Џуно (филм)
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Џуно (Juno) | |
|---|---|
| Режисер | Џејсон Реитман |
| Продуцент | Џон Малкович |
| Сценарист | Диабло Коди |
| Главни улоги | Елен Пејџ Мајкл Цера Џенифер Гарнер Џејсон Беитмен Оливија Трибли |
| Жанр | драма, комедија, |
| Музика | Матео Месина |
| Дистрибутер | Fox Searchlight |
| Премиера | 5 декември 2007 |
| Земја | |
| Јазик | англиски |
| Буџет | $6.5,000,00 |
| Бруто-заработка | $156,251,583 |
„Џуно“ (англиски: Juno) е мелодраматичен филм од 2007 г. Филмот е американска режирана од Џејсон Реитман. Приказната е за 16 годишно девојче кое останува непланирано бремена од нејзиниот најдобар другар. Филмот е номиниран во 3 категории за Оскар, а исто така имаше и 3 номинации за Златен глобус.
| Глумци | Ликови |
|---|---|
| Елен Пејџ | Џуно МекГаф |
| Мајкл Цера | Поли Бликер |
| Џенифер Гарнер | Ванеса Лоринг |
| Џејсон Беитмен | Марк Лоринг |
| Алисон Џени | Брен МекГаф |
| Џ.К Симонс | Мек МекГаф |
| Оливија Трибли | Леа |
Филмот имал голем позитивен критички прием, и доспеа во топ листите на многу критичари за најдобри филмови за 2007 година. Филмот освоил Оскар за најдобро оригинално сценарио а имал уште три други номинации. Истовремено, „Џуно“ имал и финансиски успех, па го повратил буџетот од 6,5 милиони долари за само 20 денови, а вкупно има заработено 21 пати повеќе од буџетот само во Северна Америка.
Заплет
[уреди | уреди извор]Џуно Мекгаф (Елен Пејџ) е 16 годишна средношколка од Минесота. Таа открива дека е девет недели бремена со дете од нејзиниот обожавател и пријател Поли Бликер (Мајкл Цера). И покрај тоа што првично се определува за абортус, во последен момент се предомислува и прави планови за посвојување на детето. Со помош на нејзината пријателка Леа, Џуно пребарува по Пенисејвер (огласник) и наоѓа пар за кој мисли дека може да обезбеди соодветен дом. Заедно со нејзиниот татко, Мек, Џуно се запознава со парот, Марк и Ванеса Лоринг (Џејсон Бејтман и Џенифер Гарнер), во нивниот ексклузивен дом и ги финализира подготовките за затворено посвојување.
|