Прејди на содржината

Бени Суејф (област)

Координати: 29°04′34″N 31°05′49″E / 29.076° СГШ; 31.097° ИГД / 29.076; 31.097
Од Википедија — слободната енциклопедија
Област Бени Суејф
Област
Знаме на Област Бени СуејфЛого на Област Бени Суејф
Амблем
Областа Бени Суејф во рамките на Египет
Областа Бени Суејф во рамките на Египет
ДржаваЕгипет Египет
СедиштеБени Суејф (главен град)
Управа
 • Областник
/ Гувернер
Хани Абдул-Џабер Мохамед Ибрахим[1]
Површина
 • Вкупна1,322 км2 (0,510 ми2)
Население (јануари 2018)
 • Вкупно3.214.000[2]
Час. појасИЕВ (UTC+2)
ИЧР (2017)0.661[3]
среден
Мреж. местоbenisuef.gov.eg

Областа Бени Суејф (арап. محافظة بني سويف‎ Muḥāfāzah Banī Suwīf) ― една од областите (гувернерства) на Египет. Се наоѓа во средиштето на земјата.

Главен град на оваа област е градот Бени Суејф, кој се наоѓа на околу 120 км јужно од Каиро на западниот брег на реката Нил. Областа е добро позната во Египет по фабриките за цемент. Блиската пирамида Мејдум е единствената истакната туристичка знаменитост во областа.

Поради различните начини на препишување на правописот, таа може да биде позната и како Бени Суеф или Бени Суаиф/Сваиф.[4]

Стапката на сиромаштија е повеќе од 60% во оваа област, но неодамна биле обезбедени некои мрежи за социјална заштита во облик на финансиска помош и можности за работа. Финансирањето е координирано од Министерството за финансии на земјата и со помош од меѓународни организации.[5]

Општински единици

[уреди | уреди извор]

Областа е поделена на следните општински единици за административни цели со вкупно проценето население заклучно со јули 2017 година од 3.171.186. Во некои случаи, еден марказ и кисма делат име.[6][7]

Општински единици
Име Арапско име Арапска (латинична) транслитерација Население
(проценки од јули 2017)
Вид
Ел Фашн مركز الفشن Al-Fashn 470.846 Марказ
Ел Уаста/Васта مركز الواسطى Al-Wāsiṭā 493.368 Марказ
Бени Суејф قسم بنى سويف Banī Suwayf 235.867 Кизам (целосно урбана)
Бени Суејф مركز بنى سويف Banī Suwayf 431.278 Марказ
Биба مركز ببا Bibā 469.488 Марказ
Ихнасија مركز أهناسيا Ihnāsiyā 391.721 Марказ
Нов Бени Суејф قسم مدينة بنى سويف الجديدة Madīnat Banī Suwayf al-Jadīdah 27.873 Кизам (целосно урбана)
Насер مركز ناصر Nāṣir 373.510 Марказ
Сумуста Ел Вакф مركز سمسطا Sumusṭā al-Waqf 277.235 Марказ

Население

[уреди | уреди извор]

Според проценките на населението од 2015 година, мнозинството жители во областа живеат во рурални места, со стапка на урбанизација од само 23,2%. Од проценетите 2.856.812 луѓе кои живеат во областа, 2.193.871 луѓе живеат во руралните места наспроти само 662.941 во урбаните места.[8]

Индустриски зони

[уреди | уреди извор]

Според египетската Управа за инвестиции и слободни зони, подредена на Министерството за инвестиции, следните индустриски зони се наоѓаат во оваа област:[9][10]

  • Индустриска зона Ком Абу Ради
  • Индустриска зона Бајад Ал Араб
  • Индустриска зона 31-1
  • Индустриска зона 31-2
  • Индустриска зона 31-3
  • Индустриска зона 31-4
  • Габал Гареб - тешка индустрија
  • Нова индустриска зона Бени Суејф
  1. „رسمياً.. المحافظون الجدد ونوابهم يؤدون اليمين الدستورية أمام الرئيس“. Almasry Alyoum (арапски). 30 август 2018. Архивирано од изворникот 31 август 2018. Посетено на 28 октомври 2021.
  2. „Population Estimates By Governorate ( Urban /Rural ) 1/1/2018“. www.capmas.gov.eg. Архивирано од изворникот 2 октомври 2018. Посетено на 28 октомври 2021.
  3. „Sub-national HDI - Area Database - Global Data Lab“. hdi.globaldatalab.org (англиски). Посетено на 28 октомври 2021.
  4. „Banī Suwayf GOVERNORATE, EGYPT“. britannica.
  5. „Social Solidarity Ministry to provide citizens with disabilities financial support“. Egypt Independent. 25 јули 2017. Посетено на 28 октомври 2021.
  6. „Beni Suef Governorates Subdivisions“. CityPopulation.de. Архивирано од изворникот на 28 април 2018. Посетено на 28 октомври 2021.
  7. „Markazes of Egypt“. statoids.com. Gwillim Law. Архивирано од изворникот на 19 октомври 2017. Посетено на 28 октомври 2021.
  8. „Population Estimates By Sex & Governorate 1/1/2015“ (PDF). CAPMAS. Архивирано од изворникот (PDF) на 19 октомври 2015. Посетено на 28 октомври 2021.
  9. „Industrial Zones of Governorate“. Ministry of Investment Egypt. Архивирано од изворникот на 23 ноември 2018. Посетено на 28 октомври 2021.
  10. „Beni Suef Industrial Map“. benisuef.gov.eg. Beni Suef Gov Egypt. Архивирано од изворникот на 27 декември 2013. Посетено на 28 октомври 2021.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]