Прејди на содржината

Албанско-бугарски протокол (1932)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Албанско-бугарски протокол
Protocole albanais-bulgare
{{{image_alt}}}
Слика од првата страница на протоколот
ТипПротокол за заштита на малцинства
Потпишан9 јануари 1932
МестоСофија, Царство Бугарија
ПреговарачиКралство Албанија и Царство Бугарија
Потписници
РатификувалеЦарство Бугарија
Јазикфранцуски јазик

Албанско-бугарски протокол (албански: Protokolli shqiptaro-bullgar, француски: Protocole albanais-bulgare) — неуспешен протокол помеѓу Кралството Албанија и Царството Бугарија. Протоколот бил потпишан во 9 јануари 1932 година во Софија и било обид од Бугарија да се ширело процесот на бугаризација на македонското малцинство во Албанија. Потписникот за Албанија бил Мехмед Комица додека потписниците на Бугарија биле Андреј Тошев и Јанко Саказов. Договорот бил потпишан и ратифукуван во Бугарија но во Албанија не го ратификувале и заради тоа пропаднал. Во ксенофобиската русофилска бугарска историографија неуспешниот протокол се третира како доказ за присуство на бугарско малцинство во Албанија.[1][2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Позадина

[уреди | уреди извор]

Заради нејзината местоположба, Балканот било редовно окупирано од страна на различни сили, Римската империја, Византија и Отоманското Царство. Заради тоа во 1920-тите кога голем дел од балканските држави биле независни, со исклучок на Македонија почнало движење за заедничка соработка. Некој социјалисти и комунисти во овој период ја промовирале идеата на Балканската Федерација.[3] Заради тоа помеѓу 5-ти и 12-ти октомври 1930 година во Атина, Грција било задржано така нареченото прва Балканска конференција со вкупно 98 пратеници од Албанија, Југославија, Кралство Романија, Втората грчка република и Турција.[4] Во конференцијата се договориле да не воделе војни помеѓу балкански земји, да се запишаат во балкански пакт. Во средбата бугарските претставници ја почнале дискусијата за темата на малцинствата во различните балкански држави.[4] Во средбата исто така било одлучено да се формира заеднички комитет со сите балкански држави како членови и било одлучено да се задржи втор балканска конференција во иднината.[3]

Помеѓу 20-ти и 26-ти октомври 1931 година или 11-ти и 20-ти октомври според некој наводи,[5] во Истанбул, Турција се одлучило да се задржи втората балканска конференција. Во таа конференција се договориле дека државите во Балканот нема да водат војни помеѓу себе и заедничко да соработуваат економски и политички, се формирало заеднички балкански институт за здраство и медицина и други работи. Било потпишано и Балканскиот пакт каде што Грција, Турција и тогашната Југославија се договориле за заедничка соработка. При оваа средба Бугарија и Албанија почнале да соработуваат. За време на втората балканска конференција двете држави се договориле да имаат собир во идно време за потпишувањето на протокол.[6]

Протоколот

[уреди | уреди извор]
Мехмед Раница, делегат за Кралството Албанија
Андреј Тошев, делегат за Царството Бугарија
Јанко Саказов, делегат за Царството Бугарија

Протокол за признавањето на малцинства помеѓу две држави не било прв пат за бугарската држава, во 29 септември 1924 година Царство Бугарија и Грција се договориле за протокол каде што ги признавале малцинствата на другата држава. Договорот ги третирал Македонските Егејци како Бугари заради тогашната бугарска пропаганда во реонот. Во 3 февруари 1925 година со формирањето на Третата грчка република протоколот бил укинат. Протоколот бил познат како „Калфов-Политис“[7] Во 9 јануари 1932 година се договориле Албанија и Бугарија да го потпишаат албанско-бугарскиот протокол во Софија. Делегатот на Албанија бил Мехмед Коница, додека делегатите на Бугарија биле Андреј Тошев и Јанко Саказов. Со протоколот се договориле да си ги признаат малцинствата и да формирале училишта каде што ќе го предавале јазикот на малцинството, додека темата за бугарската православна црква во Албанија било одлучено да се договориле во идно време.[8]

Ако договорот било целосно ратификуван тогаш македонското малцинство во Албанија би било третирано како бугарско, тоа било дел од бугаризацијата на македонското малцинство во Албанија. Според проценката на д-р Борис Петков во 1932 година имало околу 30.000 Македонци.[9] Кога го потпишале протоколот различни балкански држави како Југославија и Грција остро реагирале. Самиот протокол бил полн со различни проблеми, според договорот имало бугарско малцинство во Албанија но при посетата во 1931 година на тие дела којшто биле обележани како бугарско мнозинство од страна на истражувачот Јосиф Свире тој истакнал во неговата книга како никој од словените којшто зборувал се идентификувале како етнички Бугари и заклучил дека бугарскиот национализам во Албанија не било присутно.[10] Грчкиот весник „Елефтерон Вима“ во една статија во 9 јануари 1932 година истакнале како протоколот немало смисла заради тоа што бројот на Албанци во Бугарија и Бугари во Албанија е многу минимален и непостоечки.[11] Српскиот весник „Политика“ исто така го критикувале потпишувањето на протоколот и истакнале како сите балкански држави требале еднакво да соработуваат додека протоколот на Албанија и Бугарија го уништувало тој процес.[12]

