Procter & Gamble

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
The Procter & Gamble Company
Тип јавна (NYSEPG)
Oснована 1837
Седиште One Procter & Gamble Plaza, Синсинати, Охајо, САД 45202
Клучни личности A. G. Lafley, Chairman, President, and Chief Executive.
Дејност Стока за широка потрошувачка
Приходи US$78,9 [1] милијарди(2010)
Нето приход US$12,7 [1] милијарди(2010)
Вработени 127.000
Портал www.pg.com


Procter & Gamble (P&G) или транскрибирано Проктер и Гембл е американска мултинационална корпорација со седиште во Синсинати, Охајо, која произведува широка палета на производи за широка потрошувачка. Од 2008, Проктер и Гембел е осмата најголемата корпорација во светот за пазарна капитализација и 14та најголема американска компанија според профит. Компанијата (од 2007) е 10та на листата на компании за восхит, Fortune's Most Admired Companies list.[2][3] P&G е заслужна за многу бизнис иновации вклучувајќи ги бренд менаџмент, сапунски опери, и иницијативата за Поврзување и развој, Connect + Develop.Според компанијата Нилсен, во 2007, P&G потроши најмногу буџет на рекламирање од сите други компании; 2.62 билиони долари кои проктер и гембл ги потроши е речиси двапати повеќе од буџетот што го потроши Џенерал Моторс[4] Компанијата Проктер и гембл беше назначена за рекламатор на годината во 2008 од страна на Канскиот меѓународен маркетинг фестивал.[5]

Историја[уреди]

Вилијам Проктер, произведувач на свеќи и Џејмс Гембл, произведувач на сапун, се имигранти од Англија и Ирска респективно,кои се преселија во Цинцинати, каде благодарение на тоа што се оженија за двете сестри Оливиа и Елизабет Норис се запознаа и првично ја оформија компанијата. Компанијата беше оформена на 31 октомври 1837. Во 1859, продажбата достигна еден милион американски долари. До овој момент компанијата броела околу 80 вработени. За време на Американската граѓанска војна, компанијата доби тендер да ја снабдува Војската со сапун и свеќи. Благодарение на успешниот тендер војници од целата земја беа запознаени со производите на Проктер и гембл, а воедно и нивните семејства. Во 1880, компанијата започна да продава нов производ, сапун, кој плови во вода. Компанијата го нарече сапунот Слонова коска. Вилијам Арнет Проктер, внукот на Вилијам Проктер, во 1887, започна со програма за распределба на профитот помеѓу работната сила во компанијата. На овој начин, тој правилно претпостави дека работниците ке бидат повеќе задоволни и помалку ке излегуваат на штрајк.

Компанијата започна да гради фабрики и на други локации во САД, бидејќи побарувачката го надмина капацитетот на филијалите во Цинцинити. Лидерите на компанијата започнаа да ги диверзифицираат производите. Во 1911, започнаа со производство на Криско, создаден од растителни масла наместо од животински. После 1920 откако радиото стана многу популарно, компанијата стана спонзор на многу радио програми.

Компанијата се прошири и во други земји како на полето на производство така и на полето на продажба, и стана меѓународна компанија. Проктер и гембл одржуваа силна врска со Англија. Бројни нови производи и имиња на брендови беа претставувани постепено низ времето, и Проктер и гембел започна да се разгранува во повеке области. Во 1946, компанијата го претстави "Тајд" детерргент за бели алишта и во 1950, шампонот "Прел". Во 1955, Проктер и гембл започнаа со продажба на првата паста за заби која содржеше флуор, позната како "Крест". Во 1957 се разгранија уште еднаш, со тоа што започнаа со производство на тоалетна хартија и други хартиени продукти. Во 1960 повторно се фокусираа на облека и го создадоа"Давни", омекнувач за алишта. Едни од најреволуционерните производи кои произлегоа од оваа компанија се "Памперс", кои прв пат се тестирани во 1961.

Иако, Проктер и гембл драстично се проширија низ нивната историја, седиштето на компанијата остана во Цинцинати, Охајо.

Во јануари 2005, Проктер и гембл најавија соединување на Глобал Жилет,Gillette, со што ја поставија дотогаш најголемата компанија Унилевер,Unilever на второ место. Со тоа додадоа нови брендови во својата палета како, Дурацел, Браун, и Орал−Б. Освојувањето бе одобрено од Европската Унија и од Трговската Комисија. Брендовите за дезодоранс беа продадени на корпорацијата Дајл,Dial Corporation.[6].

Доминацијата на фирмата во многу категории ги направи одлуките на бренд менаџментот вредни за проучување.[7]

Операции[уреди]

Започнувајќи на 1 јули2007, операциите на компанијата се категоризирани во три "Глобални Бизнис Деловои" кои понатаму се поделени на "Бизнис сегменти" според нивото на заработувачка на компанијата од јуни,[[2007].

