Прејди на содржината

Апел од Македонија (2023)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Апел од Македонија
Слика од 80 интелектуалци кој што се потпишале на апелот од Македонија
АвторМакедонски интелектуалци и јавни личности
ИздавачМакедонската јавност
Издадена
Декември 27, 2023

Апел од Македонија[1] — организиран апел од македонските интелектуалци и јавни личности кон членови на Европска Унија и САД.[2] Главната задача на апелот е да се запре ширењето на бугарската пропаганда во Македонија и спречувањето на додавање на бугарскиот народ во македонскиот устав. Во апелот исто посакуваат еднакво третирање на македонскиот народ во Бугарија, кој што заради бугарската пропаганда од времето на Тодор Живков не се признаени како свој посебен народ. Апелот е потпишан од различни познати луѓе во Македонија, претежно историчари. Апелот бил прв пат објавен во декември 27-ми 2023 година. Меѓу најистакните кој се потпишале на апелот се: Михајло Миноски, Владо Поповски, Виолета Ачкоска, Ѓорѓи Малковски, Бранислав Светозаревиќ, Тодор Чепреганов и многу други. Апелот исто подржува членство на Македонија во Европска Унија.[3]

Македонската држава се аплицирала да влезе во Европска Унија во март 24-ти 2004,[4] при нејзиното влегување се сретнала со различни проблеми од различни држави, најпрво со Грција и после со Република Бугарија. Со Грција постигнале компромиз со Преспанскиот договор но со владата на Бугарија ситуацијата била повеќе сложена. Бугарија посакувала Македонската влада да го додаде вештачкото бугарско малцинство во уставот на Македонија, Бугарија исто посакувала да ја наметнат шовонистичката теорија дека македонскиот јазик и македонскиот народ се од бугарско потекло,[5] што било спротив гледиштата на различни историографија вклучувајќи ја и македонската историографија.

Во 2022 година како вид на притисок од страна на Бугарија пробале да ги организираат Бугарофилите во Македонија да формираат повик кон ЕУ за заштита на правата на вештачкото малцинство. Повикот на Бугарите во Македонија било претежно ксенофобиско заради нивните гледишта кон македонскиот народ, јазик и култура, но на крајот повикот донесе слав резултат.[6] Голем број на историчари ја критикувале македонската влада за како постапиле при скандалот. Заради тоа покрај крајот на 2023 година околу 80 интелектуалци и јавни личности соработувале апел кон Европската Унија, посакувајќи великобугарските стремежи да прекинат и ветото на Бугарија да било отстрането.[7]

Содржина

[уреди | уреди извор]
Слика од Санстефанска Бугарија, еден од главните работи дискутирано и спомнато во апелот, тие истакнувале како бугарите ја сметаат Санстефанска Бугарија како „етничките граници на бугарскиот народ“ и март 3 бил прогласен како национален ден заради Санстефанска Бугарија. Но во апелот е истакнато како ваква теорија од страна на Бугарската историографија е псевдоисториска, туку Санстефанска Бугарија била вазална држава на Русија. Голем број на надворешни историчари сметаат дека границата на Санстефанска Бугарија била заради политички причини наместо етнички.[8][9]

Апелот почнува со името на апелот и истакнувајќи како апелот е повеќе насочен кон пратениците во парламентот на Европска Унија, исто спомнувајќи како а делумно насочен кон Соединети Американски Држави. После тоа во апелот е наведувано како македонското прашање е решено секаде околу светот освен кај Бугарија, заради шовонистичката пропаганда тие не го признааваат македонскиот народ и македонското малцинство во Бугарија.

„Оваа политика на Софија е прецизирана во два документи – „Бугарска национална доктрина за XXI век“, објавена во 1997 година, и во вториот нејзин дел – „Национални стратегиски програми“, објавен во 1998 година. Во нив е очигледен бугарскиот нагласен национал – шовинистички однос кон Македонија. Во овие документи се прецизирани големобугарските аспирации и стремежи кон Република Македонија. Тоа е нивна стара доктрина, уште од 19 век. Без никакви издржани аргументи, таа се базира на непризнавање на националната посебност на Македонците, коишто се третираат како „Бугари“."

