Винфрид Георг Зебалд

Од Википедија — слободната енциклопедија

Винфрид Георг Зебалд (1944 - 2001) - германски писател и академик.

Биографија[уреди | уреди извор]

Зебалд се родил во Вертах, студирал германистика на Фрајбуршкиот универзитет, како и на Фрибуршкиот универзитет во Швајцарија. Во 1966 година емигрира во Англија, каде што во 1973 година докторира со дисертација за Даблин. Неговата хабилитација проследува 1986 година на универзитетот во Хамбург. Во 1989 година В. Г. Зебалд го основа Британскиот центар за книжевен превод на универзитетот на Источна Англија во Норвич. Од крајот на 80-сетите години се појавува неговото книжевно дело, кое на почетокот одвај да се восприема во Германија, за разлика од Англија, Америка и Франција, каде што е номиниран за Нобелова награда. Во 1996 година В. Г. Зебалд е примен во Германската Академија за јазик и поезија, во 1998 година во Баварската Академија за фини уметности. Зебалд се заложува за германистиката во Велика Британија и за посредување на германската книжевност во англиско говорно подрачје. Во 2011 година го загуби животот во една сообраќајна несреќа недалеку од неговото живеалиште.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Зебалд, В. Г.“. macedonian.traduki.eu. Архивирано од изворникот на 2023-01-23. Посетено на 2019-04-02.