Џахит Арф

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џахит Арф
Cahit Arf
Роден(а)24 октомври 1910(1910-10-24)
Солун, Османлиско Царство
Починал(а)26 декември 1997(1997-12-26) (возр. 87)
Бебек, Истанбул, Турција
НационалностТурска
ПолињаМатематика
Установи
Образование
Докторски менторХелмут Хасе
Познат по

Џахит Арф (Солун, 24 октомври 1910; Истанбул, 26 декември 1997) — турски математичар. Тој е познат по Арфовата непроменлива на квадратен облик во карактеристиката 2 (применета во теоријата на јазли и хируршката теорија) во топологијата, Хасе-Арфовата теорема во теоријата на разгранување, Арфовите полугрупи и Арфовите прстени.

Животопис[уреди | уреди извор]

Џахит Арф е роден на 11 октомври 1910 година[1] во Солун, тогаш дел од Отоманското Царство. Неговото семејство се отселило во Истанбул со избувнувањето на Балканската војна во 1912 година. Семејството конечно се населило во Измир каде Џахит Арф го стекнал своето основно образование. По добивањето стипендија од турското Министерство за образование, го продолжил своето образование во Париз и дипломирал на Вишата нормална школа.

Кога се вратил во Турција, предавал математика во Галатасарајскиот лицеј. Во 1933 година се приклучил на Катедрата за математика на Истанбулскиот универзитет. Во 1937 година заминал во Гетинген, каде што докторирал на Гетингенскиот универзитет и работел со Хелмут Хасе и Хозе Круз де Муњоз. Се вратил на Истанбулскиот универзитет и таму работел до неговото вклучување во основањето на Советот за научни и технолошки истражувања (TÜBİTAK) по назначувањето на претседателот Џемал Ѓурсел во 1962 година. Откако служеше како основач на советот во 1963 година, ѝ се приклучил на Катедрата за математика на Робертовиот колеџ во Истанбул. Арф го поминал раздобјето од 1964 до 1966 година работејќи во Институтот за напредни студии во Принстон, Њу Џерси.[2] Подоцна поминал една година на Универзитетот во Калифорнија, Беркли.

По неговото конечно враќање во Турција, ѝ се приклучил на Катедрата за математика на Блискоисточниот технички универзитет и ги продолжил проучувањата таму до неговото пензионирање во 1980 година. Арф добил бројни награди за неговиот придонес во математиката, меѓу кои се: наградата Инону во 1948 година, Наградата за научни и технолошки истражувања на Турција (TÜBİTAK) во 1974 година и Орден „Академски палми“ (Франција) во 1994 година. Арф бил член на Академијата Мајнц и Турската академија на науките. Бил претседател на Турското математичко друштво од 1985 до 1989 година. Арф починал на 26 декември 1997 година во Бебек, Истанбул, на 87-годишна возраст. Неговите собрани дела биле објавени во 1988 година од Турското математичко друштво.

Влијание[уреди | уреди извор]

Реверс на банкнотата од 10 лири (2009)
Надгробниот споменик на Џахит Арф, гробишта Зинџирликују, Истанбул

Влијанието на Арф врз науката воопшто и особено врз математиката било длабоко. Иако имал многу малку формални студенти, многу од турските математичари, во одреден период од нивната кариера, имале плодни расправи за нивното поле на интерес со него и добиле поддршка и охрабрување.

Ја олеснил сега прославената посета на Роберт Ленглендс на Турција (сега познат по програмата Ленгландс, меѓу многу други работи); при што Ленгландс изработил некои напорни пресметки на ипсилонските фактори на Артиновите L-функции.

Портретот на Арф е прикажан на задната страна на турската банкнота од 10 лири издадена во 2009 година.[3]

Одделот за математика на Блискоисточниот технички универзитет секоја година организира специјална сесија предавања наречени „Предавања Џахит Арф“ во спомен на Арф.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Cahit Arf Архивирано на 4 март 2016 г., by J.J. O'Connor and E.F. Robertson, at MacTutor History of Mathematics Archive
  2. Institute for Advanced Study: A Community of Scholars Архивирано на 6 јануари 2013 г.
  3. Central Bank of the Republic of Turkey Архивирано на 15 јуни 2009 г.. Banknote Museum: 9. Emission Group – Ten Turkish Lira – I. Series Архивирано на 10 мај 2009 г.. – Retrieved on 20 April 2009.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]