Виктор Јанукович

Од Википедија — слободната енциклопедија
Виктор Јанукович
Віктор Янукович
Претседател на Украина
На должноста
Стапил
25 февруари 2010 - 22 февруари 2014
Премиер Јулија Тимошенко
Претходник Виктор Јушченко
Премиер на Украина
На должноста
21 ноември 2002 – 7 декември 2004
Претседател Леонид Кучма
Претходник Анатолиј Кинах
Наследник Николај Азаров (извршител)
На должноста
28 декември 2004 – 5 јануари 2005
Претседател Леонид Кучма
Претходник Николај Азаров (извршител)
Наследник Николај Азаров (извршител)
На должноста
4 август 2006 – 18 декември 2007
Претседател Виктор Јушченко
Претходник Јуриј Јехануров
Наследник Јулија Тимошенко
Гувернер на Донечката област
На должноста
14 мај 1997 – 21 ноември 2002
Претходник Владимир Шчербањ
Наследник Анатолиј Близњук
Лични податоци
Роден(а) 9 јули 1950(1950-07-09)(73 г.)
Јенакиево, Украина
Партија Партија на регионите (1997–)
Други припадности Комунистичка партија на СССР (1980–1991)[1]
Сопружник Људмила Олександривна
Деца Олександар
Виктор
Установа Донечки национален технички универзитет
Професија машински инженер
Вероисповед Православен
Потпис
Портал Службена страница

Виктор Федорович Јанукович (украински: Віктор Янукович; (р. 9 јули 1950, с. Јенакиево, СССР) е поранешен Претседател на Украина и водач на политичката партија Партија на регионите (Партія Регіонів). Во два наврати бил и Премиер на Украина од 2002 до 2004, и од 2006 до 2007 година.

На 25 февруари 2010, Јанукович беше избран за Претседател на Украина, согласно претходно извојуваната победа над неговата соперничка Јулија Тимошенко.[2]

Својата политичка кариера ја започнал на местото гувернер на Доњецката област. Оваа функција ја извршувал пет години (1997-2002). По ова го преземал премиерското место (2002-2004), за време на претседателствувањето на Леонид Кучма. Имал неуспешна кандидатура за претседател на Украина, губејќи ги тие избори од лутиот соперник Виктор Јушченко.[3] На 4 август 2006 г. добил втор премиерски мандат кој му траел една година и 4 месеци. Додека бил на тоа место, имал затегнати односи со претседателот Јушченко и во најголема мера не се согласувал со неговите политики.[4][5] Во 2010 г. водечкото место во неговата матична партија „Партија на регионите“ му го препуштил на неговиот близок сопартиец Николај Азаров.

На претседателските избори одржани во јануари 2010 г. Јанукович се соочил со Јулија Тимошенко во втората изборна рунда.[6] Во вториот круг освоил 48,95% од гласовите, наспрема 45,47% на тогашниот премиер Тимошенко.[7]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Јанукович, Виктор“. Лентапедија (руски). Lenta.ru. Посетено на 13 јуни 2009.
  2. Виктор Јанукович ја победи убавата Јулија[мртва врска]; преземено од Утрински весник (08.02.2010)
  3. Јушченко – нов претседател на Украина; преземено од Дојче Веле (27.12.2004)
  4. Јушченко и Јанукович разменија удари; преземено од весникот Вечер
  5. Борбата за моќ продолжува; преземено од Дојче Веле (06.04.2007)
  6. Јанукович и Тимошенко во трка за претседател[мртва врска]; преземено од Дневник (19.01.2010)
  7. Јанукович прогласи победа, Тимошенко не призна пораз[мртва врска]; преземено од Нова Македонија (09.02.2010)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]