Ханс Холбајн Постариот

Ханс Холбајн Постариот (герм. Hans Holbein der Ältere) (~ 1460 – 1524) е германски ренесансен сликар.[1]
Роден е во Аугсбург, Баварија, а умрел во Изенхајм. Тој и брат му Зигисмунд Холбајн сликале верски дела во доцноготски стил. Ханс Постариот бил пионер и водач во преобразбата на германската уметност од готскиот во ренесансен стил.
Работел и во дрворез и илустрирал книги. Едно од неговите најпознати дела на ова поле е серијата за книгата Пофалба на глупоста од Еразмо Ротердамски.
Неговите синови Ханс Холбајн Помладиот и Амброзиј Холбајн почнале да учат сликарство прво кај него.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Hans Holbein“. Католичка енциклопедија. Посетено на 18 февруари 2007.
Поврзано[уреди | уреди извор]
![]() |
„Ханс Холбајн Постариот“ на Ризницата ? |
|