Теорија на познание

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Епистемологијата (грч. ἐπιστήμη (epistēmē), што значи „знаење, наука“, и λόγος (logos), што значи „знаење“) е гранка на философијата која се занимава со природата и опсегот (ограничувањата) на знаењето. Ги опфаќа прашањата:

  1. Што е знаењето?
  2. Како се добива знаењето?
  3. Како го знаеме она што го знаеме?

Голем дел од дебатата за ова поле се фокусира на анализирањето на природата на знаењето и како тоа е поврзано со сродните замисли како вистина, верба и оправдување. Исто така се однесува и на начините за добивање на знаење, како и на скептицизам за различни тврдења за знаење.

Терминот бил воведен од шкотскиот филозоф Џејмс Фредерик Фериер (1808–1864). Голем број од дефинициите во речниците може да дадат впечаток дека епистемологијата е тесно поврзана со критичкото размислување: „истражување или теорија за природата и основите на знаењето, особено со упатување на нејзините граници и валидност“ (Merriam-Webster's Online Dictionary, 11th Edition). Но, делумно затоа што епистемологијата го дефинира познавањето како вистина, за разлика од критичкото размислување, епистемологијата речиси ги игнорира механизмите, темите и методите нагласени во критичкото размислување, како што се тестирањето за специфични пропозиции, логични недоследности, нејаснотии и измама кои се среќаваат во секојдневни услови и решавање проблеми.

Во физиката, концептот на епистемологија е битен во модерната интерпретација на квантната механика и се употребува од многу автори за анализирање на делата на доминантните физичари како што се Вернер Хајзенберг, Макс Борн и Волфганг Паули.

Знаење[уреди]

Знаење дека, знаење како и знаење преку дознавање[уреди]

Во овој дел, и во епистемологијата општо, знаењето кое обично се дискутира е пропозициското знаење, исто познато и како „знаење дека“. Ова е различно од „знаење како“ и „знаење преку дознавање“. На пример: во математика, познато е дека 2 + 2 = 4, но постои и знаење како да се соберат два броја и знаење на лице (на пример, еден човек), знаење на место (пр., родниот град на еден човек), на предмет (пр., колите) или на активност (пр., собирање). Некои (иако не сите) философи сметаат дека има битна разлика меѓу „знаење дека“, „знаење како“ и „знаење преку дознавање“, при што епистемологијата примарно се интересира за првото.

Бертранд Расел е познат по тоа што правел разлика на „знаење преку опис“ (форма на знаење дека) и „знаење преку дознавање“ во Проблемите на филозофијата. На Гилберт Рајл честопати му се припишува нагласувањето на разликата меѓу знаење како и знаење дека во Концептот на умот. Во Лично знаењ, Михаел Поланји дискутира за епистемолошката релевантност на знаење како и знаење дека; употребува пример со актот на баланс при возењето велосипед, сугерира дека теоретското знаење на физиката кое вклучува одржување на состојба на баланс не може да го замени практичното знаење на тоа како да се вози, и дека е важно да се разбере како обете се утврдени. Оваа позиција во суштина е на Рајл, кој спори дека неуспевањето да се признае разликата меѓу знаењето дека и знаењето како води до суров регрес. Во поново, некои епистемолози (Соса, Греко, Кванвиг, Загзебски) спорат дека епситемиологијата треба да ги издигнува карактеристиките на луѓето (имено, интелектуалните доблести), а не само карактеристиките на пропозициите или пропозиционалните ментални ставови. Една причина тоа што се вели дека повисоките форми на когнитивен успех (имено, разбирањето) вклучува карактеристики кои не може да бидат проценети од оправдано поглед на знаење на оправдано вистинско верување.

