Убавината на господарот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Убавината на господарот
АвторАлбер Коен
ЗемјаШвајцарија
Јазикфранцуски
Издадена
1968
Страници848
ISBN2-07-026917-5

Убавината на господарот — роман од швајцарскиот писател Албер Коен, издаден во 1968. Дејството се одвива во Женева во 1930–тите, а главен лик е евреин од Средоземјето вработен во Друштво на народите, кој е вљувен во жена омажена за француски аристократ.

Романот е трет во серијата од четири автобиографски романи на писателот Коен. Добил „голема награда за роман од француската академија“, а бил преведен на повеќе светски јазици. Убавината на господарот е дел од 100. книги на векот според Ле Монд.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Belle du Seigneur“. Evene (француски). Посетено на 2012-01-01.