Прејди на содржината

Вила Медичи (Фјезоле)

Координати: 43°45′11″N 11°13′02″E / 43.7530° СГШ; 11.2171° ИГД / 43.7530; 11.2171
Од Википедија — слободната енциклопедија
Вила Медичи во Фјезоле
Карта
Општи податоци
МестоФјезоле
ГрадФиренца
ЗемјаИталија
Координати43°45′11″N 11°13′02″E / 43.7530° СГШ; 11.2171° ИГД / 43.7530; 11.2171
Почната1451
Завршена1457
Портал
http://www.villamedicifiesole.it/

Вила Медичи во Фјезоле (италијански: Villa Medici, Fiesole) — патрициска вила во Тоскана, една од најстарите вили изградена од семејството Медичи помеѓу 1451 и 1457 година. Таа е една од најраните ренесансни градби со градина и една од најдобро зачуваните, но и најмалку познатите.

Историја

[уреди | уреди извор]

Вилата ја изградил Козимо де Медичи Постариот за неговиот син Џовани (Џовани де Медичи, 1421-1463), според проект на Микелоцо ди Бартоломео. Со намера да биде место за интелектуален живот, а помалку куќа за работа, вилата е изградена за да ги покаже естетските и идеолошките вредности. Вилата му ја должи својата слава на Лоренцо де Медичи, познат и како Лоренцо ил Мањифико, кој ја наследил по смртта на неговиот вујко во 1469 година. Новиот мајстор го претвора во место за средба на уметници, филозофи и луѓе од перо како Фичино, Мирандола и Полицијано. Четириаголната зграда е типична за 15 век со прозорци изработени од песочник (pietra serena) и широки лоѓии кои нудат поглед на околината. Вилата останала во сопственост на семејството Медичи до 1671 година.

Додека повеќето вили од тоа раздобје, како Кафаџоло и Требија, се наоѓаат во средиштетот на земјоделските површини, вилата во Фјезоле нема допир со животот на земјоделскиот имот. Орографската положба на вилата на падината го наметнала решението на градината на три тераси.

Горната тераса, на крајот од авенијата со редица чемпреси кои минуваат низ шума прнари (Quercus ilex L.), има голем правоаголен тревник со саксиски лимони и старо дрво пауловнија. Вилата со пијано нобиле има поглед на овој дел од градината. Од спротивната страна на вилата, од страната на влезот, се наоѓа оранжерија за чување лимони во текот на зимата.

Средната тераса се гледа од задниот дел на зградата и до неа се стигнува по затворени скали. Ова е тајната градина ((giardino segreto). Овој многу изменет дел од градината има цветни леи обрабени со режана зеленика и фонтана во средиштетото засенчена од големи магнолии (Magnolia grandiflora L.).

Третата тераса ја изградиле помеѓу 1911 и 1923 година Сесил Пинсент (Cecil Pinsent, 1884-1963) британски хортикултурист и архитект и Џефри Скот (Geoffrey Scott, 1884-1929) англиски архитектонски историчар во италијански стил со фина пергола на половина пат помеѓу двете нивоа. Оваа тераса е речиси усогласена по должина со првата тераса, но е пониска од неа за 11-12 м.

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Gothein, ML (1928): Историја на градинарската уметност. JM Dent and Sons, Лондон и Торонто
  • Turner, T. (2005): Историја на градината: филозофија и дизајн 2000 п.н.е. - 2000 н.е. Њујорк
  • Грбиќ, М. (2015): Историја на градинарска уметност. Универзитетот во Белград. Белград.ISBN 978-86-7299-227-4