  • Грижа за убавина
    • декоративна козметика
    • корективна козметика
  • Грижа за домаќинствата
    • Грижа за бебињата и семејството
    • Грижа за ткаенините и домот
  • Грижа за здравјето и благосостојбата
    • Здравје
    • Гриза за миленичиња

Персонал и менаџмент[уреди]

Бордот на директори на Проктер и Гембл моментално брои тринаесет членови: Алан Лафлеј, Клајтон Далеј Јуниор, Чарлс Ли, Ралф Снидерман, Маргарет Витман, В.Ј.Мекнерни Јр., Лин Мартин, Џонатан Роџерс, Ернесто Зедило, Скот Кук, Рајат Џупта, Патрициа Воертц, и Кенет Ченет.[8]

Во октомври2008 компанијата се најде на листата помеѓу "Најдобрите 100 вработени" во Канада, од страна на Медиакорп Канада, а подоцна истиот месец се најде и на листата за најдобрите менаџери во Торонто, која беше објавена во весникотТоронто стар.[9]

Брендови[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „List of Procter & Gamble brands.

24 брендови на Проктер и Гембл имаат повеќе од билионска заработувачка годишно,[10] а останатите 11 помеѓу 500 милиони и 1 билион долари на годишно ниво.

Брендови од билион долари

  • Always е бренд со производи за женска хигиена.
  • Ariel е бренд на детергенти за перење.
  • Аctonel е бренд со производи за остеопороза.
  • Bounty е бренд за хартиени крпи.
  • Braun е бренд за електрични помагала за домаќинството.
  • Crest е бренд за пасти за заби.
  • Dawn е бренд за дедергенти за миење садови.
  • Lenor е бренд за омекнувач за облека.
  • Duracell е бренд за батерии.
  • Gillette Fusion е бренд со производи за машка хигиена.
  • Gain е бренд на детергенти и омекнувачи.
  • Head & Shoulders е бренд за шампони.
  • Old Spice е бренд за дезодоранси.
  • Ivory е сапун.
  • Nice 'n Easy е боја за коса.
  • Olay е бренд со производи за нега на женска кожа.
  • Oral-B е бренд за четки за заби.
  • Pampers е бренд на пелени за една употреба.
  • Pantene е бренд за целокупна хигиена на коса.
  • Pringles е бренд на чипс.
  • Puffs е бренд на марамчиња за лице.
  • Secret е бренд на антиперспирант и дезодоранс
  • TAG бренд за дезодоранси и спреј за тело.
  • Tide е бренд за детергент.
  • Wella е бренд за производи за коса.

Global Products A to Z

Повеќето од овие брендови, се глобални производи достапни на повеќе континенти како Северна Америка, Јужна Америка, Европа, Африка и Азија.

Производството е лоцирано во следните региони:

Принципи на работа[уреди]

Принципите на работа и однесувањето во компанијата произлегуваат од целите и вредностите на самата. Тие се:

  • Покажување на почит кон секоја индивидуа.
    • Сметаат дека секој поединец може и сака да го исполни својот потенцијал.
    • Ги ценат вредностите.
    • Ги инспирираат лугето и им овозбожуваат да ги исполнат своите очекувања и предизвици.
  • Интересите на компанијата и индивидуалците се неделиви.
  • Стратегиски се посветени на својата работа.
    • Работат според јавно поставени цели.
    • Работат единствено ако работата му придонесува на бизнисот.
    • Поедноставуваат, стандардизираат, и ја насочуваат работата колку што е можно повеќе.
  • Иновацијата е сржта на нивниот успех.
    • Најмногу вреднувана е иновацијата за нови производи за потрошувачите. * Измислуваат начини за да бидат први на пазарот за широка потрошувачка.
  • Тие се екстремно фокусирани.
    • Развиваат врвно разбирање за потрошувачите и нивните потреби.
    • Развиваат блиски и продуктивни односи со потрошувачите, како и со добавувачите.
    • Тие се општествено одговорни граѓани.
  • Го ценат личниот успех и постигнување.
    • Веруваат дека е одговорност на секој индивидуалец да продолжи да се развива и да се надградува себеси.
    • Ја поттикнуваат специјализацијата.
    • се споредуваат само со најдобрите и се стремат кон секогаш повисоки цели.
  • Целат да бидат најдобри.
    • Насочени се да бидат најдобри во доменот кој е од стратегиска важност за компанијата.
    • Учат од нивните грешки и од нивните успеси.
  • Меѓусебната зависност е начинот на кој треба да се успее.
    • Работат заедно и градат доверба помеѓу многуте сектори, функции, категории и локации.
    • Се гордеат со своите резултати.
    • Градат моќни релации со сите страни кои им помагаат во остварувањето на целта, а тука се вклучени потрошувачите, добавувачите, владата и слично.

Визијата е да бидат препознатливи како најдобар светски бренд кој нуди најразлични производи и услуги на потрошувачите. Нивната мисија е да се осигураат дека нивните брендови ќе ги достигнат очекувањата на корисниците и ке придонесат да се подобри нивниот живот.

