Ганимед (митологија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ганимед, биста, 2 век од н.е., Лувр

Во старогрчката митологија, Ганимед е божествен херој кој ѝ го дал името на Троја во кој Зевс се заљубил. Хомер го опишува Ганимед како најубавиот од смртниците. Тој бил син на Трос од Дарданија, од чие име го извел името "Троја", и на Калирхо. Неговите браќа биле Илус и Асаракус. Во една верзија на митот, тој е киднапиран од страна на Зевс, во форма на орел, за да служи како виночерпец во Олимп. Во поезијата, Ганимед стана симбол за убаво младо момче кое предизвикува страст и љубов и кај жените и кај мажите.

Меѓу ѕвездите[уреди | уреди извор]

Љубовта кон генимед Зевс ја реализирал така што го, претворен во орел, грабнал од тројанската рамница. Постои и предание дека од Троја го одвела Еоја, која што го завела, и дека Зевс го преотел од неа. Кога бил поставен за пехарник Хера се жалела дека со тоа била нанесена увреда и на неа и на нејзината ќерка Хеба која до тогаш ги послужувала боговите со вино, но со тоа успеала само да го налити Зевс, кој тогаш го поставил ликот на Ганимед меѓу ѕвездите како Водолија.[1]

Ганимед како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Ганимед се јавува како тема во делата од уметноста и популарната култура, како:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Robert Grevs, Grčki mitovi, Nolit, Beograd, 1992, str. 104.
  2. Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 22-23.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]