Верување[уреди]

Тврдењата за „верување“ понекогаш значат дека зборувачот предвидува нешто кое би се покажало како корисно или успешно во некоја смисла – можеби зборувачот може да „верува во“ неговиот или нејзиниот омилен фудбалски тим. Ова не е оној вид верување на кое обично се однесува во епистемологијата. Она кое се однесува е кога „се верува во нешто“ значи кога каква било когнитивна содржина се смета за вистинита. На пример, да се верува дека небото е сино е да се мисли дека пропозицијата „Небото е сино“ е вистинита.

Вистина[уреди]

Дали нечие верување е вистинито не е предуслов за верувањето. Од една страна, ако нешто е познато, тогаш категорички не може да биде лажно. На пример, едно лице верува дека некој мост е доволно безбеден да го премине, и се обидува да го премине; за жал, мостот паѓа од тежината, Може да се каже дека верувал дека мостот бил безбеден, но дека неговото верување било погрешно. Не би било прецизно ако се каже дека знаел дека тој мост е безбеден, бидејќи очигледно не бил. За споредба, ако мостот е ја издржал неговата тежина, тогаш можело да биде оправдано ако се вели дека знаел дека мостот е доволно безбеден за да премине, барем во тој даден момент.

Оправдување[уреди]

Во дијалогот на Платон, Театетус, Сократ зема предвид голем број теории за тоа што е знаењето, од кои последната е дека знаењето е вистинско верување на кое „е раскажано“ – што значи е објаснето или дефинирано на некој начин. Според теоријата, тоа знаење е оправдано вистинско верување, за да се знае дека одреден пропозиција е вистинита, не само што човек мора да верува во релевантната вистинита пропозиција, туку мора да има и добра причина за тоа. Една импликација за ова би било тоа дека никој не би имал знаење само преку верување дека нешто што се случило е вистинито. На пример, болен човек без медицинска обука, но со генерално оптимистички став, може да верува дека брзо ќе се опорави од болеста. И покрај тоа, дури и ако ова верување произлезе како вистинито, пациентот не би знаел дека ќе му оди добро бидејќи неговото знаење нема оправдување. Дефиницијата за знаење како оправдано вистинско била широко прифатена се до 1960-тите. Во тоа време, труд напишан од американскиот филозоф Едмунд Гетиер испровоцирал големо ширење на дискусијата.

Проблемот Гетиер[уреди]

Едмунд Гетиер е познат по неговиот аргумент од 1963 кој во прашање ја ставил теоријата за знаењето која била доминантна меѓу филозофите илјадници години. На неколку страници, Гетиер спорел дека постојат ситуации во кои верувањето може да биде оправдано и вистинито, а сепак да не биде знаење. Гетиер спорел дека иако оправданото верување во вистинска пропозиција е потребно за таа пропозиција да биде знаена, тоа не е доволно. Човек може да верува во вистинска пропозиција, но пак да потпаѓа во категоријата „знаење“. Според Гетиер, постојат одредени околности во кои човек не треба да има знаење, дури и кога сите услови погоре се постигнати. Гетиер предложил два мислени експерименти, кои се познати како „Случаите Гетиер“, како контра-примери за класичната слика на знаењето. Еден од случаите вклучува двајца, Смит и Џоунс, кои чекаат резултати аплицирањето за исто работно место. Секој има десет парички во џебот. Смит има одлични причини да верува дека Џоунс ќе ја добие работата, а покрај тоа, знае дека Џоунс има десет парички во џебот (претходно ги изброил). Од ова Смит заклучува, „човекот што ќе ја добие работата има десет парички во џебот“. Сепак, Смит не е свесен дека и тој има десет парички во џебот. Смит, а не Џоунс, ќе ја добие работата. Иако Смит има цврст доказ да верува дека Џоунс ќе ја добие работата, тој е во грешка. Смит има оправдано вистинско верување дека човек со десет парички во џебот ќе ја добие работата; сепак, според Гетиер, Смит не знае дека човек се десет парички во џебот ќе ја добие работата, бидејќи верувањето на СМит е“... вистинско според бројот на паричките во џебот на Џоунс, додека Смит не знае колку парички има во својот џеб, и го базира своето верување... на бројот на паричките во џебот на Џоунс за кого погрешно верува дека човекот кој ќе ја добие работата“. Овие случаи не се знаење бидејќи е оправдано верувањето на субјектот, но се вистинити по шанса на среќа. Со други зборови, го направил вистинскиот избор (во овој случај го предвидел исходот) од погрешни причини.

