Air Berlin

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Air Berlin
Air Berlin (LTU) Airbus A330-300 D-AERK DUS.jpg
IATA
AB
ICAO
BER
Ознака
AIR BERLIN
Формирана 1978
Хабови Аеродром Берлин Тегел
Аеродром Дизелдорф
Аеродром Нирнберг
Аеродром Минхен
Аеродром Палма Де Мајорка
Фокус градови Аеродром Цирих
Аеродром Хамбург
Аеродром Хановер
Редовна програма на лет topbonus
Големина на флота 125 (+130 orders, 10 options) incl. LTU jets
Дестинации 79
Седиште Берлин, Германија
Клучни луѓе Joachim Hunold (CEO)
Elke Schütt (CCO)
Karl F. Lotz (COO)
Ulf Hüttmeyer (CFO)
Wolfgang Kurth (CMO)
Мрежно место: http://www.airberlin.com/

Air Berlin PLC & Co. Luftverkehrs KG e втората најголема Германска авиокомпанија, после Луфтханза. Базирана е на аеродромот во Берлин, и оперира на познати туристички дестинации, дестинации во Медитеранот, Канарските острови и северна Африка, како и во поголемиот дел од Европски градови од 21 аеродром низ Германија. Главната база е аеродромот Берлин Тегел, со помали бази на аеродромите во Штутгарт, Нирнберг и Аеродром Палма Де Мајорка, (Шпанија).

Историја[уреди]

Во 1978 година, капетан на Американската авиокомпанија Pan Am, ја формира AirBerlin, со седиште во Орегон, САД. Посебниот политички статус на западен Берлин за време на студената војна значеше дека сообраќајот кон Берлин беше ограничен само на авиокомпании од трите победнички држави од Втората Светска Војна, САД, Обединето Кралство и Франција. Исто така, целиот екипаж во воздухопловите мораше да поседува пасош на една од трите споменати држави. Првиот авион во флотата на airBerlin беше Боинг 707, купен од Американската авиокомпанија TWA. Oвој авион беше стациониран на аеродромот во Берлин. Со тој авион беше планирано да се лета на дестинации кон Медитеранот и Канарските острови, во кооперација со Berliner Flug Ring, во тоа време најголемиот туристички оператор во западен Берлин. Airberlin ја превзеде кооперацијата на место на AeroAmerica, уште еден американски авиопревозник базиран во Германија, кој беше базиран на аеродромот Берлин Тегел од 1974 до 1979. Покрај чартер летовите, AirBerlin исто така оперираше и редовни линии кон Брисел (Белгија) и Орландо (САД) во почетокот на 80-тите години. Air Berlin најпрвин започна со зголемување на флотата преку купување на уште еден авион од типот Боинг 707. Потоа, тие беа заменети со понапредни Боинг 737-200, кои беа покомпатибилни со идните планови на Air Berlin. Кон крајот на 80-тите години, флотата на Air Berlin се состоеше од комплетно нови авиони, Боинг 737. По обединувањето на Германија, Германски инвеститори го откупија мнозинскиот дел од акциите на Air Berlin. Авиокомпанијата се приклучи кон ИАТА и започна со редовни воздушни линии кон Лондон, Цирих, Виена и Барселона во 1997 година. Во јануари 2004, Air Berlin започна кооперација со авиокомпанијата Niki од Австрија, каде што откупи 24% од мнозинскиот пакет акции.

Boeing 737-800 во новите бои на Air Berlin

Во 2006, Air Berlin објави во јавноста дека откупи 100% од акциите од Германската авиокомпанија Дба, и во август 2006, откупот беше и официјално комплетиран. Во март 2007, Air Berlin исто така го откупи мнозинскиот пакет акции и во Германската чартер авиокомпанија LTU International, со што ја создава четвртата најголема авиокомпанија во Европа, пренесувајќи преку 22,1 милион патници во 2006 година. Во исто време, Air Berlin откупи и 49% пакет акции во Швајцарската авиокомпанија Belair, сопственост на туристичкиот оператор Hotelplan.

Понова Историја[уреди]

На 20 Септември, 2007 година, Air Berlin објави дека ќе го откупи нивниот конкурент Air Condor, во договор со кој Thomas Cook тур-операторот би добил 30% удел во акциите на Air Berlin. Но, поради зголемените трошоци, како и зголемената цена на нафтата и помалиот проток на сообраќај, оваа зделка беше откажана во јули 2008. На 18 Јуни, 2008 година, Аir Berlin објави дека ќе спушти на земја 14 авиони за кратки дестинации и ќе го намали бројот на прекуокенски летови со цел да се зголеми профитабилноста на компанијата. Исто така беше одлучено дека летовите кон Кејптаун, Виндхоек и Бангкок ќе бидат намалени, на сметка на зголемување на летовите кон Мајами, Канкун и Монтиго Беј.

Air Berlin Boeing 737-800 на аеродромот во Дизелдорф

Сервис[уреди]

Air Berlin не е комплетно нискобуџетна авиокомпанија, туку наместо сервис од една точка до друга, таа исто така нуди и конектирање кон други дестинации преку нејзините централи. Авиокомпанијата вклучува храна и пијалоци во текот на летот. Пијалоците и кексите се бесплатни на летови до 4 часа, додека на летови над 4 часа исто така се добива и бесплатно главно јадење, со што повеќе наликува на Американските нискобуџетни авиокомпании.

Дестинации[уреди]

Погледни опширно, Дестинации на Air Berlin.

Флота[уреди]

Флотата на Air Berlin (вклучувајќи ги тука и подружниците) се состои од следниве авиони:

Авион Број Седишта Дестинации Забелешки
Airbus A319-112 14
(1 order)
150 Германија, Европа
Airbus A319-132 4
144 Германија, Европа
Airbus A320-214 32
(3 orders)
174 Германија, Европа
Airbus A321-211 6
210 Германија, Европа, Северна Америка
Airbus A330-200 10
303 (24/279) Северна Америка, Азија, Кариби
Бизнис и економска класа, 7 од нив се во боите на LTU
Airbus A330-300 3
387 Северна Америка, Азија, Кариби и туристички дестинации низ Медитеранот
ќе бидат заменети со Boeing 787 почнувајќи од март 2010
Boeing 737-700 16
(33 orders)
144 Германија, Европа
Boeing 737-800 35
(60 orders)
186 Германија, Европа и Северна Африка
Boeing 757-200 2 209 припаѓа на Belair; и оперира летови од Цирих кон Медитеранот
ќе бидат заменети со Airbus A320
Boeing 767-300 1 252 (42/210) припаѓа на Belair; оперира летови од Цирих кон Медитеранот
Boeing 787-8 25 нарачки
10 опции
c. 280 A330-300 замена
Bombardier Dash 8 Q400 5
(5 orders)
76 Германија, Европа to be delivered in 2009; позајмени на LGW
Вкупно: 125
(130 orders)

Надворешни врски[уреди]