Џон Вик
„Џон Вик“ | |
---|---|
Плакатот на македонски | |
Режисер | Чад Стахелски |
Продуцент |
|
Сценарист | Дерек Колстад |
Главни улоги | |
Музика |
|
Кинематографија | Џонатан Села |
Монтажа | Елизабет Роналдс |
Дистрибутер | Summit Entertainment |
Премиера | 24 октомври 2014 г. |
Времетраење | 101 минута |
Земја | САД |
Јазик |
|
Буџет | 20 — 30 милиони долари |
Бруто заработка | 86 милиони долари |
Следен | Џон Вик 2 |
Џон Вик (англиски: John Wick) — американски акционен трилер од 2014 г. во режија на Чад Стахелски и сценарио на Дерек Колстад. Го следи Џон Вик (Кијану Ривс), легендарен платен убиец што е принуден да се врати во злосторничкиот свет по тешкото заработено пензионирање за да се одмазди за убиството на своето куче, последниот подарок од неговата неодамна почината сопруга. Во филмот играат и Микаел Никвист, Алфи Ален, Адријан Палики, Бриџит Мојнахан, Дин Винтерс, Ијан Макшејн, Џон Легвизамо и Вилем Дефо. Премиерата во САД била на 24 ноември 2014 г.[1][2]
Содржина
[уреди | уреди извор]По ненадејната смрт на неговата сакана жена, Џон Вик (Кијану Ривс) добива последен подарок од неа — кученцето зајчар Дејзи и белешка во која се бара да не заборави како е да се сака. Тагувањето на Џон е прекинато кога неговиот мустанг од 1969 г. го привлекува вниманието на садистичкиот злосторник Јосиф Тарасов (Алфи Ален). Кога Џон одбива да му ја продаде колата, Јосиф и неговите послушници упаѓаат во неговата куќа, ја крадат колата, го тепаат до бесвест и ја убиваат Дејзи, несвесни дека штотуку го разбудиле еден од најжестоките убијци што некогаш биле видени во подземјето.
Потрагата на Џон по украдената кола го носи во делови од Њујорк каде што туристите никогаш нема да ги видат, односно злосторничкото подземје со кое некогаш владеел Џон Вик. Џон наскоро дознава дека го бара синот на Виго Тарасов (Микаел Никвист), суров руски мафијаш и неговиот поранешен ортак, кој го уценува со надеж дека ќе го спаси своето дете. За да преживее, Џон повторно станува безмилосен убиец и се впушта во борба со Виго и неговите војници во која можеби никој нема да преживее.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Surrey, Miles (2019-05-16). „A Complete Guide to the 'John Wick' Universe“. The Ringer (англиски). Посетено на 2023-11-02.
- ↑ „John Wick (film)“. The John Wicki (англиски). Посетено на 2023-11-02.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Џон Вик“ на Ризницата ? |