Реакции кон Гетиер[уреди]

Реакциите кон Гетиер се различни. Обично вклучуваат значителни обиди за нудење на дефиниција на знаење различна од класичната, било преку именување на знаењето како оправдано вистинито верување со одреден дополнителен четврти услов, или како нешто друго заедно.

Непогрешливост, непоништливост[уреди]

Во една реакција кон Гетиер, американскиот филозоф Ричард Киркам споредл дека единствената дефиниција за знаење која може да биде имуна на сите контра-примери е онаа за непогрешливоста. За нешто да се оквалификува како знаење се применува теоријата, верување мора не само да биде вистинито и оправдано, оправдувањето на верувањето мора да ја принудува вистинитоста. Со други зборови, оправдувањето за верување мора да биде непогрешливо. Друг можен кандидат за четвртиот услов на знаење е непоништливоста. Теоријата на поништливост тврди дека не треба да има натфрлачка или поразувачка вистина од причините со кои се оправдува нечие верување. На пример, да речеме дека лицето С верува дека го видело како Том Грабит украл книга од библиотеката. Можна поразувачка или натфрлачка пропозиција за такво тврдење може да биде вистинита пропозиција, како, „Близнакот на Том Грабит е моментално во истиот град во кој е Том“. Кога нема ништо поразувачко за оправдувањето, субјектот би бил епстемолошки оправдан. Индијскиот филозоф Б. К. Матилал извлекол традиција од Навја-Нјаја погрешливоста како одговор за проблемот на Гетиер. Теоријата Нјаја прави разлика меѓу знаење на п и знаење дека некој знае п – ова се различни настани, со различни каузални услови. Второто ниво е некаков вид на имплицитен заклучок кој обично следи веднаш по епизодата на знаење на п (знаење simpliciter). Случајот Гетиер е анализиран преку вадење заклучок за поглед на Гангеша (13. век), кој смета дека секое вистинито верување е знаење simpliciter според овој поглед. Прашањето за оправдување се појавува само на второто ниво, кога човек го смета знаењето на стекнато верување. Иницијално, постои недостиг од несигурност, па затоа станува вистинско верување. Но во следниот момент, кога слушателот треба да преземе потфат на дознавање дали знае п, може да се појават сомнежи. „Ако, во некои слични случаи на тој на Гетиер, сум во грешка со мојот заклучок за знаењето на дадена окурентно верување (бидејќи доказите може да бидат псевдо-докази), тогаш сум во грешка за вистината на моето верување – а тоа е во согласност со Нјаја погрешливоста: не може да бидат оддржливи сите тврдења за знаење“.

Доверливост[уреди]

Доверливоста е теорија која предлага едно верување да е оправдано (или поддржано на таков начин што се вбројува кон знаење) само ако е продуцирано преку процеси кои типично даваат доволен висок сооднос на вистина за лажни верувања. Со други зборови, оваа теорија вели дека едно вистинито верување се брои како знаење само е продуцирано од доверлив процес на оформување верување. Доверливоста е предизвикувана со случаите Гетиер. Друг аргумент кој ја предизвикува, како случаите Гетиер (иако не е претставен во истиот краток напис како случаите Гетиер), е случајот на Хенри и амбарите. Во експериментот, еден човек, Хенри, вози и гледа голем број згради кои личат на амбари. Тој видел како изгледа амбар и перцепцијата на која го базира своето верување е таа за вистински амбар, сите други градби што ги видел дека се слични на амбар биле само слични. Теоретски, Хенри не знае дека видел амбар, и покрај обете верувања дека видел амбар кој е вистински и она кое се формира на основа на доверлив процес (неговата визија), бидејќи своето вистинито верување го добил случајно.

