Прејди на содржината

Барле-Хертох

Од Википедија — слободната енциклопедија
Барле-Хертох
Baarle-Hertog
општина
Поранешниот градски дом на Барле-Хертох
Поранешниот градски дом на Барле-Хертох
Знаме на Барле-ХертохГрб на Барле-Хертох
ЗемјаБелгија
ЗаедницаФламанска
ОбластФламанска
ПокраинаАнтверпен
ОкругТурнхаут
Управа
  ГрадоначалникЛео ван Тилбург
Површина
  Вкупна7,48 км2 (289 ми2)
Население (2018-01-01)[1]
  Вкупно2.705
  Густина3,6/км2 (9,4/ми2)
Пошт. бр.2387
Повик. бр.014
Мреж. местоbaarle-hertog.be
Погранична кафетерија во Барле-Насау.

Барле-Хертох (холандски: Baarle-Hertog, француски: Baerle-Duc) — општина на Белгија која претежно се состои од ексклави на територијата на Холандија.

Екскавите се сместени во холандската покраина Северен Брабант, но управно ѝ припаѓаат на белгиската покраина Антверпен. Во 2006 г. Барле-Хертог имал население од 2.306 жители. Збирно зафаќа површина од 7,48 км2, со густина на населеност од 308 жит./км2.

Географија

[уреди | уреди извор]

Граница со Барле-Насау

[уреди | уреди извор]
Карта на енклавите на Барле-Хертох.

Барле-Хертох е познат по неговата сложена граница со Барле-Насау, Холандија.[2] Овој распоред е утврден со Мастришкиот договор склучен во 1843 г., а води потекло од достоинственичките имотни односи во средниот век. Се состои од вкупно 24 одделни парцели, од кои сите се физички неповрзани со самата Белгија на која ѝ припаѓаат. Општинско седиште на Барле-Хертох е Зондерајген, северно од белгиското гратче Мерксплас. Покрај него има и дваесет белгиски ексклави во Холандија и уште три парчиња долж холандско-белгиската граница. Воедно постојат седум холандски ексклави во рамките на белгиските ексклави (наречени противекслави). Шест од нив се во најголемата белгиска енклава, а седмата е во друга. Холандија има осма ексклава која е во соседен Хинховен на чисто белгиска територија.

Само две села од општината се на територија на самата Белгија: Зондерајген и Хинховен.

За време на Првата светска војна, овој распоред бил пречка за германската војска, која не можела да навлезе во тој дел од Белгија без да помине низ Холандија, која не дозволувала пристап. Така, овие делчиња од Белгија станале безбедно прибежиште за дејците на белгискиот отпор,[3] кои одовде ги насочувале противгерманските дејности со помош на криумчарен радиопредавател. Холандската влада ги оградила еклавните подрачја и поставила граничари, а на населението му изградиле црква и училиште.[4] Оваа ситуација не се јавила во Втората светска војна, бидејќи обете земји биле под окупација на Третиот Рајх.

Некои куќи во Барле-Хертох/Барле-Насау се поделени помеѓу двете земји. Во минатото холандскиот закон налагал порано затворање на рестораните отколку белгискиот, поради што пограничните кафеани ги преместувале масите преку линијата во белгискиот дел.[5] Целата состојба е производ на низа договори, продажби и размени склучувани помеѓу господарите на Бреда и војводите на Брабант во средниот век. Подрачјата со земјоделско земјиште и градби биле во состав на Брабант, а останатите делови ѝ припаѓале на Бреда. Ваквата распределеност е разјаснета и официјално доутврдена со Мастришкиот договор од 1843 г. склучен помеѓу Холандија и Белгија. Почнувајќи од во 1990-тите, практичниот живот во Барле е олеснет со пристапувањето на двете земји кон Европската Унија и склучувањето на Шенгенскиот договор.

Во Барле-Хертох има бројни продавници за огномет бидејќи белгискиот закон е попопустлив од холандскиот, што привлекува многу купувачи од Холандија во предновогодишниот период.

Список на енклави

[уреди | уреди извор]

Холандски енклави

[уреди | уреди извор]

Сите овие енклави се во состав на општината Барле-Насау (Холандија).

Број и име[6] Површина (ха) Опис
Холандија N1 — Де Ловерсхе Акерс – Де Томелсхе Акерс5,36Противенклава опколена од белгиската ексклава H1, во Барле-Хертох; опфаќа мешавина од живеалишта и обработливо земјиште; границата помеѓу N1 со H1 минува низ една градба.
Холандија N2 — Де Томелсхе Акерс1,37Противенклава опколена од белгиската ексклава H1, во Барле-Хертох; опфаќа 8 живеалишта.
Холандија N3 — Де Томелсхе Акерс0,28Противенклава опколена од белгиската ексклава H1, во Барле-Хертох; границата помеѓу N3 и H1 ја двои на два дела натоварната платформа продавница за алкохолни пијалаци.
Холандија N4 — Де Ретсхе Акерс1,23Противенклава опколена белгиската ексклава H1, во Барле-Хертох; границата помеѓу N4 и H1 минува низ стовариште, со неискористено холандско земјиште зад него.
Холандија N5 — Де Ретсхе Акерс1,92Противенклава опколена од белгиската ексклава H1, во Барле-Хертох; границата помеѓу N5 и H1 минува низ салон за мебел, плевна и амбар.
Холандија N6 — Хирле Страт1,45Противенклава опколена од белгиската ексклава H1, во Барле-Хертох; се состои од обработливо земјиште со две живеалишта.
Холандија N7 — Де Кастелајн0,58Противенклава опколена белгиската ексклава ексклава H8, во Барле-Хертох; зазема дел осд поле.
Холандија N8 — Восенберг2,85Енклава од обработливо земјиште сместена во Зондерајген, Белгија, на помалку од 50 метри јужно од холандската граница.

