Прејди на содржината

Џин Роденбери

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џин Роденбери

Џин Роденбери (англиски: Gene Roddenberry) (19 август 192124 октомври 1991) бил американски сценарист и продуцент. Тој е творецот на Star Trek.

Роден е на 19 август 1921 година во Ел Пасо, Тексас. Детството го поминал во Лос Анџелес. Во младоста, тој има учествувано во Втората светска војна како воен пилот. За време на војната тој пишува стории и поеми кои биле објавувани во реномирани весници како што е New York Times. Исто така бил дел и од полицијата во Лос Анџелес од 1949 до 1956 година.

Работи на сценарија за некои серии, и конечно во 1966, неговата најуспешна серија, Star Trek почнува редовно да се емитува. Исто така се јавува и како продуцент на неколку од долгометражните филмови, но и како консултант за серијалите кои настанаа од неговиот оригинален Star Trek. Неговото име, нормално може да го сретнете во било која епизода на Star Trek од било кој од 5 серијали, како и анимираната серија.

Во 1986 година, добива и своја ѕвезда во Холивуд, и е првиот сценарист/продуцент кој добил своја ѕвезда на Патеката на славните.

Следната година почнува да се прикажува Star Trek: The Next Generation, која за 7 години прикажувања има добиено многу Emmy награди.

Роденбери е исто така добитник и на Jack Benny Memorial Award, награда за животно дело.

Роденбери почина на 24.10.1991, оставајќи ја зад себе својата сопруга Мејџел Берет, добро позната на обожавателите на Star Trek: TOS, бидејќи ја толкуваше улогата на медицинската сестра Chapel. Исто така остави и три деца, 1 син и две ќерки од неговиот претходен брак.