Други реакции[уреди]

Американскиот филозоф Роберт Нозик ја има понудено следнава дефиниција за знаење: С знае дека П ако и само ако: - П; - С верува дека П; - ако П е лажен, С не би верувал дека П; - ако П е вистинит, С не би верувал дека П. Нозик верувал дека трет погодбен услов служи за упатување кон случаите како тие опишани од Гетиер. Нози понатаму тврди дека овој услов упатува на случај како оној опишан од Д. М. Армстронг. Татко верува дека неговиот син е невин за некакво злосторство, поради вербата во неговиот син и бидејќи во судницата видел дефинитивна демонстрација за невиноста на неговиот син. Неговото верување преку методот на судницата ги задоволува четирите погодбени услови, но неговото верување базирано на верба не ги задоволува. Ако неговиот син е виновен, и натаму би верувал дека е невин, на основа на вербата во својот син; со ова се нарушува третиот погодбен услов.

Британскиот филозоф Сајмон Блекбурн ја критикувал оваа формулација преку сугерирање дека не сакаме да прифатиме како знаење верувања кои, иако ја „следат вистината“ (како што бара објаснувањето на Нозик), не е сметаат за соодветни причини. Вели дека „не сакаме да ја дадеме титулата на знаење нешто на некого кој само ги исполнува условите преку дефект, мана или грешка, споредено со некој друг кој не ги исполнува условите“. Како дополнение на ова, екстранлистичките описи за знаење, како тие на Нозик, честопати се принудени да одбиваат заклучок во случаи каде тој е интуитивно валиден. Тимоти Вилијамсон има теорија за знаењето според која знаењето не е оправдано вистинито верување плус некои екстра услови. Во неговата книга Знаењети има свои граници, Вилијамсон спори дека концептот на знаење не може да биде анализирано во збир од други концепти – наместо тоа, тоа е sui generis. Така, иако знаењето бара оправдување, вистина и верување, зборот „знаење“ не може да биде, според теоријата на Вилијамсон, прецизно сметана како едностано кратенка за „оправдано вистинито верување“.

Екстернализам и интернализам[уреди]

Дел од дебатата за природата на знаењето е дебата меѓу епистемолошките екстерналисти од една страна и епстемолошките интерналисти од друга. Екстерналистите сметаат дека факторите кои се сметаат за „екстерни“, што значи надвор од психолошките држави на тие кои здобиваат знаење, може да бидат услови на знаење. На пример, екстерналистичка реакција за проблемот на Гетиер не е да се каже дека, за едно оправдано вистинито верување да се смета за знаење, мора да биде причинето, на некаков ист начин, од релевантни факти. Таквата каузација, до степен дека е „надвор“ од умот, би се сметала како екстерен услов кој нуди знаење. Интерналистите, напротив, тврдат дека сите услови кои нудат знаење се во рамките на психолошките состојби на тие кои се здобиваат со знаење. Рене Декарт, проминентен филозоф и поддржувач на интернализмот, напишал, дека, бидејќи единствениот метод според кој го перцепираме екстерниот свет е преку нашите сетила, и, дека, од причина што сетилата не се непогрешливи, треба да го сметаме нашиот концепт за знаење како непогрешлив. Единствениот начин да се пронајде нешто кое може да се опише како „непогрешливо вистинито“, тој тврди, би било преправање дека омнипотентно, измамничко битие си игра со перцепциите на луѓето за универзумот, и дека логичното нешто да се направи е да се доведе во прашање се што ги вклучува сетилата. „Cogito ergo sum“ е обично поврзувано со теоријата на Декарт, бидејќи тој постулирал дека единственото нешто што тој самиот не можел логично да го доведе во сомнеж е неговото сопствено постоење: „Не постојам“ е контрадикција; чинот на кажување дека човек не постои претпоставува дека некој друг го вели тоа. Иако Декарт можел да се сомнева во неговите сетила, во неговото тело и светот околу, тој не можел да го негира своето постоење, бидејќи бил способен да се сомнева и мора да постои за да го прави тоа. Дури и да е тоа измама на некој „зол гениј“, треба да постои за да биде измамен. Сепак, Декарт не одел понатаму за да дефинира што е. Ова е посочено од материјалистичкиот филозоф Пјер Гасенди (1592–1655) кој го обвинил Декарт дека велел како тој „не е тоа, и не е ова“, иако никогаш не кажал што точно постои.

