Луксор (област)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Област Луксор
Област
Знаме на Област ЛуксорЛого на Област Луксор
Амблем
Областа Луксор во рамките на Египет
Областа Луксор во рамките на Египет
ДржаваЕгипет Египет
СедиштеЛуксор (главен град)
Управа[2]
 • Областник
/ Гувернер
Мустафа Мохамед Алхем Калед[1]
Површина[3]
 • Вкупна2.960 км2 (1,140 ми2)
Население (јануари 2018)
 • Вкупно1.270.000[4]
Часовен појасИЕВ (UTC+2)
Мреж. местоluxor.gov.eg

Областа Луксор ― една од областите (гувернерства) на Египет, постоејќи од 7 декември 2009 година, кога поранешниот претседател Хосни Мубарак го објавил нејзиното одвојување од областа Кена.[5] Се наоѓа на 635 км јужно од Каиро. Моментално е најмалата област во Египет, која опфаќа приближно 5 км од север кон југ, и 1,5 км од исток кон запад и лежи во Горен Египет покрај Нил. Градот Луксор е главен град на областа Луксор.

Преглед[уреди | уреди извор]

И покрај тоа што областа е една од главните одредишта за туристи во Египет, стапката на сиромаштија е повеќе од 60% во оваа област, но неодамна биле обезбедени некои мрежи за социјална заштита во облик на финансиска помош и можности за работа. Финансирањето е координирано од Министерството за финансии на земјата и со помош од меѓународни организации.[6]

Општински единици[уреди | уреди извор]

Областа е поделена на следните општински единици со вкупно проценето население заклучно со јули 2017 година од 1.255.703. Во некои случаи има еден марказ и кисма со истото име.[7][8]

Општински единици
Име Арапско име Арапска (латинична)
транслитерација
Население
(проценка од јули 2017)
Вид
Курна مركز القرنه Al-Qarnah 165.016 Марказ
Луксор قسم الأقصر Al-Uqṣur 243.817 Кизам (целосно урбана)
Луксор مركز الأقصر Al-Uqṣur 165.928 Марказ
Армант مركز أرمنت Armant 174.774 Марказ
Есна مركز إسنا Isnā 432.908 Марказ
Тиба مركز شرطة طيبة Shurṭah Ṭībah 73.260 Марказ

Амблем[уреди | уреди извор]

Амблемот на Луксор ја претставува бистата на Тутанкамон на палуба на староегипетско кану, крстарејќи по Нил, со обелиск и сончева светлина во позадина.

Географија[уреди | уреди извор]

Вкупната површина на областа е 2960 км2, што претставува 0,24% од површината на земјата.

Население[уреди | уреди извор]

На пописот во 2012 година, населението на областа која во 2009 година била создадена во новата област на Луксор било 1.064.000 луѓе. Од нив 47,4% живееле во урбани средини, додека 52,6% во рурални средини. Годишната стапка на раст на населението е 18,2 промили. Според проценките на населението од 2015 година, истата бројка е 1.147.058 со стапка на урбанизација од 37,8%.[9]

Индустриски зони[уреди | уреди извор]

Според египетската Управа за инвестиции и слободни зони, подредена на Министерството за инвестиции, следните индустриски зони се наоѓаат во оваа област:[10]

  • Ел Богдади
  • (Нова индустриска зона на урбана заедница) Нова Тиба

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „رسمياً.. المحافظون الجدد ونوابهم يؤدون اليمين الدستورية أمام الرئيس“. Almasry Alyoum (арапски). 30 август 2018. Архивирано од изворникот 31 август 2018. Посетено на 28 октомври 2021.
  2. „Luxor Governorate“. sis.gov.eg. Посетено на 28 октомври 2021.
  3. „Governorate in brief“. luxor.gov.eg.
  4. „Population Estimates By Governorate (Urban /Rural) 1/1/2018“. www.capmas.gov.eg. Архивирано од изворникот 2 ноември 2018. Посетено на 28 октомври 2021.
  5. Luxor announced Egypt’s 29th governorate Архивирано на 13 февруари 2010 г., извештај од Daily News Egypt од 7 декември 2009. Пристапено на 28 октомври 2021.
  6. „Social Solidarity Ministry to provide citizens with disabilities financial support“. Egypt Independent. 25 јули 2017. Посетено на 28 октомври 2021.
  7. „Luxor Governorates Subdivisions“. CityPopulation.de. Архивирано од изворникот на 25 ноември 2018. Посетено на 28 октомври 2021.
  8. „Markazes of Egypt“. statoids.com. Gwillim Law. Архивирано од изворникот на 19 октомври 2017. Посетено на 28 октомври 2021.
  9. „Population Estimates By Sex & Governorate 1/1/2015“ (PDF). CAPMAS. Архивирано од изворникот (PDF) на 19 октомври 2015. Посетено на 28 октомври 2021.
  10. „Industrial Zones of Governorate“. Ministry of Investment Egypt. Архивирано од изворникот на 23 ноември 2018. Посетено на 28 октомври 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]