на каменот во две колони.
Александар Флеминг
Александар Флеминг, човекот кој го открил пеницилинот е роден во Лочфилд во близината на Дарвел на 6 август 1881. Има споменик за комеморација на овој настан. Се наоѓа на плоштадот Хејстингс Сквер.
Споменик за САС
Во Дарвел им споменик подигнат во чест на војницитеи офицерите од САС (Специјална Воздухопловна Служба) Дивизијата кои, под команда на Полковникот Р. Б. Мејн, кои, биле стационирани во Дарвел во првата половина на 1944. Споменикот – кој се наоѓа на Брн Роуд, е во форма на конусен куп од камења со плоча од црн гранит на која пишува:

Посветено на
војниците и офицерите од 1та Дивизија на Специјалната Воздухоплвна Служба
Стационирана во Дарвел во 1944
Командант
Полковник Р. Б. Мејн
Легија на Честа, Крст на Војната
ПОЛ. ПЕДИ

Споменикот беше откриен на 2 ноември, 2001. Некои од припадниците на САС присуствуваа на церемонијата на откривањето.

Познати жители[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Компаративен профил на населението: месност Дарвел“. Шкотска - пописни резултати. 29 април 2009. Посетено на 1 септември 2008.
  2. http://www.gro-scotland.gov.uk/statistics/publications-and-data

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: Erioll world.svg 55°36′56″N, 4°17′51″W