Стекнување знаење[уреди]

Второто прашање е како се стекнува знаење. Сферата на епистемологијата опфаќа: 1. Проблеми кои се однесуваат на епистемолошките разлики, како таа меѓу искуството и a priori, како начини за создавање знаење. 2. Разлика меѓу синтеза и анализа употребени како начини за доказ 3. Дебати како оние меѓу емпиричарите и рационалистите 4. Она што е наречено „проблемот на регресија“

A priori и a posteriori Природата на оваа разлика е спорена од различни филозофи; сепак, термините може да грубо да се дефинираат на следниов начин: - A priori знаење е знаење кое е познато како независно искуство (т.е. тоа е неемпириско, или појавило предвреме, обично по пат на резон). - A posteriori знаење е она кое е познато како искуство (т.е. емпириско е, или појавено е потоа).

Аналитичка/синтетичка разлика[уреди]

Некои препозиции се такви што ни се чинат како оправдани за да им се верува се додека им го разбираме значењето. На пример, „Братот на татко ми ми е чичко“. Се чини дека е оправдано да веруваме дека е вистина само затоа што знаеме што значи терминот. Таквите препозиции филозофите ги нарекуваат „аналитички“. Синтетичките пропозиции, од друга страна, имаат различни субјекти и предикати. Пример за синтетичка пропозиција би било, „Братот на татко ми има црна коса“. Кант кажал дека сите математички и научни изјави се синтетики a priori препозиции бидејќи се неопходно вистинити, но нашето знаење за атрибутите на математичките или физичките субјекти можеме да го добиеме само со логично вадење заклучок. Американскиот филозоф В. В. О. Квин, во „Две догми на емпирицизам“, ја предизвика оваа разлика преку спорење дека двете имаат нејасна граница.

Гранки или „тенденции“ во епистемологијата

Емпирицизам[уреди]

Во филозофијата, емпирицизмот генерално е теорија на знаење со нагласување на улогата на искуството, особено искуство базирано на перцептуални опсервации од сетилата. Одредени форми го третираат целото знаење како емпириско, додека некои ги сметаат дисциплините математиката и логиката како исклучоци. Постојат многу варијанти на емпирицизам, позитивизам и реализам меѓу нив се највообичаено изнесувани, но централно на сите емпирицистички епистемологии е замислата за епистемолошки привилегиран статус на сетилни податоци.

Идеализам[уреди]

Идеалистите веруваат дека знаењето е главно (или во некои сфери) здобиено со a priori процес или е вроден – на пример, во форма на концепти кои не се извлечени од искуство. Релевантните теоретски процеси честопати го имаат името „интуиција“. Релевантните теоретски концепти може наводно да бидат дел од структурата на човековиот ум (како во теоријата на Кант за трансценденталниот идеализам), или да се каже дека постојат независно од умот (како во теоријата за формите на Платон). Степенот до кој ова вроденот човечко знаење е нагласувано во однос на искуството како начин за стекнување знаење варира кај секој идеалист. Некои тврдат дека знаењето од каков било вид може да се добие само a priori, додека другите тврдат дека одредено знаење може да се добие и a posteriori. Консеквентно, границата меѓу идеалистичките епистемологии и другите може да биде нејасна. Главниот концепт, сепак, централен во сите идеалистички епистемологии, е централноста на Разумот: (’Разум‘ со големо Р): a priori Разум: знаењето мое да биде само, на крајот, производ на умот и според тоа, по дефиниција, ’идеал‘. Она што се ’знае‘ по дефиниција е ’идеал‘.

