Шарл Огистен де Кулон

Од Википедија, слободната енциклопедија
(Пренасочено од Шарл Кулон)
Прејди на: содржини, барај


Шарл Огистен де Кулон

Портрет на Шарл Кулон
Роден(а) 14 јуни 1736(1736-06-14)
Ангулем, Франција
Починал(а) 23 август 1806
(на возраст од 70 г.)
Париз, Франција
Националност Французин
Полиња Физика
Познат(а) по Кулонов закон

Шарл Огистен де Кулон (француски: Charles-Augustin de Coulomb) (14 јуни 173623 август 1806) е француски физичар кој со торзиона терезија што сам ја направил, ги востановил законите за електростатика и за магнетните заемодејства. Тој прв ги извршил точните испитувања на триењето при лизгање и при тркалање, врз основа на кои ги поставил законите за триењето. Познат е и по тоа што ги востановил и законите за деформација при усукувањето.