Александра Бурк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Александра Бурк
Alexandra Burke
Александра Бурк во октомври, 2011.
Биографски податоци
Родено имеАлександра Имелда Сесилија Ивен Бурк
Роден(а)25 август 1988 (1988-08-25) (31 г.)
Лондон, Англија
ЖанровиР&б, соул, поп, електро
ЗанимањаПејачка, танчерка, модел
Период на активност2005–
ИздавачиСико (2008–)
Епик (2009)
Мреж. местоalexandraburkeofficial.com

Александра Имелда Сесилија Ивен Бурк (родена на 25 август 1988)[1] е англиска пејачка која се појавува на музичката сцена после победата на петтата сезона на The X Factor серијалот во 2008 година.

Како победник на X Factor, Александра го издала нејзиниот прв сингл „Hallelujah“ (во оргинал песна на Леонард Коен), при што песната станала европски рекордер во продаденост во период за 24 часа - продавајќи 105,000 копии во еден ден,[2] но исто така и најпродавана песна и Божиќен сингл за 2008 година во Велика Британија. Од јануари 2009 година „Hallelujah“ на Бурк продала повеќе еден милион копиии правејќи ја неа прв британски соло изведувач кој продал толку копиии во Велика Британија.[3]

Нејзиниот деби албум Overcome бил реализиран во октомври 2009 и влегол на првото место на Британската албум листа. Александра до денеска има четири број 1 хитови во Велика Британија: „Hallelujah“, „Bad Boys“, „All Night Long“ и „Start Without You“. Бурк три пати била номинирана за најдобар британски сингл на соло артист на Брит Наградите.[4] Од декември 2010, има продадено повеќе од 4 милиони копии во Велика Британија (во комбинација на албумот и издадените песни).[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Alexandra – All you need to know!“. ITV. 29 November 2008. 
  2. Schmidt, Veronica. „X Factor's Alexandra Burke breaks Leona Lewis record“, The Times, 16 декември 2008 (посет. 2 ноември 2010 г).
  3. Alexandra is first million-seller“, BBC News, 9 јануари 2009.
  4. Todd, Ben. „Girl power as Lily Allen, Pixie Lott, Florence + the Machine and Lady Gaga go head to head for Brit Awards“, Mail Online, 19 јануари 2010.
  5. Daniels, Colin. „Alexandra Burke celebrates 4m sales“, Mail Online, 5 декември 2010.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Претходник
Леон Џексон
Победник на The X Factor
2008
Наследник
Џои Мекелдерли