Астролаб

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Современ астролаб направен во Тебриз, Иран во 2013 година.

Астролаб (старогрчки: ἀστρολάβος astrolabos; арап. ٱلأَسْطُرلاب al-Asturlāb; персиски: ستاره‌یاب Setāreyāb) ― стар астрономски инструмент кој претставува рачен модел на универзумот. Неговите различни функции овозможуваат да се смета за клинометар кој има подетална структура и уред за аналогни пресметки, кој е способен да решава неколку вида астрономски проблеми. Неговиот наједноставен облик се состои од метален диск со подредени жици, исечоци и перфорации кои му овозможуваат на корисникот прецизно да пресметува астрономски положби. Во историјата го користеле астрономите, бидејќи може да ја измери височината над хоризонтот на некое небесно тело дење и ноќе, може да се користи за да се идентификуваат ѕвезди или планети, да се одреди месната географска широчина според месното време (како и да се определи времето познавајќи ја географската широчина), за набљудувања или триагулација. Бил користен во антиката, исламското златно доба, европскиот среден век и времето на големите географски откритија за горенаведените намени.

Важноста на астролабот не потекнува само од раните астрономски научни откритија,[1] туку е корисен и за одредување на географската ширина на копно или мирни мориња. Иако е помалку доверлив на палубата на брод во разбранувано море, морнарскиот астролаб е развиен со таа намена.

Примена[уреди | уреди извор]

Дрворез од 16 век на кој е прикажано мерење на висината на градба со помош на астролаб.

Непознат астроном кој живеел во 10 век заклучил дека постојат околу 1000 различни примени на функциите на астролабите,[3] почнувајќи од астролошки, астрономски и религиозни примени, до сезонски и дневни мерења на времето и плимата. Во времето на нивната употреба, астрологијата била исто толку сериозна наука како и астрономијата, а проучувањето на двете се одвивало паралелно. Интересот во астрономијата варирал помеѓу народната астрономија (од предисламската традиција во Арабија) посветена на небесните и сезонските набљудувања, и математичката астрономија, која ги надополнувала интелектуалните практики и прецизните пресметки врз основа на астрономските набљудувања. Во однос на религиозната примена на астролабот, определувањето на исламските времиња на молитва требало да се определат на астрономски начин за да биде прецизно определено дневно време. Исто така со овој уред може да се одреди киблата, насоката на Мека кон која муслиманите мора да се молат. Дополнително на ова, месечевиот календар бил заснован не пресметките од астролабот и бил од големо значење за исламот, со оглед на тоа што ги одредува датумите на главните верски празници како што е Рамазан.

Етимологија[уреди | уреди извор]

Оксфордскиот англиски речник го преведува англискиот збор астролаб како „star-taker“ и го следи потеклото на зборот преку средновековниот латински до грчкиот збор astrolabos,[4][5] од astron „ѕвезда“ и lambanein „да земе“.[6] Во средновековниот исламски свет, на арапскиот збор al-Asturlāb (т.е. астролаб) му се припишани различни етимологии. Арапските текстови, го преведуваат зборот како ākhidhu al-Nujūm (арап. آخِذُ ٱلنُّجُومْ, што во буквален превод значи „земач на ѕвезди“), директено преведено од грчкиот збор.[7]

Ал-Бируни го цитира и критикува средновековниот научник Хамза ал-Исфахани кој изјавил:[7] „астурлаб е арабизација на оваа персиска фраза“ (sitara yab, што се преведува како „земач на ѕвездите“).[7] Во средновековните исламски текстови постои и народна етимологија на зборот, која го преведува зборот како „линиите на лаб“, каде што „лаб“ се однесува на еден од синовите на Идриз (Енох). Оваа етимологија е спомната од научник од 10 век по име Ал-Кумми, но подоцна била отфрлена од Ел-Хорезми.[7]

Историја[уреди | уреди извор]

Антика[уреди | уреди извор]

Астролабот бил измислен во хеленистичката цивилизација од Аполониј од Перга помеѓу 220 и 150 г. п.н.е., често му се припишува на Хипарх. Астролабот бил создаден како уред кој ги обединува функциите на планисферата и диоптрата, а практично бил користен како аналоген пресметувач за решавање на неколку различни видови проблеми во астрономијата. Теон Александриски (о. 335о. 405) има напишано детален трактат за астролабот, а Луис [8] тврди дека Птоломеј користел астролаб за да ги направи астрономските набљудувања запишани во Тетрабиблос. Плочестиот астролаб понекогаш погрешно се припишува како пронајдок на ќерката на Теон, Хипатија (о. 350–370; починала во 415 н.е.),[9][10][11][12] но познато е дека веќе бил употребуван најмалку 500 години пред нејзиното раѓање.[10][11][12] Ова погрешно припишување доаѓа од неправилното толкување на изјава од писмо напишано од ученикот на Хипатија, Синесиј (о. 373о. 414),[10][11][12] кој споменува дека Хипатија го научила како да конструира плочест астролаб, но не укажува на тоа дека таа самата го измислила.[10][11][12]

