Прејди на содржината

Горе во воздухот

Од Википедија — слободната енциклопедија
„Горе во воздухот (Up in the Air)“
Официјален постер
РежисерЏејсон Реитман
ПродуцентИван Реитман
Џејсон Реитман
СценаристШелдон Тарнер и Џејсон Реитман(сценарио)
Валтер Кирн (книга)
Главни улогиЏорџ Клуни
Вера Фармига
Ана Кендрик
Софија Лорен
Жанрдрама
МузикаРолф Кент
ДистрибутерParamount Pictures
Премиера5 декември 2009 САД
19 февруари 2010Македонија Македонија
Времетраење109 мин.
Земја САД
Јазиканглиски
Буџет$25,000,000[1][2]
Бруто заработка$97,231,359

Горе во воздухот (англиски: Up in the Air) е американски драмафилм од 2009 година. Филмот е режиран од Џејсон Реитман, кој пред две години се појавил со драмата Џуно. Овој филм е адаптација на истоимената книга од 2001 година. Поради својата тематика, филмот е снимен на разни места како Лас Вегас, Детроит, Невада, Мајами, Мичиген, Омаха.

Повеќе критичари и филмски фестивали го прогласиле филмот како еден од најдобрите за 2009 година и тој имал шест номинации за „Златен Глобус“ и „Оскар“. Премиерата на филмот во Македонија е одржала на 19 февруари 2010 година.

Кратка содржина

[уреди | уреди извор]

Рајан Бингем (Џорџ Клуни), е типичен вработен човек кој патува со авион од град во град, а неговата работа е да отпушта луѓе. Својот живот Рајан го поминува на американските аеродроми, хотели и изнајмени автомобили. Сè што него му треба, е внатре во патната торба на тркала. Тој е елитен корисник на секоја патничка програма која ги наградува своите корисници и она што сите го сакаат е да го достигнат бројот од 10 милиони наградни милји. Меѓутоа, во животот на Рајан не постои ништо со нешто што тој е навистина поврзан.

Кога неговата работа ќе ја заинтересира сопатничката Алекс, шефот на Рајан, под влијание на младата Натали, го известува дека е крај на неговото патување. Соочен со можноста за трајно „приземјување“ кое истовремено делува и застрашувачки и привлечно, Рајан почнува да размислува за тоа како би било навистина да има дом.[3][4]

  1. Abramowitz, Rachel (2009-11-29). „Jason Reitman firmly at the controls in 'Up in the Air'. Los Angeles Times. Посетено на 2009-11-29.
  2. Schuker, Lauren A.E. (2009-11-27). „Director Jason Reitman on 'Up in the Air'. Wall Street Journal. Посетено на 2009-11-29.
  3. Антена, број 865, 23.1.2015, стр. 16.
  4. Антена, број 866, 30.1.2015, стр. 14.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]