Борис Сандански

Од Википедија — слободната енциклопедија
Борис Сандански
Роден/а16 април 1934
Кресна, Пиринска Македонија, Бугарија
Занимањеписател, новинар, историчар

Борис Костадинов Сандански е роден на 16 април 1934 во Ново село, некогашно маало на Гара Пирин (денес град Кресна). Потекнува од родот Сандански, а неговите корени се од маалото Шемето на село Влахи, крај Сандански андак во Санданското маало. Син е на Костадин Лазаров Сандански (од Санданското маало) и Злата Харалампиева Дулева од Дулевото маало на село Оштава. Од 1946 годин живее во Гара Пирин (Кресна). Завршил средно образование во економскиот техникум „Иван Илиев“ во Благоевград 1953 година. Периодот 1955 - 1957 го поминал во бугарската касарна во тенковско одделение, каде што бил командир на тенк. Работил на певеќе места како сметководител и други. Оженет за Богданка Вангелова (1940-2002). Имаат една ќерка - Снежана.

Културна дејност[уреди | уреди извор]

Учествувал во певеќе самоорганизирани театарски претстави. Повеќе од 20 години бил во управата на читалиште „Култура“, во кое направил музеј во 1978 година. Членувал во Општинскиот совет за култура и во раководтвото на локалната фудбалерска екипа. На двапати е избиран за општински советник, а тоа 1987-1991 и 1995-1999. Во 1984 година создава нумизматичко друштво „Нејне“, на кое е и претседател. За културна дејност е награден со орден „Св.св.Кирил и Методиј“,а пак својот принос кон напредокот на туризмот е прогласен за „Заслужил дејател на Бугарскиот туристички сојуз“. Исто така му е доделен и медал „Алеко“. Од 1963 година пишува поезиљ, хумор, новинарсто и историја. Член е на Друштвотона писателите-Благоевград, на сојузот на писателите-земјоделци во Бугарија. Од 1980 година е член на Бугарскиот земеделски народен сојуз и од 1982 година претседатл на организацијата. Подоцна е член на СДС. Со падот на комунизмот откриено се изјаснува како Македонец, поради што е обвинет дека краде историски предмети од музејот и разрешен од работа, истражуван од полицијата и суден, но оправдан. Симпатизер на ОМО Илинден - Пирин и припадник на Македонскиот академски клуб на Друштвото за бугарско-македонско пријателство и редовен автор на неговиот Билтен. Прогласен за почесен граѓанин на градот Кресна [1].

Творештво[уреди | уреди извор]

Негови творби се презентирани по радио „Софија“, радио „Благоевград“, радио „Геја“. Печатени се во списанијата „Пламен“, „Септември“, „Пламенче“, „Читалиште“, „Художествена самодејност“, „Естрада“, „Турист“, „Наша родина“, „Природа и знание“, „Заштита на природата“, „Географија“, „Бугарски профсојузи“ . Исто така се печатени и во весниците „Ехо“, „Труд“, „Вечерни новини“, „Стршел“, „Кооперативно село“, „Земеделско знаме“, „Пулс“, „Народна младеж“, „Литературен фронт“ и други, како и во регионалните весници „Пиринско дело“, „Пирин њуз“, „Југозападни вести“, „Запад“, „Струма“ и други. Има издадени 27 книги:

  • Кресненски пролом Софија, 1978
  • Средна Струма Софија, 1982
  • Низ северен ПиринСофија, 1983
  • Со братски труд Благоевград, 1983
  • Прегратка од планини Благоевград, 1984
  • Незгасливи светлини Благоевград, 1984
  • Сандански Софија, 1987
  • Симитли Софија, 1987
  • Земја кресненска Благоевград, 1989
  • Црквите в Кресненско Благоевград, 1992
  • Перун Благоевград, 1995
  • Мерудија за всичко Софија, 1995
  • Влахи Благоевград, 1996
  • Духовни тврдини Благоевград, 1997
  • Стара Кресна Благоевград, 1998
  • Кресненски ритуали Благоевград, 1998
  • Љутиви приумици Благоевград, 1999
  • Горна Брезница Благоевград, 1999
  • Оштава Благоевград, 2000
  • Свети места Благоевград, 2000 (заедно со д-р Христо Тасев)
  • Ново село Софија, 2001
  • Кресна во два милениума Благоевград, 2001
  • Будилци Благоевград, 2003
  • Енциклопедија „Кресненски крај“ 2003
  • Струмјани нив вековите 2003
  • За кресненското востание
  • Пирин пее за Гоце и Јане Благоевград, 2007

Поврзано[уреди | уреди извор]

Јане Сандански

Петар Сандански

Надворешни врски[уреди | уреди извор]