Хургада

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хургада
الغردقة (арапски)
al-Ghardaqah
Al-Gouna: a compound on the suburbs of Hurghada.
Al-Gouna: a compound on the suburbs of Hurghada.
Хургада се наоѓа во Египет
Хургада
Location in Egypt
Координати: 27°15′28″ СГШ 33°48′42″ ИГД / 
Country  Египет
Governorate Red Sea
Население
 • Вкупно 248.000
Часовен појас EST (UTC+2)

Хургада (арапски: الغردقة Al Ġurdaqa) е град во областа по име Црвено Море во Египет. Главен туристички центар и втор град по големина во тој реон (после Суец) лоциран на брегот на Црвеното Море.

Основање[уреди | уреди извор]

Градот е формиран на почетокот на 20 век, а од 1980-те години постојано се зголемува. Во овој град инвестираат и египетски и странски инвеститори, и го претвораат во водечки центар крај брегот на Црвеното Море. Хотелите нудат бројни туристички морски атракции, меѓу кои водечки се спортовите на вода, како и нуркање, пловење со јахти, едрилици и друго.

Хургада се протега на околу 36 километри крај морскиот брег, но не и длабоко во пустината. Главно место за туризам е за жителите од Каиро, но и за туристи од Европа. До скоро ова било само едно мало рибарско место, но денес Хургада е град со околу 248.000 жители, и поделен е на три дела: Центар (Ел Дахар) е стариот дел; Сакала е центарот на градот и Ел Мемша (Селски пат) е современиот дел.

Клима[уреди | уреди извор]

Ал-Махмеја, национален парк на брегот на Хургада.

Хургада има суптропска и пустинска клима, со благи зими и топли до врели лета. Летната сезона трае речиси цела година. Сончевите денови се околу 3.800 часа годишно, што е еден од највисоките резултати во светов, а во просек се движат од 9 сончеви часа во декември до 13 сончеви часа во јули. Просечната годишна температура на морето е 24 °C, и се движи од 21 °C во февруари и март до 28 °C во август.

Климатски податоци за Хургада
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Прос. висока °C (°F) 21.5
(70.7)
22.6
(72.7)
25.2
(77.4)
29.1
(84.4)
32.9
(91.2)
35.3
(95.5)
36.2
(97.2)
37.1
(98.8)
35.3
(95.5)
31.1
(88)
26.8
(80.2)
22.7
(72.9)
30.48
(86.86)
Сред. дневна °C (°F) 16.3
(61.3)
17.0
(62.6)
19.6
(67.3)
23.5
(74.3)
24.9
(76.8)
30.1
(86.2)
31.3
(88.3)
34.2
(93.6)
29.3
(84.7)
26.0
(78.8)
21.7
(71.1)
17.6
(63.7)
24.04
(75.27)
Прос. ниска °C (°F) 11.0
(51.8)
11.4
(52.5)
14.0
(57.2)
17.8
(64)
21.9
(71.4)
24.8
(76.6)
26.4
(79.5)
27.2
(81)
24.2
(75.6)
20.9
(69.6)
16.6
(61.9)
12.5
(54.5)
18.97
(66.15)
Прос. врнежи мм (ин) 0.4
(0.016)
0.02
(0.0008)
0.3
(0.012)
1.0
(0.039)
0.04
(0.0016)
0.0
(0)
0.0
(0)
0.0
(0)
0.0
(0)
0.6
(0.024)
2.0
(0.079)
0.9
(0.035)
5.26
(0.2071)
Прос. бр. врнежливи денови (≥ 0.01 mm) 0.3 0.2 0.3 0.3 0.2 0.0 0.0 0.0 0.0 0.2 0.2 0.3 2.0
Сред. бр. сончеви часови месечно 279 290 310 300 341 360 403 372 330 310 270 279 3.844
Извор: World Meteorological Organization (UN),[1] weather2travel.com[2] for data of sunshine hours

Водени спортови[уреди | уреди извор]

Хургада е меѓународен центар за водени спортови како што се: едрење, подводен риболов, пливање, и пред сè нуркање, затоа што подводните гребени се сметаат за најдобри во цел свет. Топлото море овде е идеално за животот на разни видови риби и корали, кои може да се набљудуваат и од чамците со стаклен под.

Наводи[уреди | уреди извор]