Астролабите продолжиле да бидат користени во гркогласниот свет во текот на средновековното време на Римската Империја. Околу 550 г. н.е., христијанскиот филозоф Јован Филопон напишал трактат во кој го дискутирал астролабот на грчки јазик, кој воедно претставува најраниот преживеан текст за овој инструмент.[б 1] Подоцна, месопотамискиот епископ Север Себокт исто така напишал трактат за астролабот на сириски јазик во средината на VII век.[б 2] Себокт во воведот на неговиот трактат укажува дека астролабот се изработувал од месинг, што укажува дека металните астролаби биле познати на христијанскиот исток долго пред да бидат развиени во исламскиот свет или на латинскиот запад.[13]

Првите ренесансни научни трактати се засноваат на претходни класични дела и често се занимавале со птоломејски доктрини. Меѓу нив, највлијателен текст бил астрономското поглавје напишано од Алманациумот на Региомонтан во 1472 година и објавено во Венеција во 1506 година.

Среден век[уреди | уреди извор]

Астролабите биле доразвиени во средновековниот исламски свет, каде што муслиманските астрономи вовеле ознаки за аголите во дизајнот,[14] додавајќи кругови што укажуваат на азимути на хоризонтот.[15] Тој значително бил користен низ муслиманскиот свет, најчесто како помош за навигација и како начин за наоѓање на киблата, насоката кон Мека. Математичарот од осмиот век, Мухамед ал-Фазари е првиот човек на кој му се припишува изградбата на астролабот во исламскиот свет.[16]

Математичката позадина ја утврдил муслиманскиот астроном Албатениј во неговиот трактат Китаб аз-Зиј (околу 920 н.е.), кој Платон Тибуртин го превел на латински (De Motu Stellarum). Во исламскиот свет, астролабите биле користени за да се определи времето на изгрејсонце и изгревот на некои ѕвезди, со цел да се определи точното време за утринските молитви (намаз). Во 10 в. н.е., Ал Суфи за првпат опишал над 1.000 различни примени на астролабот, во разни области, имено астрономијата, астрологија, навигација, геодетство, определување на времето, молитва, намаз, кибла, итн.[17][18]

