Слово за походот Игорев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Слово за походот Игорев“ - предна корица на првото издание од 1800 година
„Слово за походот Игорев“ - предна корица на македонското издание од 1960 година

Слово за походот Игорев (на староруски: Слово о плъку Игоревѣ, Игоря сына Святъславля, внука Ольгова) — најголема уметничка творба на старата руска книжевност. Во делото се опева кнезот Игор Свјатославич и неговиот поход против Куманите (Половци). Се смета дека настанало кон крајот на XII век. Името на авторот не е познато.

Историја[уреди]

Игор во бој со Куманите. Илустрација на „Словото“ од Иван Билибин.

Околу 1790 година, грофот А. И. Мусин-Пушкин, голем љубител и собирач на на старини, го нашол ракописот на „Словото“ во еден зборник на староруски текстови, напишан во XVI век. Со стручна помош на тогашните најпознати архивисти А. Ф. Малиновски и Н. Н. Бантиш-Каменски, грофот го подготвил првото издание на „Словото“ во 1800 година. Првичниот ракопис бил уништен во големиот пожар во Москва за време на војната против Наполеон во 1812 година. Текстот на словото бил зачуван преку напечатените 1200 примероци од изданието на Мусин-Пушкин, како и преку еден препис направен за царицата Екатерина II.

Најдениот ракопис бил препис настанат кон почетокот на XVI век, т.е. цели триста години по настанувањето на изворното дело.

Извори[уреди]