Белово

Координати: 42°12′53″N 24°01′12″E / 42.214608° СГШ; 24.020119° ИГД / 42.214608; 24.020119
Од Википедија — слободната енциклопедија
Белово
Белово
град
Поглед на училиштето и и споменикот на Христо Ботев во Белово
Поглед на училиштето и и споменикот на Христо Ботев во Белово
Белово is located in Бугарија
Белово
Белово
Местоположба на Белово во Бугарија
Координати: 42°12′53″N 24°01′12″E / 42.214608° СГШ; 24.020119° ИГД / 42.214608; 24.020119
ЗемјаБугарија
ОбластПазарџик
ОпштинаБелово
Управа
 • ГрадоначалникКостадин Варев (СДС)
Површина
 • Вкупна35,307 км2 (13,632 ми2)
Надм. вис.&10000000000000320000000320 м
Население (2022)
 • Вкупно3,567
 • Густина100/км2 (260/ми2)
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
поштенски код4470
Повик. бр.+359 03581
Мреж. местоbelovo.bg

Белово (бугарски: Белово, до 1945 г. Бѣлово) — град во Јужна Бугарија, административен центар на Општина Белово во Пазарџичката Oбласт. Има население од околу 3.567 жители (2022).[1]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа во планинска област помеѓу бугарските планини Рила, Родопи и Средна Гора. Реката Јаденица, минувајќи низ центарот на градот, ја дели Рила од Родопите. Реката Марица го дели градот по должина.

Белово се наоѓа на 30 км западно од регионалниот центар Пазарџик и околу 90 км југоисточно од главниот град Софија.

Историја[уреди | уреди извор]

Белово бил основан во 1869 година со поставувањето на железничката пруга до Цариград. Тоа првично била привремена населба за работниците на баронот Хирш, кои ископувале дрва во оваа област за изградба на железницата. Линијата била отворена за работа во 1873 година,a Гара Белово билa најголемиот центар за сеча и преработка на дрво. Во врска со тоа постојано се појавувале магацини и анови, а доселеници пристигнувале од околните села и од подалечните делови на Бугарија. Првата куќа била изградена во 1884 година од страна на Хаџи Кузо Хаџиангелов. Неговиот пример го следеле многу жители на селото Гољамо Белово, кои поради брзиот раст на индустријата околу железничката станица, тука нашле одлични услови за живот.

Од 1873 до 1875 година, апостолот на бугарската слобода Тодор Каблешков бил телеграф и раководител на станицата во Гара Белово. Во 1874 година го основал читалиштето „Искра“ во влиското село Гољамо Белово и ги подготвил жителите за идната револуција. Населението во Белово активно учествувало во Априлското востание од 1876 година. Во Белово повеќе од 20 луѓе се приклучиле на четата на Георги Бенковски. За време на востанието Белово дало неколку десетици жртви.

До 1966 година се викало Гара Белово и била населба од градски тип. Белово било прогласено за град со Указ бр. 828 од 27 август 1969 година, кога кон него било додадено блиското селото Мало Белово.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]