Сферичниот астролаб е варијација и на астролабот и на обрачната сфера, измислен во средниот век од астрономи и пронаоѓачи од исламскиот свет.[б 3] Најраниот опис на сферичниот астролаб датира од времето на Ал-Најризи (периодот на 892–902 година). Во 12 век, Шараф ал-Дин ал-Туси го пронашол линеарниот астролаб, понекогаш наречен „стап на ал-Туси“, кој бил „едноставна дрвена прачка со градуирани ознаки, но без нишани. Бил опремен со висок и двоен кабел за правење аголни мерења и имал перфориран покажувач“.[19] Прилагодениот механички астролаб е измислен од Аби Бакр од Исфахан во 1235 година.[20]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Забелешки
  1. Современи изданија од трактатот на Јован Филопон за астролабот се De usu astrolabii eiusque constructione libellus (За употребата и изградбата на астролабот), ур. Хајнрих Хазе, Бон: E. Weber, 1839, OCLC 165707441 (or id. Rheinisches Museum für Philologie 6 (1839): 127–71); repr. and translated into French by Alain Philippe Segonds, Jean Philopon, traité de l'astrolabe, Paris: Librairie Alain Brieux, 1981, OCLC 10467740; and translated into English by H.W. Green in R.T. Gunther, The Astrolabes of the World, Vol. 1/2, Oxford, 1932, Предлошка:OL repr. London: Holland Press, 1976, Предлошка:OL pp. 61–81.
  2. O'Leary, De Lacy (1948). How Greek Science Passed to the Arabs. Routledge and Kegan Paul. "The most distinguished Syriac scholar of this later period was Severus Sebokt (d. 666–7), Bishop of Kennesrin. [...] In addition to these works [...] he also wrote on astronomical subjects (Brit. Mus. Add. 14538), and composed a treatise on the astronomical instrument known as the astrolabe, which has been edited and published by F. Nau (Paris, 1899)."
    Severus' treatise was translated by Jessie Payne Smith Margoliouth in R.T. Gunther, Astrolabes of the World, Oxford, 1932, pp. 82–103.
  3. Savage-Smith, Emilie (1993). „Book Reviews“. Journal of Islamic Studies. 4 (2): 296–299. doi:10.1093/jis/4.2.296. There is no evidence for the Hellenistic origin of the spherical astrolabe, but rather evidence so far available suggests that it may have been an early but distinctly Islamic development with no Greek antecedents.
Фусноти
  1. Northrup, Cynthia Clark; Bentley, Jerry H.; Eckes Jr., Alfred E. (2015). Encyclopedia of World Trade: From Ancient Times to the Present. Taylor and Francis, 2015. стр. 72. ISBN 9781317471530.
  2. Morrison, Robert G. (2013). „Islamic Astronomy“. Во Lindberg, David C.; Shank, Michael H. (уред.). The Cambridge History of Science. 2, Medieval Science. Cambridge: Cambridge University Press. стр. 115. ISBN 978-0-521-59448-6. Посетено на 31 јануари 2022.
  3. Greenwood, William (28 јануари 2018). „The British Museum: How to Use an Astrolabe“. YouTube. Архивирано од изворникот на 2022-01-13. Посетено на 2022-01-13.CS1 maint: BOT: original-url status unknown (link)
  4. „Astrolabe“. Oxford English Dictionary (изд. 2..). 1989.
  5. „Astrolabe“. Oxford Dictionaries. Архивирано од изворникот на 2016-06-08. Посетено на 2022-01-13.
  6. „Online Etymology Dictionary“. Etymonline.com. Посетено на 2013-11-07.
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 King 1981.
  8. Lewis 2001.
  9. Michael Deakin (August 3, 1997). "Ockham's Razor: Hypatia of Alexandria". ABC Radio. Retrieved July 10, 2014.
  10. 10,0 10,1 10,2 10,3 Theodore, Jonathan (2016). The Modern Cultural Myth of the Decline and Fall of the Roman Empire. Manchester, England: Palgrave, Macmillan. стр. 183. ISBN 978-1-137-56997-4.
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 Deakin, Michael A. B. (2007). Hypatia of Alexandria: Mathematician and Martyr. Amherst, New York: Prometheus Books. стр. 102–104. ISBN 978-1-59102-520-7.
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 Bradley, Michael John (2006). The Birth of Mathematics: Ancient Times to 1300. New York City, New York: Infobase Publishing. стр. 63. ISBN 9780816054237.
  13. Sebokht, Severus. „Description of the astrolabe“. Tertullian.org.
  14. See p. 289 of Martin, L. C. (1923), „Surveying and navigational instruments from the historical standpoint“, Transactions of the Optical Society, 24 (5): 289–303, Bibcode:1923TrOS...24..289M, doi:10.1088/1475-4878/24/5/302, ISSN 1475-4878.
  15. Berggren, J. Lennart (2007), „Mathematics in Medieval Islam“, Во Katz, Victor J. (уред.), The Mathematics of Egypt, Mesopotamia, China, India, and Islam: a Sourcebook, Princeton University Press, стр. 519, ISBN 978-0-691-11485-9
  16. Richard Nelson Frye: Golden Age of Persia. стр. 163
  17. Dr. Emily Winterburn (National Maritime Museum), Using an Astrolabe, Foundation for Science Technology and Civilisation, 2005.
  18. Lachièz-Rey, Marc; Luminet, Jean-Pierre (2001). Celestial Treasury: From the Music of Spheres to the Conquest of Space. Trans. Joe Laredo. Cambridge, UK: Cambridge University Press. стр. 74. ISBN 978-0-521-80040-2.CS1-одржување: датум и година (link)
  19. Оконор, Џон Џ.; Робертсон, Едмунд Ф., „Sharaf al-Din al-Muzaffar al-Tusi“, Архив „Историја на математиката“ на MacTutor, Универзитет Сент Ендрус.
  20. Bedini, Silvio A.; Maddison, Francis R. (1966). „Mechanical Universe: The Astrarium of Giovanni de' Dondi“. Transactions of the American Philosophical Society. 56 (5): 1–69. doi:10.2307/1006002. JSTOR 1006002.
Библиографија
  • Evans, James (1998), The History and Practice of Ancient Astronomy, Oxford University Press, ISBN 0-19-509539-1.
  • Gunella, Alessandro; Lamprey, John (2007), Stoeffler's Elucidatio (translation of Elucidatio fabricae ususque astrolabii into English), John Lamprey
  • King, D. A (1981), „The Origin of the Astrolabe According to the Medieval Islamic Sources“, Journal for the History of Arabic Science, 5: 43–83
  • King, Henry (1978), Geared to the Stars: the Evolution of Planetariums, Orreries, and Astronomical Clocks, University of Toronto Press
  • Krebs, Robert E.; Krebs, Carolyn A. (2003), Groundbreaking Scientific Experiments, Inventions, and Discoveries of the Ancient World, Greenwood Press.
  • Laird, Edgar (1997), Carol Poster and Richard Utz (уред.), „Astrolabes and the Construction of Time in the Late Middle Ages.“, Constructions of Time in the Late Middle Ages, Evanston, Illinois: Northwestern University Press: 51–69
  • Laird, Edgar; Fischer, Robert, уред. (1995), „Critical edition of Pélerin de Prusse on the Astrolabe (translation of Practique de Astralabe“, Medieval & Renaissance Texts & Studies, Binghamton, New York, ISBN 0-86698-132-2
  • Lewis, M. J. T. (2001), Surveying Instruments of Greece and Rome, Cambridge University Press.
  • Morrison, James E (2007), The Astrolabe, Janus, ISBN 978-0-939320-30-1.
  • North, John David (2005), God's Clockmaker: Richard of Wallingford and the Invention of Time, Continuum International Publishing Group, ISBN 978-1-85285-451-5

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Commons-logo.svg
Ризницата има слики и снимки поврзани со:

Предлошка:EB1911 poster