Гал Гадот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Гал Гадот
Гадот во 2016 година
Роден(а)30 април 1985 (1985-04-30) (35 г.)
Петах Тиква, Израел
ДржавјанствоИзраел Израелско
Занимање
  • глумица
  • модел
Активен период2004–сè уште
Висина1.78 м[1]
СопружникЈарон Варсано (в. 2008)
Деца2
НаградиМис на Израел (2004)
Страница
galgadot.com

Гал Гадот-Варсано[2] (хебрејски: גל גדות;[3] родена на 30 април 1985 г.)[4] — израелска глумица и модел.

Таа главно е позната по играњето на улогата на Вондер вуман во суперхеројските филмови Бетмен против Супермен: Зора на правдата (2016), истоимениот филм Вондер вуман (2017) и Лига на правдата (2017).[5][6] Таа исто така ја играла улогата на Жизел Јашар во три филмови од филмската франшиза Брзи и бесни.

Гадот е родена и израсната во Израел. На 18-годишна возраст таа била прогласена за Мис на Израел за 2004 година. Таа потоа служела две години воен рок во израелските одбранбени сили како инструктор за борби. Пред да започне да се занимава со манекенство и глума, таа студирала на колеџот ИДЦ Херцлија.[7]

Ран живот[уреди | уреди извор]

Гал Гадот е родена во Петах Тиква и израснала во соседниот град Рош ха Аин.[8] На хебрејски јазик, нејзиното име означува „бран“, а нејзиното презиме значи „речен брег“.[9] Нејзините родители се Ирит, учителка, и Михаел Гадот, инжењер. Нејзините родители биле родени во Израел, и пред да го променат презимето се презивале „Гринштајн“.[10][11] Нејзиниот татко е шеста генерација Израелци.[12] Нејзините баба и дедо од страна на мајка ѝ биле родени во Европа; нејзиниот дедо, кој бил притворен во концентрациониот камп Аушвиц, го преживеал Холокаустот, а нејзината баба избегала пред нацистичката инвазија.[12][13][14] Гадот изјавила дека таа била одгледана во „многу еврејскa, израелскa семејнa средина“. Таа влече полско-еврејски, австриско-еврејски, германско-еврејски и чешко-еврејски корени.[15] Таа има помлада сестра, Дана.[16]

Нејзин главен предмет во средното образование бил биологија. Таа вели дека како средношколка била добра во кошарка поради нејзината височина.[1] Како тинејџерка, Гадот работела како дадилка и работела во Бургер Кинг.[17] Гадот студирала право и меѓународни односи на колеџот ИДЦ Херцлија.[1][18]

Воен рок[уреди | уреди извор]

Гадот служела две години воен рок како војник во израелските одбранбени сили како инструктор за борби.[19] За своето време поминато во војска таа изјавила: „Даваш две-три години, и не се работи за тебе. Учиш дисциплина и почит.“[20] Таа изјавила дека нејзиното минато ѝ помогнало да ја добие улогата на Жизел во Брзи и бесни 4: „Мислам главна причина беше дека на режисерот Џастин Лин му се допадна тоа што служев во војска, и тој сакаше да го искористи моето знаење за оружјето.“[21]

Личен живот[уреди | уреди извор]

Гадот се венчала со израелскиот стопанственик Јарон Варсано во 2008 година.[22] Тие имаат две ќерки, Алма (родена 2011 година) и Маја (родена 2017 година).[23][24][25] До 2015 година, парот поседувал луксузен хотел во Тел Авив, кој го продале на рускиот стопанственик Роман Абрамович за 26 милиони долари.[26]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Сиван Кадми (April 1, 2010). "גל גדות" [Gal Gadot] (хебрејски). Ynet.
  2. "גל גדות על פרשת אופק בוכריס: "איפה הצדק?"".
  3. IMAX (May 15, 2017). "Wonder Woman: Gal Gadot and Chris Pine" – преку YouTube.
  4. "Gal Gadot". AllMovie.com. Посетено на January 20, 2016.
  5. Мајк Флеминг (December 4, 2013). "Emerging Star Gal Gadot Set For Wonder Woman In 'Batman Vs. Superman'". Deadline.com. Посетено на December 4, 2013.
  6. "Gal Gadot to Play Wonder Woman in 'Batman vs. Superman'". Variety. December 4, 2013. Посетено на December 4, 2013.
  7. Кејти Вивер. "Gal Gadot Kicks Ass". GQ Magazine. Посетено на November 15, 2017.
  8. "Chatting With 'Fast Five' Star Gal Gadot". The Forward. May 2, 2011. Посетено на September 7, 2013.
  9. Авшалом Халутц (December 6, 2013). "Who is Gal Gadot, Hollywood's next Wonder Woman?". Haaretz. Посетено на January 4, 2014.
  10. Беки Скот (May 30, 2017). "Have You Been Pronouncing Gal Gadot Wrong?". The Forward.
  11. "Instagram post by Gal Gadot • May 29, 2017 at 8:37pm UTC". Instagram.
  12. 12,0 12,1 Алекс Морис (August 24, 2017). "Gal Gadot on Becoming Wonder Woman, the Biggest Action Hero of the Year". Rolling Stone.
  13. "יום השואה: מפורסמים משתפים בזכרון אישי – וואלה! סלבס" (хебрејски).
  14. "מס' 16: גל גדות" (хебрејски). Ynet. February 9, 2004.
  15. "Entertainment | Features And Reviews". TotallyJewish.com. Архивирано од изворникот на December 12, 2013. Посетено на September 7, 2013.
  16. Брендан Мороу (June 1, 2017). "Gal Gadot's Family: 5 Fast Facts You Need to Know". Heavy.com. Архивирано од изворникот на January 16, 2018.
  17. "Living in Los Angeles, Actress Gal Gadot Says She Misses Israeli 'Chutzpah'". Algemeiner.com.
  18. Лин Хиршберг. "Gal Gadot Listened to Beyoncé to Prepare for Her Wonder Woman Audition".
  19. "Gal Gadot is Wonder Woman: 'She is Not Relying on a Man, and She's Not There Because of a Love Story". Glamour. March 2016.
  20. "סופר־גירל – ידיעות אחרונות" (хебрејски). Yediot.co.il. March 22, 2016. Посетено на October 22, 2016.
  21. Chatting With 'Fast Five' Star Gal Gadot, Курт Шлејер, 2 мај 2011
  22. Сара Вилкомерсон. "Gal Gadot Is Wonder Woman: "She Is Not Relying on a Man, and She's Not There Because of a Love Story"". Glamour (англиски). Посетено на 18 January 2018. Не се допушта закосување или задебелување во: |website= (help)
  23. Wonderwall.com Editors (July 26, 2016). "Gal Gadot daughter Alma Varsano – Gal Gadot Wonder Woman things to know | Gallery". Wonderwall.com. Посетено на October 22, 2016.
  24. "Wonder Woman Gal Gadot: My Daughter Made Me Appreciate the Importance of Female Superheroes". The Hollywood Reporter. March 15, 2016. Посетено на October 22, 2016.
  25. "And then we were four". Twitter. March 20, 2017. Посетено на March 20, 2017.
  26. Шломит Цур (13 април 2015). "Roman Abramovich buys Tel Aviv hotel" Archived јули 10, 2015 at the Wayback Machine Globes

Надворешни врски[уреди | уреди извор]