Руслан и Људмила

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Руслан и Људмила (pуски: Руслан и Людмила) е прво позначајно дело на рускиот книжевник Александар Пушкин. Делото е базирано на бајките кои Пушкин ги слушал од баба си. Објавено е во 1820. година. Напишано е во форма на епска бајка и зборува за киднапирањето на Људмила, ќерката на Владимир Велики и храбар витез кој се обидува да ја спаси од злокобниот волшебик.

Создавање на делото[уреди]

Создавањето на ова дело, Пушкин го започнал во 1817. кога уште бил ученик во Церската гимназија. пред да биде објавено, Пушкин бил прогонет на југот од Русија поради своите политички ставови кои ги искажал во другите дела, како во Ода на Слободата.

Адаптации[уреди]

Во периодот помеѓу 1837. и 1842 година, рускиот композитор Михаил Глинка на основа на делото на Пушкин ја создал истоимената опера. 1915. година под влијание на ова дело е снимен нем филм. 1972. година во Советскиот Сојуз снимен е и втор филм, во кои главните улоги ги толкуваат Валериј Козинец и Наталија Пертова.