Прејди на содржината

Ју Несбе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ју Несбе
Jo Nesbø
Несбе во 2008
Роден/аJon Nesbø
29 март 1960(1960-03-29)(64 г.)
Осло, Норвешка
ЗанимањеРоманописец, музичар, фудбалер
ЈазикНорвешки, англиски
Жанркриминалистички, хорор, мистериозни романи, книги за деца
ПредметКрими, трилер, мистерија
Значајни делаСерија „Хари Хуле“
Значајни наградиНаграда Ривертон
Деца1
мрежно место
jonesbo.com
Ју Несбе
Jo Nesbø
Лични податоци
Роден на 29 март 1960(1960-03-29)(64 г.)
Роден во Осло, Норвешка
Позиција Напаѓач
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1977–? Молде ? (?)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари

Ју Несбе (Осло, 29 март 1960) — норвешки писател и музичар. Тој е најпознат по неговите криминалистички романи за детективот Хари Хуле, кои му донеле бројни награди и светска слава. Тој е пејач и текстописец на норвешката поп-рок група Ди Дере.

Животопис[уреди | уреди извор]

Ју Несбе е роден во Осло, но неговото семејство се преселило во Молде кога тој имал осум години.[1] Како тинејџер играл за прволигашкиот фудбалски клуб Молде, но откако ги повредил лигаментите на коленото морал да се откаже од фудбалот.[2] Се пријавил во војска и служел три години, по што се запишал на Норвешкиот економски универзитет (Norges Handelshøyskole) во Берген. По дипломирањето, работел како независен новинар и брокер на акции.[2] Денес живее и работи во Осло.[1]

Кариера[уреди | уреди извор]

Првиот во серијата романи за детективот Хари Хуле е романот Лилјак (Flaggermusmannen) од 1997 година. За тој роман, Несбе ја добил наградата „Ривертон“ за најдобар норвешки криминалистички роман и наградата „Стаклен клуч“ за најдобар нордиски криминалистички роман. По нив следувале многу други награди, од кои последната била наградата „Пер Гинт“ „за меѓународен успех и ставање на Норвешка на мапата на светската книжевност“.[2] Покрај романите за Хари Хуле, објавил и четири романи за деца во серијата Доктор Проктор, како и неколку независни романи и збирки раскази.[2] Врз основа на романот „Ловци на глави“ (Hodejegerne), во 2011 година снимен е истоимен филм во Норвешка, во режија на Мортен Тилдум.[3]

Библиографија[уреди | уреди извор]

Романи со детективот Хари Хуле[уреди | уреди извор]

  • 1997 – Flaggermusmannen: Лилјакот
  • 1998 – Kakerlakkene: Лебарки
  • 2000 – Rødstrupe: Црвеношијка
  • 2002 – Sorgenfri: Немеза
  • 2003 – Marekors: Ѓаволова ѕвезда
  • 2005 – Frelseren: Спасителот
  • 2007 – Snømannen: Снешко
  • 2009 – Panserhjerte: Леопард
  • 2011 – Gjenferd: Сеништето
  • 2013 – Politi: Полиција
  • 2017 – Tørst: Жед
  • 2019 – Kniv: Нож
  • 2022 – Blodmåne: Крвава месечина

Романи со доктор Проктор[уреди | уреди извор]

  • 2007 – Doktor Proktors Prompepulver
  • 2008 – Doktor Proktors Prompepulver: tidsbadekaret
  • 2010 – Doctor Proktor og verdens undergang. Kanskje.
  • 2012 – Doktor Proktor og det store Gullrøveriet: Доктор Проктор и големата кражба на злато

Романи со Олаф Јохансен[уреди | уреди извор]

  • 2014 – Blod på snø: Крв на снегот (роман)
  • 2015– Mere blod: Полноќно сонце (роман)

Други[уреди | уреди извор]

  • 1999 – Stemmer fra Balkan/Atten dager i mai (документарна проза )
  • 2001 – Karusellmusikk (раскази)
  • 2007 – Det hvite hotelel (роман)
  • 2008 – Hodejegerne: Ловци на глави (роман)
  • 2014 – Sønnen: Син (роман)
  • 2018 – Macbeth: Макбет (роман)
  • 2020 – Kongeriket: Кралството (роман)
  • 2021 – Sjalusimanen og andre fortellinger: Стручњак за љубомора и други раскази:(збирка раскази)
  • 2021 – Rotteøya og andre fortellinger: Остров на стаорците и други приказни (збирка раскази)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ekskluzivni intervju: Jo Nesbø Архивирано на 10. lipnja 2015.., Lana Bunjevac, bestseller.jutarnji.hr, 24.srpnja 2013., пристапено на 6 октомври 2013
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Официјално мрежно место, пристапено на 6 октомври 2013.(англиски)
  3. IMDb: Hodejegerne (2011), пристапено на 6 октомври 2013.(англиски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]