— Апел од Македонија (2023), [10]

После тоа продолжува да зборува за состојбата на македонците во Бугарија, како не биле признаени како свој посебен народ, со свој јазик, култура и историја од владата на Бугарија и истакнувајќи како БАН (Бугарската Академија на Науките) била еден од главните организатори на шовонизмот во Бугарија. Тие исто спомнуваат како негирањето на македонскиот народ е голем план од страна на Бугарија за исполнувајќи ја Санстефанска Бугарија.

„Бугарската држава го негира постоењето на македонски народ и на македонски јазик, историја, култура…. Го негира македонскиот национален идентитет. Оваа Бугарска државна стратегија е денес поактуелна од кога било. Подготвена е од бугарските квази научни кругови, предводени од БАН (Бугарската академија на науките). Најшироко е поддржана и од сите политички фактори во земјата. Спомнатата „Бугарска национална доктрина“ претставува латентен генератор на нестабилност не само на Балканот, туку и во цела Европа. Нивната неспорна цел е бугаризација на Македонците, што е невозможна мисија. Жалосно е што сите научни институции и политички структури во Бугарија, посветено работат на реализација на овие бесмислени цели. Евидентно е дека Бугарија, којашто не успеа да ги реализира своите историски синдроми во завојувачките војни во 19-тиот и во 20-тиот век, се стреми да ги оствари преку злоупотреба на своето членство во ЕУ. Унијата и служи на Бугарија како алатка за исполнување на нејзината шовинистичка доктрина, според која треба да се избришат Македонците како одделен народ."

— Апел од Македонија (2023), [10]

Во апелот се обидуваат да стасат во компромиз со владата на Бугарија, каде што ако македонскиот народ е внесен во уставот на Бугарија, тогаш Бугарите ќе биле внесени во Македонскиот устав. Тие исто споредуваат правата на Македонските Бугари и Пиринските Македонци, каде што донесуваат заклучок дека бугарите во Македонија ги имаат сите еднакви прави како сите други граѓани во Македонија, соразлика со Македонците во Бугарија, кој се редовно дискриминирани. Во апелот посакуваат реакција за злоупотребата на ветото од страна на Бугарија и да се реши кризата за македонското приклучување во европска унија.[11]

„Силно сме уверени и очекуваме дека меѓународните фактори ЕУ и САД ќе реагираат во духот на копенхашките критериуми, повелбата на ОН, почитување на човековите и малцинските права на македонското национално малцинство во Бугарија и Грција."

— Апел од Македонија (2023), [10]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  1. Цело име на апелот е „Апел од Македонија, отворено писмо до државите членки на ЕУ, САД и пошироката светска јавност, од група интелектуалци и јавни личности“
  2. Апел на македонски интелектуалци до светот: Бугарија го злоупотребува членството во ЕУ, сака да се избришат Македонците како одделен народ (2023) од Скопско Ехо
  3. Апелот од Македонија, Бугарија го злоупотребува членството во ЕУ, сака да се избришат Македонците како одделен народ (2023) од Либертас
  4. Isabelle Ioannides (2007). Evaluating the EU's Crisis Missions in the Balkans. Centre for European Policy Studies. стр. 134.
  5. Sven Tägil (2001). Europe, The Return of History. Nordic Academic Press, Sweden. ISBN 9789187121623.
  6. Повик на македонски Бугари од РС Македонија кои живеат во Бугарија: Западот да изврши притисок врз РС Македонија, за таа да ги започне преговорите со ЕУ (2022) од Трибуна
  7. Отворено писмо до државите членки на ЕУ, САД и пошироката светска јавност, од група интелектуалци (2023) од Нетпрес
  8. Jelavich, Charles (2023). Tsarist Russia and Balkan Nationalism, Russian Influence in the Internal Affairs of Bulgaria and Serbia, 1879-1886. University of California Press. стр. 5. ISBN 9780520350427.
  9. Neilson, K. (2016). The British Way in Warfare: Power and the International System, 1856–1956: Essays in Honour of David French. Обединето Кралство: Taylor & Francis.
  10. 10,0 10,1 10,2 Апел од Македонија (2023) од весник Македониум
  11. 80 интелектуалци со апел од Македонија за крај на големобугарските аспирации и стремежи (2023) од Република Онлајн