Прејди на содржината

Али Екс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Али Екс
Али Екс во 2015
Животописни податоци
Родено имеАлександра Ешли Хјуз[1]
Роден(а)31 јули 1985(1985-07-31)(39 г.)[2][3]
Оуквил (Онтарио), Канада[4]
Жанрови
ЗанимањаКантавторка, музички продуцент, глумица, манекенка
Издавачи
Мреж. местоalliex.com

Александра Ешли Хјуз (англ. Alexandra Ashley Hughes, родена на 31 јули 1985), позната по нејзиното уметничко име Али Екс (англиски: Allie X) ― канадска пејачка, текстописец и визуелен уметник. Музичката кариера ја започнала како инди-поп музичар кон средината на 2000-тите, кога свирела во месни групи во Торонто и напишала и снимила неколку самообјавени албуми.[9][10]

Откако во 2013 година се преселила во Лос Анџелес, Хјуз почнала да работи со продуцентите Cirkut и Billboard и постигнала успех со нејзиниот прв сингл издаден под името Али Екс, „Cаtch“, кој се искачил на 55-то место на канадската топ-100 листа и бил добро прифатен од музичките критичари.[10][11][12] Песната станала позната откако на социјалните мрежи била пофалена од поп-пејачката Кети Пери.[12]

Хјуз го издала нејзиниот прв миниалбум CollXtion I во 2015 година, по кој следеле: нејзиниот прв студиски албум CollXtion II (2017) и Super Sunset (2018). Во 2019 година, таа објавила и аналогна верзија од Super Sunset. Нејзиниот втор и трет студиски албум, Cape God и Girl with No Face, биле објавени во 2020 и 2024 година, соодветно.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Александра Ешли Хјуз е родена на 31 јули 1985 година во Оуквил, Онтарио. Татко ѝ имал британско потекло.[13] Таа учела во уметничкото училиште Етобикоке, потоа студирала класично пијано и пеење на „Академијата за уметности - Интерлокен“ во Мичиген и дипломирала на колеџот Шеридан на отсекот за музички театарски изведби.[14] [15][16][10]

Дискографија

[уреди | уреди извор]

Студиски албуми

  • CollXtion II (2017)
  • Cape God (2020)
  • Girl with No Face (2024)
  1. „Allie Hughes Valentines Wedding Spectacular“. Sticky Magazine. Архивирано од изворникот на 9 January 2012. Посетено на 18 March 2014.
  2. „Nee Sous X“. La Presse. Архивирано од изворникот на 15 October 2015. Посетено на 19 October 2015.
  3. Allie X [@alliex] (30 July 2011). „I just remembered its my birthday on Sunday. Oyyyy“ (Tweet) – преку Twitter.
  4. „Allie Hughes May Be The Next Maria“. 21 June 2008. Посетено на 9 November 2015.
  5. Daw, Stephen (18 December 2019). „Allie X Deals With Serious Déjà Vu in 'Rings a Bell'. Billboard. Посетено на 20 February 2021.
  6. Lipshutz, Jason (21 March 2014). „Scouting Report: Toronto Synth-Pop Singer Allie X“. Billboard. Посетено на 20 February 2021.
  7. Rowley, Glenn (4 October 2019). „Allie X's 'Fresh Laundry': The Pop Singer Heralds a New Era of Experimentation“. Billboard. Посетено на 20 February 2021.
  8. van den Hoogenband, Corey (19 February 2020). „Allie X Cape God“. Посетено на 20 February 2021.
  9. „Allie X (Canadian Film Centre)“. Архивирано од изворникот на 10 July 2017. Посетено на 24 May 2017.
  10. 10,0 10,1 10,2 „Allie X – Biography & History – AllMusic“. AllMusic. Посетено на 24 May 2017.
  11. Празен навод (help)
  12. 12,0 12,1 Празен навод (help)
  13. „Allie X Will Make Your Head Spin in This Kaleidoscopic Shoot Exclusively for Fault Online“. Fault. 29 July 2016. Посетено на 24 May 2017.
  14. „Dream Machine – Allie X“. Архивирано од изворникот на 27 May 2017. Посетено на 24 May 2017.
  15. „CFC announces participants for slaight music residency“. cfccreates.com. Canadian Film Centre. 18 March 2013. Архивирано од изворникот на 13 April 2015. Посетено на 9 April 2015.
  16. „LyricCanada 2010 National Conference“ (PDF). Посетено на 9 April 2015.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]