Бајт ед-Дин
Бајт ед-Дин بيت الدين | |
---|---|
Село | |
Бајтадинскиот дворец | |
Држава | Либан |
Област | Планина Либан |
Округ | Шуф |
Површина | |
• Вкупна | 2,44 км2 (94 ми2) |
Надм. вис. | 860 м |
Час. појас | ИЕВ (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | ИЕЛВ (UTC+3) |
Повикувачки број | +961 |
Бајт ед-Дин (арап. بيت الدين), исто така познат како Б‘тадин (арап. بتدين) ― мало гратче и административен главен град на Округот Шуф во областа Планина Либан во Либан. Градот се наоѓа на 45 километри југоисточно од Бејрут[1] и во близина на гратчето Деир ел-Камар од кој е одделен со стрмна долина. Имал 1.613 регистрирани гласачи во 2010 година, а неговите жители се претежно христијани од маронитска, мелкитска, и антиохиска припадност.[2] Вкупната површина на Бајт ед-Дин изнесува 244 хектари, а неговата просечна надморска височина е 860 метри.[1]
Градот е исто така добро познат по Бајтединскиот дворец, која е домаќин на годишниот летен Бајтедински фестивал.
Историја
[уреди | уреди извор]Османлиски период
[уреди | уреди извор]Емирот Башир II од Шихабовците, кој подоцна станал владетел на Емиратот Планина Либан, започнал да го гради дворецот во 1788 година на местотоположбата на едно друско испосничко место (оттука доаѓа и името на дворецот, во превод „Дом на верата“), што покажува дека гратчето првично бил населен со Друзи пред Башир да живее во него. Башир го префрлил седиштето на емиратот од Деир ал-Камар во Бајт ед-Дин до 1811 година.[3] Тој владеел од дворецот што ја изградил, познат како Бајтедински дворец, кој бил снабдувал со вода со изградба на долг канал што го поврзувал дворецот со реката Сафа.[3]
По 1840 година, кога Емирот Башир II бил испратен во прогонство, дворецот бил користен од Османлиите како административна зграда. За време на францускиот мандат, неговата улога била зачувана и служела како месна административна канцеларија. Во 1934 година е прогласен за национален споменик. За време на Граѓанската војна во Планина Либан во 1860 година, околу 200 христијани од Даир ал-Камар побегнале во отоманските касарни во Бајт ед-Дин, барајќи засолниште пред нивниот град да биде нападнат од борците Друзи.[4] Откако Даир ал-Камар бил ограбен и неговите жители масакрирани од страна на Друзите, тие продолжиле да ги напаѓаат христијаните кои барале засолниште во Бајт ед-Дин. Побројниот османлиски гарнизон не пружил отпор и касарните биле нападнати.[5] За време на меѓународната интервенција предводена од Франција во војната, францускиот полковник д'Арикау го избрал дворецот на Башир во Бајтедин за свој штаб.[6] Во 1860-тите години, седиштето на отоманскиот заменик управник во Планина Либан било преместено во Бајтединскиот дворец.[7]
За време на службените прослави во Бајт ед-Дин по повод устоличувањето на султанот Абдул Хамид II во 1908 година, Друзите и Маронитите од околината се судриле во градот, што резултирало со смрт на по едно лице од секоја секта.[8] Една недела подоцна, делегација на месната, реформистичка Либерална партија издала неколку барања во Бајт ед-Дин, повикувајќи на реформи како што се укинување на новите даноци и отпуштање на корумпирани функционери.[8] Управникот на Бејрутскиот Вилает, Јусуф-паша, ги отфрлил барањата и наредил растурање на демонстрантите.[8] Меѓутоа, османлискиот гарнизон во Бајт ед-Дин сочувствувал со демонстрантите и одбил да ги растера.[8] Управникот на крајот сепак ги прифатил барањата на демонстрантите.[8]
Современа историја
[уреди | уреди извор]Во 1943 година, Бешара Ел Хури, првиот либански претседател, го прогласил дворецот за службена летна резиденција на претседателот. За време на Либанската граѓанска војна (1975–1990) била тешко оштетена. По 1984 година, кога борбите во областа биле намалени, Валид Џумблат наредил нејзино обновување. Делови од дворецот денеска се отворени за јавноста, додека остатокот е сè уште летна резиденција на претседателот.
Башир изградил уште три дворци во градот за своите синови, а до денес останала само дворецот Мир Амин, кој денес е луксузен хотел.
Бајтедин е дом на Либанскиот центар за прва помош на Црвениот крст.[9]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Баит ед-Дин“. Localiban. Localiban. 10 јануари 2008. Архивирано од изворникот на 22 март 2016. Посетено на 6 декември 2023.
- ↑ „Локални избори во планинскиот предел на Либан“ (PDF). Localiban. Localiban. 2010. стр. 19. Архивирано од изворникот (pdf) на 24 јули 2015. Посетено на 6 декември 2023.
- ↑ 3,0 3,1 Салиби, Камал С. (1988). Куќа од многу замоци: Преиспитана историјата на Либан. University of California Press. стр. 108–109.
- ↑ Fawaz 1994, стр. 72.
- ↑ Fawaz 1994, стр. 74.
- ↑ Fawaz 1994, стр. 124.
- ↑ Fawaz 1994, стр. 178.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 Дер Матосиан, Бедрос (2014). Уништени револуциски сништа: од слобода до насилство во доцната Отоманска империја. Stanford University Press. стр. 92–93.
- ↑ Our Centers Архивирано на 12 февруари 2006.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Текст на Бајт ед-Дин и слика на виртуелна турнеја
- MiddleEast.com
- LebGuide
- Либан, Земја на кедарите: Бајтедин
|