Баталоска џамија
Изглед
| Баталоска џамија | |
|---|---|
Поглед на џамијата | |
| Координати: 41°28′40.9″N 21°19′41.9″E / 41.478028°N 21.328306°E | |
| Место | Дебреште |
| Општина | Општина Долнени |
| Држава | Македонија |
| Местоположба | |
| Архитектура | |
| Минариња | 2 |
Баталоска џамија — џамија во селото Дебреште.[1][2] Џамијата се наоѓа во крајниот источен дел од селото, во непосредна близина на патот кој продолжува до селото Ропотово.
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на џамијата има четириаголна основа и се состои од приземје и кат. Покриена е со полукружна купола со полутопчест метален кров, а на работ од секоја страна на покривниот дел има по едно мало украсно минаре. Влезот на џамијата е сместен од северната страна. Џамијата има две минариња со многуаголна основа и со по две шерефиња. Објектот е изграден од камен. Дворот на џамијата е оградена со камено-метална ограда и во него има шадрван и помошен објект.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Поглед на џамијата
- Влезот во џамијата
- Шадрван
- Помошниот објект
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 83. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Дебреште Архивирано на 27 март 2020 г.“. OldPrilep. 28 ноември 2011.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Баталоска џамија на Ризницата ?
