Финале на Купот на европските шампиони во 1982 година

Од Википедија — слободната енциклопедија
Финале на Купот на европските шампиони во 1982 година
ПрвенствоКуп на шампиони 1981/82
Датум26 мај 1982
СтадионФејенорд, Ротердам
Играч на
натпреварот
Питер Вит (Астон Вила)
СудијаЖорж Конрат (Франција)
Гледачи46.000
Временски приликиведро
1981
1983

Финале на Купот на европските шампиони 1982фудбалски натпревар одржан на стадионот „Фејенорд“ (наречен и „Де Којп“) во Ротердам, Холандија на 26 мај 1982 г. кој завршил со победа на англискиот првак Астон Вила над западногерманскиот првак Бајерн Минхен со 1–0. Со ова, Астон Вила за прв (и досега единствен) пат го освоиле Европскиот куп. Ова била шеста европска титула за клуб од Англија.

Пат до финалето[уреди | уреди извор]

Англија Астон Вила Круг Германија Бајерн Минхен
Противник Збир. Прв натп. Втор натп. Противник Збир. Прв натп. Втор натп.
Исланд Валир 7–0 5–0 Д 2–0 Г Прв круг Шведска Естерс 6–0 1–0 Г 5–0 Д
Источна Германија Динамо Берлин 2–2 (г) 2–1 Г 0–1 Д Втор круг Португалија Бенфика 4–1 0–0 Г 4–1 Д
СССР Динамо Киев 2–0 0–0 Г 2–0 Д Четвртфинале Романија Университатеа Крајова 3–1 2–0 Г 1–1 Д
Белгија Андерлехт 1–0 1–0 Д 0–0 Г Полуфинале Бугарија ЦСКА Софија 7–4 3–4 Г 4–0 Д

Натпревар[уреди | уреди извор]

Преглед[уреди | уреди извор]

Натпреварот бил огромно постигнување за Тони Бартон како тренер, бидејќи ова му била прва сезона во тоа својство. Настапил во ова својство пред четвртфиналето по случајност, поради неочекуваното напуштање на дотогашниот тренер на Астон Вила, Рон Сондерс.

Еден од повпечатливите моменти во финалето се случил кога по 10 минути ветеранскиот голман Џими Ример се здобил со повторна повреда на рамото. Него го заменил Најџел Спинк, кому ова му било само втор настап како клупски голман на поголемо натпреварување. Спинк ги спречил сите обиди за гол на Бајерн Минхен, за што добил високи оценки и станал главен голман на Астон Вила во наредните 10 сезони.

Друг впечатлива случка е кога Бајерн Минхен успеале да ја внесат топката во голот во последните три минути, но голот бил досуден како офсајд. Истото им се случило на Астон Вила неколку секунди пред крајот на натпреварот, но овој втор гол бил отфрлен од судиите.

Како бранител на европската шампионска титула, Астон Вила учествувале во следната сезона на Европскиот куп, Европскиот суперкуп и Интерконтиненталниот куп. На следниот Европски куп, Астон Вила успеле да ја задржат титулата сè до четвртфиналето, кога изгубиле од Јувентус. Ги победиле Барселона со збирен резултат од 3–1, така освојувајќи го Суперкупот, но изгубиле со 2–0 од уругвајскиот клуб Пењарол на Интерконтиненталниот куп во Токио, Јапонија.

Поробности за натпреварот[уреди | уреди извор]

26 мај 1982 г.
20:15 ч. CEST
Астон Вила Англија 1–0 Западна Германија Бајерн Минхен Фејенорд, Ротердам
Гледачи: 46.000
Судија: Жорж Конрат (Франција)
Вит гол 67' Извештај
Астон Вила
Бајерн Минхен
ГМ 1 Англија Џими Ример заменет 9'
ОД 2 Англија Кени Свејн
ОД 3 Англија Гери Вилијамс добил жолт картон во 38-мата минута 38'
ОД 4 Шкотска Алан Еванс
ОД 5 Шкотска Кен Мекнот
СР 6 Англија Денис Мортимер
СР 7 Шкотска Дез Премнер
НП 8 Англија Гери Шо
НП 9 Англија Питер Вит
СР 10 Англија Гордон Кауанс
СР 11 Англија Тони Морли
Замени:
ГМ 16 Англија Најџел Спинк влегол во игра 9'
ОД Англија Колин Гибсон
СР Шкотска Енди Блер
СР Англија Пет Херд
НП Англија Дејвид Гедис
Тренер:
Англија Тони Бартон
ГМ 1 Западна Германија Манфред Милер
ОД 2 Западна Германија Волфганг Дремлер
ОД 3 Западна Германија Удо Хорсман
SW 4 Западна Германија Ханс Вајнер
ОД 5 Западна Германија Клаус Аугенталер
СР 6 Западна Германија Волфганг Краус заменет 78'
СР 7 Западна Германија Бернд Дирнбергер
СР 8 Западна Германија Паул Брајтнер
НП 9 Западна Германија Дитер Хенес
СР 10 Западна Германија Рајнхолд Мати заменет 51'
НП 11 Западна Германија Карл-Хајнџ Румениге
Замени:
СР 16 Западна Германија Гинтер Гитлер влегол во игра 51'
СР 13 Западна Германија Курт Нидермајер влегол во игра 78'
ГМ Западна Германија Валтер Јунгханс
Тренер:
Унгарија Пал Чернаи

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]