ЦСКА е бугарски фудбалски клуб од Софија кој игра во А група. ЦСКА е најтрофејниот бугарски фудбалски клуб.
Историја [уреди]
ЦСКА е основан на 5 мај 1948 кога тогашните фудбалски клубови „Септември“ и „ЦДВ“ се соедниниле во еден клуб кој го добил името „Септември при ЦДВ“. Во својата историја ЦСКА бил шампион на Бугарија триесет и еден пат, и тоа во: 1948, 1951, 1952, 1954, 1955, 1956, 1957, 1958, 1959, 1960, 1961, 1962, 1966, 1969, 1971, 1972, 1973, 1975, 1976, 1980, 1981, 1982, 1983, 1987, 1989, 1990, 1992, 1997, 2003, 2005 и 2008. ЦСКА е и тринаесеткратен освојувач на Купот на Советската армија, десеткратен освојувач на Купот на Бугарија. Исто така е трикратен освојувач на Суперкупот на Бугарија, во 1989, 2006 и 2008. Клубот игра на стадионот „Бугарска армија“, кој има капацитет од 22.015 гледачи. Тренер на екипата е Милен Радуканов.
Фудбалери [уреди]
Некои од попознатите играчи на ЦСКА.
Македонија