Втора страница на протоколот со потписот на Мехмед Раница, Андреј Тошев и Јанко Саказов

Други проблеми се појавиле со протоколот, еден од доведените прашања биле легалноста на договорот, заради тоа што голем дел од делегати којшто го потпишале протоколот тогаш не биле вработени во владата. Како пример Андреј Тошев станал премиер на Бугарија во 1935 година, после протоколот и неговиот мандат траел само неколку месеци.[13] Додека Мехмед Коница бил амбасадор на Велика Британија помеѓу 1922 и 1925 година, и станал премиер на Албанија во 1943 година. Само Јанко Саказов бил вработен кога бил потпишан договорот и тој во тоа време служел како пратеник во бугарското собрание. Според некој наводи двете страни се обидувале да ја убедаат нивната држава да го ратификуваат договорот, во Бугарија успешно ја убедиле владата заради вредноста на договорот со ширењето на бугарската пропаганда во Македонија додека во Албанија било неуспешно.[14]

Укинување

[уреди | уреди извор]

Заради притисокот од Југославија и Грција, Албанија и Бугарија одлучиле да го укинат договорот за време на третата балканска конференција којшто било задржано помеѓу 22-ти и 29-ти октомври 1932 година.[3] Било договорено Бугарија да се повлече од одобровувањето на протоколот и Југославија би почнела да соработува со Бугарија. Некој од потписницте реагирале некативно кон коментарите на Југославија, Јанко Саказов во една најава кон Британија истакнал како Балканот никогаш немало да постигне мир ако бугарските малцинства не се признаени и го наведува Југославија како најголемата закана кон балканскиот мир.[14] Според некој наводи еден од причините што договорот бил неуспешен е заради почетокот на Втората светска војна.[15]

Кога основните темели на бугаризацијата на македонците во Албанија почнало и кога имало движење за внесувањето на вештачкото бугарско малцинство во уставот на Албанија, протоколот бил користен како доказ од страна на русофилската бугарска историографија како доказ за присуството на бугарското малцинство во реонот.[1][2]

  1. 1,0 1,1 Иванова, Јорданка (20 март 2017). „European Parliament adopts resolution on Bulgarians in Albania“. БНР.
  2. 2,0 2,1 „Ковачев: Признавањето бугарско малцинство во Албанија не ја загрозува Македонија“. Локално. 15 октомври 2017.
  3. 3,0 3,1 3,2 Scurtu, Ioan; Cojocaru, Ionut (2012). BALKAN CONFERENCES (1930-1933) – SIGNIFICANT MOMENTS IN THE HISTORY OF THIS GEOGRAPHICAL REGION STATES (PDF). Annals of the Academy of Romanian Scientists, Series on History and Archaeology. стр. 75–81.
  4. 4,0 4,1 Galitzi, Christine (1933). The Balkan Federation. The Annals of the American Academy of Political and Social Science. стр. 178.
  5. Лубоцкаја, Ан (15 октомври 2006). Greece and the idea of the Balkan Union according to the materials of magazine Les Balkans. Moscow State University, Russian Federation. стр. 37.
  6. Василев, Николај (6 февруари 2017). „За Јужен Тирол и Голо Брдо“. Татковина.
  7. Дудос, Џорџ (6 септември 2024). „Со одлуката на грчкиот суд дека нема македонски јазик…“. МКД.мк.
  8. Албанско-български протокол (1932)
  9. Културен живот, том 22. Заедница на работничките културно-просветни организации на Македонија. 1977. стр. 9.
  10. Свире, Јосиф (1939). Bulgarian Conspiracy. R. Hale. стр. 254. ISBN 9780598511997.
  11. Луку, Есилда (2016). PASQYRIMI NË SHTYP I POLITIKËS SË MBRETËRISË SHQIPTARE NDAJ KONFERENCAVE BALLKANIKE (PDF). Revistë shkencore, kulturore islame tremujore. стр. 222.
  12. Мило, Паскал (1998). Albania and the Balkan Entente. БАН. стр. 110.
  13. Валкова, Марија (2023). Andrey Toshev – statesman, diplomat, politician. Софија: Софиски универзитет „св. Климент Охридски“. стр. 20.
  14. 14,0 14,1 Жикиќ, Милош (2023). YUGOSLAV-BULGARIAN RELATIONS, 1929-1941 (PDF). Белград: Дигиталном репозиторијуму Универзитета у Београду. стр. 117.
  15. „Софија не се откажува од „бугарско" малцинство во Албанија“. Експрес. 5 октомври 2017.