Прејди на содржината

Џамија Кул Шариф

Од Википедија — слободната енциклопедија
Џамија Кул Шариф
Религија
Припадностислам
ОкругТатарстан
Статусактивна
Локација
ЛокацијаКазан, Русија
Карта
Географски координати55°47′54.49″N 49°06′17.32″E / 55.7984694°N 49.1048111°E / 55.7984694; 49.1048111
Архитектура
Типџамија
Завршена во2005
Спецификации
Капацитет6.000
Купола(и)1
Минаре(иња)4

Џамија Кул Шариф[1][2] (татарски: Кол Шәриф мәчете; руски: Мечеть Кул-Шариф) – џамија во Казанскиот кремљ позната по тоа што во времето на изградбата била една од најголемите џамии во Русија и Европа, вон Истанбул.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Првично, џамијата била изградена во Казански кремљ во 16 век. Името го добила по Кул Шариф, верски учен кој таму служел. Кул Шариф погинал со своите многубројни ученици, додека го бранел Казан од руските сили во 1552 година. Се верува дека зградата вклучувала минариња, во облик на куполи и шатори. Неговиот дизајн бил традиционален за Волшка Бугарија, иако веројатно биле искористени и елементи од раната ренесанса и отоманската архитектура. Во 1552 година, за време на опсадата на Казан Иван Грозни го уништил градот.

Татарските научници шпекулираат за тоа дали некои елементи од џамијата Кул Шариф можат да се видат во црквата Свети Василиј во Москва (8 минариња и централна купола, што не е карактеристично за руската архитектура). Од 1996 година, џамијата почнала повторно да се гради во Казански кремљ, иако нејзиниот изглед е модерен. Нејзината инаугурација на 24 јули 2005 година го означила почетокот на прославите посветени на милениумот од основањето на Казан. Таа може да прими 6.000 верници.

Неколку земји придонеле во фондот кој бил основан за обнова на џамијата Кул Шариф, конкретно Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати. Денес џамијата претежно служи како музеј на исламот. Во исто време за време на големите муслимански прослави илјадници луѓе се собираат таму за да се молат.

Комплексот Кул Шариф бил предвиден да биде важен дел од архитектурата на Казан. Освен главната зграда во џамијата, комплексот вклучува и библиотека, издавачка куќа и канцеларија на имамот.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. „Kul Sharif Mosque, Kazan, Russia - Russia Travel Guide“. Travel All Russia (англиски). 2015-12-09. Посетено на 2018-09-02.
  2. „Kul Sharif Mosque, Kazan - TripAdvisor“. TripAdvisor (англиски).
  3. „Putin joins Tatarstan festivities“. BBC News. 2005-08-26. Посетено на 2010-05-22.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]