Православна црква во Америка или ПЦА (англиски: Orthodox Church in America, OCA) — делумно признена како автокефална црква која се наоѓа на петнаесеттото место во православниот свет со ранг на патријаршија. Нејзината јурисдикција се простира во Америка, поточно Северна Америка, а порано и во Австралија. Според еден извор, има 84.900 верници[3]}}[1], а според други, нивниот број е околу еден милион. Црквата ја возглавува митрополитот Тихон (род. Марк Молард).
Православната црква во Америка во 1970 година добила автокефалност од страна на Руската Православна црква. Денеска, оваа автокефалност е признаена од страна на Руската, Бугарската, Грузиската, Полската и Чешката црква. Од страна на Цариградската, Антиохиската, Александриската, Романската, Ерусалимската, Кипарската, Грчката и Албанската црква, таа не е признаена.
Денеска црквата се смета како составен дел од Руската црква.
Нејзините манастири и цркви се наоѓаат главно на територијата на САД и Канада, иако има неколку кои се наоѓаат во Мексико и Австралија.
Седиштето на црквата се наоѓа во Њујорк, САД. Главниот соборен храм „Св. Никола“ е во Вашингтон.