Википедија:Награда за уредник со траен придонес
Награда за уредник со траен придонес — највисоко признание коешто им се доделува на уредниците на Википедија на македонски јазик во знак на благодарност за нивниот долгорочен придонес кон проектот. Наградата им се доделува на сите корисници коишто ќе исполнат одредени критериуми, а во исклучителни случаи може да им се додели и на други корисници коишто дале особен придонес во развојот на проектот и подобрувањето на уредувачката средина.
Наградата за првпат била доделена на 15 јануари 2021 година по повод 20 години од постоењето на Википедија и се доделува на секој википедиин роденден (15 јануари) во случај ненаградени уредници да ги исполниле критериумите во текот на претходната година. Секој од наградените уредници добива наградна статуетка со википедиски мотиви.
Критериуми за доделување
[уреди извор]Наградата им се доделува на корисници на Википедија на македонски јазик коишто ги исполнуваат следните четири критериуми:
- најмалку 10 години од првото до последното уредување;
- најмалку 10 последователни години со направено уредување;
- најмалку 10.000 уредувања (без вратени и автоматски уредувања); и
- уредникот не бил блокиран на временски период подолг од една седмица.
Сите критериуми важат само за Википедија на македонски јазик и притоа не се зема предвид придонесот на корисникот на другите јазични изданија и другите викимедиини проекти. Корисниците се подобни за добивање на наградата во тековната година само доколку поставените критериуми ги исполниле во текот на претходната година (На пример, корисник којшто ги исполнил сите четири критериуми во периодот од 1 јануари до 31 декември 2021 година е подобен за добивање на наградата на 15 јануари 2022 година.).
Напомена: Во исклучителни случаи, заедницата може да одлучи наградата да им се додели и на корисници коишто исполнуваат три од горенаведените критериуми, но дале особен придонес во развојот на проектот и подобрувањето на уредувачката средина (пр. активни оценувачи и администратори, уредници на голем број избрани статии, посредници во решавање спорови, предлагачи на нови правила, изработувачи на алатки за уредување и др.).
Наградна статуетка
[уреди извор]Наградната статуетка се состои од основа и тело. Основата е од дрво и содржи метална натписна плочка на којашто е испишано името и презимето на наградениот уредник. Телото претставува стаклена плоча во облик на википедииниот глобус.
Наградени уредници
[уреди извор]Во табелата во продолжение се наведени корисничките имиња на сите досегашни добитници на наградата и датумот кога им била доделена.
Бр. | Добитник | Датум на доделување |
---|---|---|
1 | Македонец | 15 јануари 2021[б 1] |
2 | Bjankuloski06 | |
3 | Тиверополник | |
4 | MacedonianBoy | |
5 | Raso mk | |
6 | Buli | |
7 | Kiril Simeonovski | |
8 | Виолетова | |
9 | Dalco26 | |
10 | ГП | |
11 | FlavrSavr | |
12 | Ehrlich91 | |
13 | Ca7apult | 15 јануари 2022[б 2] |
14 | Carshalton | |
15 | Dandarmkd | 15 јануари 2023[б 3] |
Поврзано
[уреди извор]Белешки
[уреди извор]- ↑ Поради мерките за друштвено оддалечување како последица на пандемијата на КОВИД-19, на 15 јануари 2021 година биле објавени имињата на наградените уредници, а свеченоста за доделување на наградите била одложена и се одржала на 25 мај 2022 година.
- ↑ Поради мерките за друштвено оддалечување како последица на пандемијата на КОВИД-19, на 15 јануари 2022 година биле објавени имињата на наградените уредници, а свеченоста за доделување на наградите била одложена и се одржала на 25 мај 2022 година.
- ↑ Свеченоста за доделување на наградата се одржала на 14 јануари 2023 година.