Хипатија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хипатија
Роден(а)ц. 351–370 од н.е.
Александрија
Починал(а)415[1]
Александрија
ШколаНеоплатонизам
Претежна дејност
Математика, астрономија, филозофија, физика

Хипатија (Ипатија) Александриска (р. 350370; поч. 415) — антички филозоф, математичар и научник од Александрија. Таа се смета за првата жена со големи заслуги во физиката, математиката, филозофијата и астрономијата. Предавала во Александрија, схоларх во Александриската школа на неоплатонизмот. Се смета дека убиството на Хипатија го означил крајот на антиката,[2] и исто така "ефикасно го одбележа падот на Александрискиот интелектуален живот".[3]

Животопис[уреди | уреди извор]

Хипатија е родена во семејството на математичарот Теон Александриски, еден од најобразованите мажи во Александрија во тоа време и последен управник на Александриската библиотека пред нејзиното затворање од ортодоксниот христијански император Теодосиј I. Теон ѝ овозможил на својата ќерка сестрано образование, при што ја запознал со сите тогаш познати науки. Околу 400 година Хипатија е поканета да чита лекции во Александриската библиотека, каде ја воведува катедрата по филозофија. Таа ги предавала философиите на Платон и Аристотел, математика и се занимавала со пресметување на астрономските табели.[4] Напишала три дела, со коментари за делата на Аполониј Пергски и Диофант Александриски (III век од н.е.). Повеќето нејзини трудови биле уништени при опожарувањето на библиотеката. Хипатија е позната со своите трудови по математика и геометрија и најмногу со идеите за конусните пресеци, изложени од Аполониј Пергски. Во нејзиниот најпознат труд „За конусите на Аполониј“ се опишува разделувањето на конусите на различни делови низ рамнина. Оваа концепција ја доразвива идејата за хиперболите, параболите и елипсите.

За време на животот на Хипатија, Римското Царство било во фаза на прифаќање на христијанството и Александрија бил град на спротивставени идеи. Хипатија учествувала во александриската градска политика. Имала блиски односи со префектот на градот Орест. Верувајќи дека стои зад лошите односи меѓу Орест и александрискиот епископ Кирил Александриски (подоцна канонизиран), таа е заловена и убиена од разбеснета толпа христијани, според христијанскиот историчар Сократ Схоластик, предводена од свештеник наречен Петар.[5]

Тие ја киднапирале Хипатија и ја однеле во „црквата наречена Цезариум. Тие потоа ја убиле со плочки.“ Потоа, мажите почнале да ја осакатуваат и ја запалиле. Вестите за убиството на Хипатија предизвикале големо јавно неодобрување на целата Александриската христијанска заедница. Схоластих забележува: „Навистина ништо не може да биде подалеку од духот на христијанството од масакрите, тепачките и трансакциите од тој вид.“[6][7]

Александрискиот поет Паладиј пишувал за неа: „Сè во тебе, о, Хипатија, е небесно - и делата, и убавината, и зборовите, и чистата како ѕвезда мудра светлина“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Colavito,A. & Petta,A. (April 2004), Hypatia: Scientist of Alexandria. Milan, Italy: Lightning Print Ltd. (ISBN 9788848804202).
  2. "Women Philosophers in the Ancient Greek World: Donning the Mantle", by Kathleen Wider. Hypatia © 1986 Indiana University Press p. 49–50; Mangasarian, Mangasar Mugurditch. The Martyrdom of Hypatia, 1915
  3. Greenblatt, The Swerve: how the world became modern 2011:93.
  4. Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 166.
  5. Види Сократ Схоластик. Црковна историја, превод од грчки, направен во Санкт-Петербуршката духовна академија:
  6. „Chronicle 84.87–103“. Архивирано од изворникот на 2016-06-04. Посетено на 2014-12-02.
  7. Edward Jay Watts, (2006), City and School in Late Antique Athens and Alexandria. "Hypatia and pagan philosophical culture in the later fourth century", pages 197–198. University of California Press