Прејди на содржината

Области во Египет

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта на областите во Египет

Египет е поделен на 27 области или „мухафази“ (арапски: محافظات). Секоја област има свој управник, назначен од претседателот на државата, кој има право и да го разреши по свое наоѓање. Највеќето области имаат густина на населението поголема од 1.000 жит/км2, додека трите најголеми имаат густина помала од 2 жит/км2.

Областите можат да бидат наполно градски или градско-селски. Селските имаат региони или „маркази“, а градските немаат, поради тоа што самата оваа единица подразбира збир од села. Кај најголемите градови, областа може да опфаќа само еден град, како што е случај со Каиро и Александрија. Така, овие градови-области се поделени само на окрузи (населби). Каиро има 23 окрузи, а Александрија има 6.

Селските области во Горен Египет и долж Суецкиот Канал го носат името на нивните административни центри, додека пак оние во делтата на Нил и пустинските предели имаат самостојни називи (со исклучок на Кафр ел-Шејх, Дамиета и Матрух).

Список на области

[уреди | уреди извор]
Области во Египет[1]
Бр. Област Површина (км2) Население (2006) Население (2012) Админ. центар
1 Александрија 2.300 4.123.869 4.509.000 Александрија
2 Асван 62.726 1.186.482 1.323.000 Асван
3 Асјут 13.720 3.444.967 3.888.000 Асјут
4 Бухејра 9.826 4.747.283 5.327.000 Даманхур
5 Бени Суејф 10.954 2.291.618 2.597.000 Бени Суејф
6 Каиро 3.085 8.471.859 8.762.000 Каиро
7 Дакахлија 3.538 4.989.997 5.559.000 Мансура
8 Дамиета 910 1.097.339 1.240.000 Дамиета
9 Фајум 6.068 2.511.027 2.882.000 Фајум
10 Гарбија 1.942 4.011.320 4.439.000 Танта
11 Гиза 13.184 5.724.545 6.979.000 Гиза
12 Исмаилија 5.067 953.006 1.077.000 Исмаилија
13 Кафр ел-Шејх 3.467 2.620.208 2.940.000 Кафр ел-Шејх
14 Матрух 166.563 323.381 389.000 Мерса Матрух
15 Миња 2.262 4.166.299 4.701.000 Миња
16 Минуфија 2.499 3.270.431 3.657.000 Шибин ел-Ком
17 Нова Долина 440.098 187.263 208.000 Харга
18 Северен Синај 27.564 343.681 395.000 Ариш
19 Порт Саид 1.345 570.603 628.000 Порт Саид
20 Каљубија 1.124 4.251.672 4.754.000 Бенха
21 Кена 8.980 3.001.681 2.801.000 Кена
22 Црвено Море 120.000 288.661 321.000 Хургада
23 Шаркија 4.911 5.354.041 6.010.000 Заказик
24 Сохаг 11.218 3.747.289 4.211.000 Сохаг
25 Јужен Синај 31.272 150.088 159.000 Ет-Тур
26 Суец 9.002 512.135 576.000 Суец
27 Луксор 2.960 457.286 1.064.000 Луксор
Вкупно 996.602,6 72.798.031 81.396.247

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Централен завод за јавна мобилизација и статистика (CAPMAS), 2011 и 2012 г.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]