Вопер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вопер

Вопер (англиски: Whopper) — хамбургер, главен производ на американскиот ланец за брза храна Бургер кинг. Првпат воведен во 1957 г., рецептот на воперот е сменет неколкупати. Заедно со бигмекот на Мекдоналдс, воперот е еден од најпознатите хамбургери во индустријата за брза храна. Бургер кинг продава неколку варијанти на вопери, различни по големина, тежина и содржина на калории, како и посебни разновидности за да одговараат на месните кулинарски или верски традиции.

„Вопер“ во дијалектна употреба може да значи и „вампир“.[1][2]

Опис[уреди | уреди извор]

Стандардниот вопер е хамбургер со 113,4 грама (¼ американска фунта) говедско месо на скара, леб со сусам, мајонез, марула, сечкани домати и кисели краставички, кечап и сечкан кромид. Дополнителни изборни состојки вклучуваат крем-сирење, сланина, сенф и пиперка халапењо. Во некои земји се достапни и BBQ-сосови, салса и гвакамоле. Покрај тоа, на барање на гостинот, Бургер кинг на воперот му додава кој било од зачините што се продаваат во овој ресторан.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „вопер“Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
  2. „вопер“Дигитален речник на македонскиот јазик
  3. „Burger King“. www.burgerking.co.uk (англиски). Посетено на 2024-05-17.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]