Контраверзии[уреди]

Контраверзии со логото[уреди]

Компанијата се здоби со негативен публицитет во 1980, кога се рашири урбаната легенда дека нивнотот поранешно лого претставува сатански симбол. Обвинението се базира на посебен дел од Библијата. Овие обвинувања беа демантирани од страна на компанијата бидејќи не биле најдени никакви докази за да се поврзе со било која сатаничка организација. Компанијата ги тужеше сите компании и поединци кои се обидоа да ги рашират овие гласини. Гласините дојдоа до степен каде што се вели дека самиот претседател на компанијата, учествувал на позната телевизиск програма, каде изјавил дека е самиот сатанист, како и логото на неговата компанија.

Постојаниот медиумски притисок, ја натера компанијата да го промени своето лого, кое сега се состои еднинствено од двете почетни букви. И покрај промената на логото, старото лого се појавуваше на крајот на секоја реклама во кина се до крајота на 2004. Оригиналното лого на компанијата и денес се појавува на обрзниците.

Синдром на токсичност од тампони[уреди]

Другата контраверзија поврзана со оваа компанија е во врска со бактеријата Staphylococcus aureus. Најголемиот број на луѓе, живеат со оваа бактерија во нивните тела, и е безопасна. Жибее на места како што е носот, кожата и слично. Може да заболи секој човек, не само жената, но најчесто се поврзува со употребата на тампони. Во 1980, се прогласија 38 смртни случаеви како директна последица од оваа бактерија. Најголем дел од овие жени одреден период користеле од тампоните произведени од Проктер и Гембл. Во летниот период во истата година, „Центарот за заразни болести“,објави соопштение во кое се наведува на кој начин, оваа бактерија може да доведе до инфекција. Изјавија и дека тампоните на Проктер и Гембл, се поврзани со бактеријата, повеке од останатите брендови на тампони. Како последица на ова, во септември истата година P&G ги повлекоа тампоните од продажба и доставија своевидно соопштение до јавноста. Од тогас, драстично се намали бројот на заразени со бактеријата.[11]

Проблеми со пастата „Крест“[уреди]

Во октомври 2007, во државата Џорџиа имаше судска расправа околу поплаките дека многу корисници на Крест пастата за заби се здобиле со флеки на забите и со губење на осетот за вкус.[12] Проктер и Гембел тврдеа дека овие негативни ефекти се можни само во 3% од сите случаеви. Судот наложи обелоденување на овие нус-појави на амбалажата на пастата за да може да се предупредат потрошувачите.

Загадување на околината[уреди]

Истражувањата на институтот во Масачусетс, покажаа дека P&G се 52 те најголеми загадувачи на воздухот во земјата.[13] Помеѓу токсичните материи кои компанијата ги испушта се компонентите на манган, сулфурна киселина, епихлорохидрин, и бром.[14]

Во 2007 компанијата се заложи со ветување дека ке ги намали емисиите на јаглерод, првенствено преку намалено користење на амбалажите и намалено користење на водата и енергијата. Целта е програмирана да биде 10 % исполнета во 2012.[15]

Тестирање на животни[уреди]

За да демонстрира сигурност и ефикасност на своите материјали и производи, Проктер и Гембл спроведува тестови врз животни.[16] Ова доведе до светска кампања за да се подигне јавната свесност и да се спречи малтретирањето на животните.

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Annual report 2010
  2. CNN Fortune ranking
  3. America's Most Admired Companies 2007: Top 20 - FORTUNE
  4. The Nielsen Company Issues Top Ten U.S. Lists For 2007, from the Nielsen Company website
  5. Cannes
  6. Wherrity, Constance. „Dial Agrees to Buy P&G Deodorant Brands“, „Pierce Mattie Public Relations New York blog“, 2006-02-21 (конс. 6 септември 2006).
  7. (2008-06-06). “How To Learn From GE and P&G When The World Is About To Change,” Marketing Doctor Blog.
  8. http://www.pg.com/company/our_commitment/corp_gov/2008_Board_of_Directors.pdf
  9. „Reasons for Selection, 2009 Canada's Top 100 Employers Competition“. http://www.eluta.ca/top-employer-procter-%26-gamble. 
  10. 2008 Annual report, letter from A. G. Laffley
  11. Mcpherson, Marianne. 2005 март. http://www.ourbodiesourselves.org/book/companion.asp?id=13&compID=38
  12. http://web2.customwebexpress.com/bellbrig2/UserFiles/File/Crest%20Complaint.pdf
  13. Political Economy Research Institute Toxic 100 (Study released May 11, 2006) retrieved 15 август 2007
  14. Toxics Release Inventory courtesy rtknet.org
  15. "Business Network" Accessed May 13, 2008
  16. Finding Alternatives for Product Safety testing, P&G publication 2005:

Надворешни врски[уреди]