Галерија на старите мајстори
Галеријата на старите мајстори (германски: Gemäldegalerie Alte Meister) — уметничка галерија сместена во крило на дворецот Цвингер во Дрезден, Германија. Галеријата е во здание на истакнатиот архитект Готфрид Земпер и има преку 700 слики од старите мајстори од ренесансата до барокот, собирани од изборните кнезови на Саксонија Август II и неговиот син, Август III во првата половина на XVIII век. Во 1746 Август III донел 100 слики од кај војводата на Модена, Франческо III. Во 2007 галеријата лансирала презентација во виртуелниот свет Втор Живот со сите слики од Цвингер.
Галеријата е дел од Државната уметничка збирка Дрезден во сопственост на Слободната Држава Саксонија.
Застапени уметници
[уреди | уреди извор]Галеријата содржи важни дела од италијански ренесансни сликари Рафаел, Џорџоне и Тицијан. Има и значајни маниристички и барокни дела, како и холандски дела од XVIII век, од Рембрант и неговите следбеници, како и фламански дела од Рубенс, Јорданс и ван Дајк.
- Италијанци
- Холанѓани
- Рембрант и некои негови следбеници
- Германци
- Фламанци
- Австрици
- Шпанци
- Французи
- Грци
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Мрежно место на галеријата Архивирано на 15 октомври 2008 г. (англиски) (германски)
|