Белгиски енклави

[уреди | уреди извор]

Сите овие енклави се во состав на општината Барле-Хертох (Белгија) и се опколени од општината Барле-Насау (Холандија).

Број и име[6] Површина (ха) Опис
Белгија H1 — Ан хет Клостер Стратје - Хофдбрак - Ловерен - Де Босковенсхе Акерс - Де Ловерсхе Акерс - Де Томелсхе Акерс - Де Томел - Де Хирле Страт - Де Рет - Де Ретсхе Акерс - Хет Дорп - Де Капел Акерс - Де Кастелајн153,64Образува четворомеѓа со ексклавата H2; најголема белгиска ексклава; во себе опфаќа шест холандски (против)ексклави; се состои претежно од живеалишта, со околни обработливи површини и индустриско подрачје; границата минува низ поголем број градби; опфаќа дел од поранешната железничка линија Турнхаут-Тилбург, која денес е претворена во велосипедска патека.
Белгија H2 — Де Ретсхе Акерс2,41Се состои од обработливо земјиште со една четворомеѓа на ексклавите H1 и H2 во средината на пченкарно поле.
Белгија H3 — Де Ретсхе Акерс0,34Зазема дел од поле; границата минува низ една плевна.
Белгија H4 — Де Ретсхе Акерс1,47Се состои од обработливо земјиште; границата минува низ куќа и три плевни.
Белгија H5 — Де Капел Акерс0,92Се состои од обработливо земјиште со живеалиште.
Белгија H6 — Хофдбрак1,74Земја со мешовита намена; границата минува низ фабрика со склад.
Белгија H7 — Де Ловерсхе Акерс0,24Границата минува низ две живеалишта, како и по средината на една влезна врата, чија куќа има два различни броја.
Белгија H8 — Босковен - Де Кастелајн - Де Орделсхе Страт41,87Втора белгиска ексклава по големина, опфаќа мешавина од живеалишта и обработливо земјиште; границата минува низ амбар, живеалиште и две мали претпријатија.
Белгија H9 — Де Капел Акерс0,40Границата минува низ печатница со склад во индустриска месност.
Белгија H10 — Де Орделсхе Страт0,65Се состои од обработливо земјиште.
Белгија H11 — Де Орделсхе Страт0,93Се состои од обработливо земјиште.
Белгија H12 — Босковен0,28Се состои од обработливо земјиште.
Белгија H13 — Босковен1,53Границата минува низ 20 живеалишта.
Белгија H14 — Босковен0,72Границата минува низ 13 живеалишта.
Белгија H15 — Босковен1,72Границата минува низ 16 живеалишта.
Белгија H16 — Кајзерсхук - Орделсхе Страт4,42Границата минува низ куќа и три плевни.
Белгија H17 — Молерит Хајде14,92Ненаселено подрачје на кое се протега дел од поранешната железничка линија Турнхаут-Тилбург, која денес е велосипедска патека.
Белгија H18 — Де Манке Хорен2,92Се состои од обработливо земјиште.
Белгија H19 — Де Пераутерс0,68Се состои од неколку бари и поле.
Белгија H20 — Вурстенбос - Восенберг1,16Се состои од обработливо земјиште.
Белгија H21 — Балбрухсхе Бемден1,18Се состои од обработливо земјиште.
Белгија H22 — Де Вит Хахен0,26Јужно од селото Уликотен; зазема дел од поле; припадноста останала спорна (официјално неодредена) од 1830-тите сè до 1995 г.

Образование

[уреди | уреди извор]

Во Барле-Хертох има две училишта: „Де Флиндер“ и „Де Хоризон“.[7] Дели заедничка библиотека со Барле-Насау, каде вработените се од обете националности.[8]

Познати личности

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Wettelijke Bevolking per gemeente op 1 januari 2018“. Посетено на 9 март 2019.
  2. Карта, слики и информации — Фронтерасблог (шпански)
  3. An Apology of Enclaves
  4. Историја на енклавите на Барле (холандски)
  5. „The Curious Case of Baarle-Nassau and Baarle-Hertog“. Amusingplanet.com. 6 ноември 2012. Посетено на 1 август 2014.
  6. 1 2 Whyte, Brendan (2004). "En Territoire Belge et à Quarante Centimètres de la Frontière" An historical and documentary study of the Belgian and Dutch enclaves of Baarle-Hertog and Baarle-Nassau. The University of Melbourne, School of Anthropology, Geography and Environmental Studies. ISBN 0-7340-3032-0.
  7. "scholen Архивирано на 24 ноември 2018 г.." Baarle-Hertog. посет. 6 јануари 2017 г
  8. "bibliotheek Архивирано на 24 ноември 2018 г.." Baarle-Hertog. посет. 6 јануари 2017 г

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]