Рационализам[уреди]

За споредба со емпирицизмот и идеализмот, кои го нагласуваат епистемолошки привилегираниот статус на сетилните податоци (емпириски) и првенството на Разумот (теоретски), соодветно, модерниот рационализам додава трет ’систем на размислување‘, како што Гастон Башелар ги нарекол овие сфери и тврди дека сите три се од еднаква важност: емпириска, теоретска и апстрактна. Рационализмот прави еднакво упатување кон сите три системи на размислување. Пример за апстрактно размислување е концептот на Питагора за ’чисти‘ геометриски форми: совршени триаголници, квадрати, кругови. Друг пример се имагинарните бројки, во математиката.

Конструктивизам Конструктивизмот е поглед во филозофијата според она кое сето знаење е „конструирано“, колку и што е контигент на конвенцијата, човековата перцепција и социјалното искуство. Конструктивизмот предлага нови дефиниции за знаење и вистина кои формираат нова парадигма, базирано на нивната интерсубјективност наместо на класичната објективност, и на остварливоста наместо вистината. Пијагетскиот конструктивизам, сепак, верува во објективност – конструкти можат да бидат валидизирани преку експериментирање. Конструктивистичката точка на поглед е прагматска; како што рекол Вико: „Нормата навистината е да се успее во неа“. Потекува во социологијата под терминот „социјален конструктионизам“ и го има добиено името „конструктивизам“ кога се однесува на филозофската епистемологија, иако „конструктионизамот“ и „конструктивизмот“ честопати се употребуваат меѓузаменливо. Конструктивизмот исто така се има појавено во полето на меѓународни односи, каде пишувањата на Александар Вент се популарни. Опишувањето на карактеристичната природа на меѓунардната реалност означена од „анархија“, вели тој, „Анархијата е онаква каква што државата ја прави“.

Проблемот на регрес „... за да се оправда верување човек мора да бара натамошно оправдано верување. Ова значи дека една од двете работи може да биде случајот. Или има некакви [епистемолошки основни] верувања кои може да биде оправдано да се имаат без да се биде во можност за нивно оправдување на основа на некое друго верување, или за секое оправдано верување постои бесконечен регрес на (потенцијална) оправданост [теоријата на небула]. За оваа теорија не постои цврсто дно за оправдување. Оправдувањето само лута наваму-натаму низ нашата мрежа од верувања, никаде не застанува“. Очигледната невозможност за комплетирање на бесконечен синџир од резонирање од некои се смета дека го поддржува скептицизмот. „Единствената вистинска мудрост е кога се знае дека ништо не се знае“. (Сократ)

Реакција за проблемот на регрес Многу епистемолози кои ја проучуваат оправданост се обиделе да спорат различни типови синџири на резонирање кои може да му побегнат на проблемот на регрес.

Бесконечност Не е невозможно да постои бесконечно оправдувачка серија. Оваа позиција е позната како „бесконечност“. Луѓето во ова обично ја сметаат бесконечната серија како само потенцијална, во смисла на тоа дека поединец може има неограничени многу причини кои му се достапни, без да мора свесно да ги разгледа сите овие причини, кога се појавува потреба затоа. Оваа позиција е мотивирана делумно од желбата да се избегне она што се гледа како произволност и циркуларност на главните конкуренти, темелност и кохерентност. Во математиката, бесконечните серии понекогаш се конвергираат – (ова е основата за математичката анализа) – според тоа, човек може да има бесконечна серија од логични аргументи и да ги анализира за конвергентно (или неконвергентно) решение.