Буковски манастир

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Буковски манастир
Стара грчка фотографија на целиот комплекс
Информации
Манастир на:МПЦ - ОА
Основан1837
Посветен наПреображение
ЕпархијаПреспанско-пелагониска
Цркви„Преображение Христово“
Личности
Место
Местосело Буково, Општина Битола, Македонија Македонија
Координати40°59′06″N 21°19′45″E / 40.98500° СГШ; 21.32917° ИГД / 40.98500; 21.32917Координати: 40°59′06″N 21°19′45″E / 40.98500° СГШ; 21.32917° ИГД / 40.98500; 21.32917
Видливи остатоципорта, црква, конаците, камбанарија, археолошки локалитет, спомен соба и др.
Оторен за јавностда
Други информации(Буковска парохија)
Поглед кон црквата низ портата. Фотофрафија од 1950 година
Спомен соба во манастирот на рускиот конзул Александар Ростковски до убиството во 1903 година од Турците. Манастирот му служел како летна резиденција

Буковски манастирправославен манастирски комплекс, сместен во атарот на битолското село Буково.

Манастирот се наоѓа на околу 2 км над селото Буково, на доминанатна височинка опкружена со густа шума. До манастирот се доаѓа од правецот на селото Буково, но можно е да се пристигне и од селото Крстоар по тесниот асфалтен пат кој поминува покрај Крстоарскиот манастир. Комплексот се состои од манастирската порта, црквата, конаците на два ката, со кујната и трпезаријата, камбанарија, археолошки локалитет, спомен соба и уште неколку други помошни објекти. Манастирот денес не е активен, но историските сведоштва кажуваат за повеќевековно опстојување како еден од поголемите монашки и духовни центри во битолско. Како резултат на залагањето од страна на верниците и црковните претставници, во последните години привршена е реконструкцијата на конаците. Со тоа се создадени услови за повеќедневен престој во овој прекрасен амбиент. За време на грчката верска и вооружена пропаганда во Македонија од 1904 до 1908 година, Буковскиот манастир заедно со тогаш гркоманското село Буково бил главна база на андартите во Пелагонија.[1]

Објекти[уреди | уреди извор]

Црква[уреди | уреди извор]

Црквата Преображение Христово или Св. Сотир, е изградена во средината на комплексот ограден со камени ѕидови. Со својата содржина и квалитетот на изведбата е еден од најрепрезентативните споменици од ваков тип во потпелистерскиот регион. Архитектонски, претставува тип на градба во комбинација на трикорабна базилика и впишан крст со купола која се издигнува од централниот дел на храмот. На источната фасада доминира седумстраната апсида. Впечатокот за јужната и северната фасада го надополнуваат по четири правоаголни прозорски отвори. Со внатрешноста на храмот се комуницира преку влезовите поставени на јужната, западната и северната страна. Над западниот влез е исклесан поопширен натпис во кој се споменува годината 1837 како време на завршување на изградбата. Во наосот вниманието го привлекуваат масивните столбови, оформени од по 10 до 12 кружни камени прстени. Тие се поставени во два надолжни реда од по четири столбови, меѓусебно поврзани со полукружни арки. На тој начин се потпрени разиграните сводни површини од трите издвоени кораби. Куполата се издигнува над четирите пандантифи од местото каде се вкрстуваат полукружните сводови. Низ осумстраниот тамбур, осветлувањето е обезбедено со прозорци. На масивните ѕидни површини во внатрешноста не се сочувани траги од живопис. Иконостасот, претставува висока преграда со три а во средишниот дел и со четири реда од икони. Направен е во комбинација со делови од постар иконостас во резба, кој потекнувал од постарата фаза, чија судбина не ни е позната. Иконите се сликани во период од приближно педесет години. Според натписите, можат да се датираат во 1862, 1881 а еден дел се сликани во 1908 година. Стилската анализа на иконите наведува на заклучоци дека се дела на локални зографи, кои твореле на овие простори во втората половина на 19 век. Многу значајна содржина на храмот е целиванието украсено со резба. Ова дело со високото ниво на уметничка обработка и многуте претстави изрезбани на мал простор, претставува вистински репрезент на достигнувањата во доменот на дрвената резба, од првата половина на 19 век во битолско и пошироко.

Конаци[уреди | уреди извор]

Во комплексот има конаци кои се реноварини во поново време и слушат за посетители.

Археолошки локалитет[уреди | уреди извор]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Буковски Манастир (Буково).

Во дворното место на манастирот постои археолошки локалитет од типот на базилика од старохристијанско време. Тука биле откриени повеќе мермерни споменици, и тоа: фрагмент од стебло на столб, прозорско мено вградено во конакот, мермерна база и помало мермерно столпче. Веројатно на оваа локација се наоѓала старохристијанска базилика.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]