Бранислав Светозаревиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бранислав Светозаревиќ Покорни
Роден 1966
Скопје
Националност Македонец
Познат научник од областа на историјата
Занимање историчар и архивист

Бранислав Светозаревиќ Покорни (роден 1966 во Скопје) е историчар, архивист и директор на Музејот на македонската борба во периодот од 2010 до 2018 година.

Образование[уреди | уреди извор]

Бранислав Светозаревиќ завршил основното образование и гимназија во Тетово. Во 1994 година дипломира на Филозофскиот факултет, Институт за историја при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 2007 година магистрира на темата „Историските и архивистичките аспекти на архивскиот фонд Виктор Аќимовиќ“, како студент на првата генерација постдипломци на насоката Историја со архивистика.

Во 2013 година на универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје, се стекна со звање доктор на историски науки, со одбрана на докторската теза под наслов „Општествено-политичкиот живот и културата на жевеење на Македонците во Тетово во првата половина на 20 век“. Во 2015 година се стекнува со звање Доцент доктор по историски науки, при Институтот за национална историја во Скопје.

Кариера[уреди | уреди извор]

Својата кариера Бранислав Светозаревиќ ја започнува во 1992 година, во Државниот архив на Р Македонија, Одделение Тетово, каде поминал низ неколку работни позиции и сектори, меѓу кои и заменик раководител на Сектор за заштита на архивската граѓа во депоата, во централниот Државен архив во Скопје.

Во 2010 година назначен е за в.д. директор на националната установа во изградба Музејот на македонската борба за државност и самостојност, а во следната година е назначен за прв директор на оваа установа.[1] На оваа функција останал до 2018 година.

Научно-истражувачка дејност[уреди | уреди извор]

Во својата две децениска научно-истражувачка и публицистичка дејност, Бранислав Светозаревиќ има објавено околу 20 рецензирани трудови, автор е на 22 фотографски, картофилски и филателистички изложби, поврзани со историјата, културата и спортот, објавувал статии на научни теми, учествувал со предавања и теми на бројни симпозиуми, конгреси и семинари, како и стручен соработник и рецензент на трудови. Бранислав Светозаревиќ е автор на неколку радио и телевизиски емисии.

Објавени дела[уреди | уреди извор]

Список на објавени дела на Бранислав Светозаревиќ:

  • „Српската и бугарската црковно-училишна пропаганда во Тетово и Тетовско 1860 – 1903“, Архив на Македонија, Матица Македонска, Скопје, 1996 г.
  • „Тетовски споменар 1919 – 1941“, Напредок, Тетово, 1999 г.
  • „Лешочкиот манастирски комплекс – црквите Св. Богородица, Св. Атанасиј, Св. Кирил и Методиј“, Полошко – кумановска епархија, 2001 г. (заедничко дело со И. Петрушевски)
  • „Електродистрибуција Тетово – 90 години од идејата, 75 години развој“, Тетово, 2002 г.
  • „Тетово и Тетовско во илинденскиот период 1895 – 1905“, ДАРМ, Скопје, 2003 г.
  • „Историските и архивистичките аспекти на архивскиот фонд Виктор Аќимовиќ“, УКИМ, Скопје, 2007 г. (магистерски труд)
  • „Македонската револуционерна организација во Тетово и Тетовско (1895 – 1908)“ – Биографски именик на членови и борци на организацијата, Млaди сили, Тетово, 2008 г.
  • „Здравството во Тетово и Тетовско во XIX и XX век“, Тетово, 2010. (заедничко дело со М. Закоска)
  • „Општествено – политичкиот живот и културата на живеењето на Македонците во Тетово во првата половина на XX век“, УКИМ, Скопје, 2013 г. (докторски труд)
  • Македонците во Тетово од ала турка до ала франга“ – општествено-политичкиот живот и културата на живеењето во првата половина на 20 век, Академски печат, Скопје, 2015 г.

Самостојни изложби[уреди | уреди извор]

Бранислав Светозаревиќ е автор на 22 фотографски, картофилски и филателистички изложби, поврзани со историјата, културата и спортот, меѓу кои се:

  • „100 години – Илинден“, филателистичка изложба, (Тетово, 2003)
  • „Тетово и Тетовско во илинденскиот период“, фотографска изложба, (Тетово, 2005)
  • „Писма до Македонија“, филателистичка изложба, (Скопје и Тетово, 2012)
  • „Тетово на старите разгледници“, изложба на разгледници, (Скопје, и Тетово 2013)
  • „Филателистичко–картофилска прошетка низ поставката на Музејот на македонската борба – Скопје“, (Скопје и Крушево, 2013)
  • Македонските народни носии на разгледници 1890 – 1950 г., (Загреб и Сплит, Р. Хрватска, 2015)[2]
  • 50 години од скопскиот земјотрес, фотографско–филателистичка изложба, (Скопје, 2013)[3]

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

За придонесот во историската и архивистичката наука, Бранислав Светозаревиќ е добитник на следниве награди и признанија:

  • Плакета за најдобар архивски работник Р Македонија за 2001 година,
  • Плакетата на Општина Тетово, Трети март, за 2010 година, за неговиот придонес во историската наука
  • Државна награда „Гоце Делчев“ за научно дело за 2015 година.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=4C41C2744451AB43B30B79396FD70CB9[мртва врска]
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-05-16. Посетено на 2016-09-01.
  3. http://grid.mk/news/505428311/otvorena-izlozhba-na-branislav-svetozarevik-po-povod-50-godini-od-skopskiot-zemjotres
  4. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2016-07-06. Посетено на 2016-09-01.