Албер Коен
| Албер Коен | |
|---|---|
Коен во 1909 година | |
| Роден/а | 16 август 1895
Крф, Грција |
| Починат/а | 17 октомври 1981
Женева, Швајцарија |
| Занимање | писател, борец за човекови права |
| Жанр | роман |
| Значајни дела | Убавината на господарот |

Абрахам Албер Коен (16 август 1895 – 17 октомври 1981 ) — швајцарски писател со грчко потекло кој творел на француски јазик. Коен е роден 1895 на Крф, Грција во еврејско семејство. Родителите биле сопственици на фабрика за сапун, но се преселиле во Марсеј кога Коен бил дете. Завршил католичко училиште во Франција, а во 1914 се преселил во Женева каде завршил правен факултет. Со швајцарско државјанство се стекнал во 1919. За време на нацистичката окупација, тој пребегал за Бордо, а подоцна во Лондон. Во Женева се вратил во 1948, а починал таму во 1981.[1]
Романите на Коен може да се сметаат како еден долг автобиографски омаж, каде спаѓа и Убавината на господарот, роман вклучен во 100. книги на векот според Ле Монд. Романот бил награден и од француската академија.[2] Повремено бил уредник на еврејското списание Revue Juive, каде пишувале Сигмунд Фројд и Алберт Ајнштајн. Имал понуда и за амбасадорско место во Израел, но одбил за да се посвети на писателската дејност.