Розово фламинго

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Розово фламинго
Розово фламинго во Валфис Беј, Намибија
Розово фламинго во лет
Заштитен статус
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордови
Класа: Птици
Ред: Фламинговидни
Фамилија: Фламинга
Род: Фламинго
Вид: Розово фламинго
Биномен назив
Phoenicopterus roseus
Pallas, 1811
Синоними

Phoenicopterus antiquorum

Розово фламинго или големо фламинго (науч. Phoenicopterus roseus) — најраспространет вид од фамилијата на фламингата. Се среќава во делови од Африка, јужна Азија (крајбрежните региони на Пакистан и Индија), и јужниот дел на Европа, вклучувајќи ги Шпанија, Албанија, Турција, Грција, Кипар, Португалија, Италија, Франција, а се среќава и во Македонија. Некои популации се преселници на кратко растојание и се среќаваат посеверно од вообичаениот опсег. Популарни се и за чување во заробеништво.

Опис[уреди]

Младенче
Младенче (горе), возрасна единка (долу), во лет

Овој вид фламинго е најголем од целата фамилија, висок 110–150 см и тежок 2–4 кг. Најголема женка розово фламинго е забележана со 187 cm висина и тежина од 4,5 кг.[2] Како и сите фламинга, овој вид несе само едно варовито-бело јајце на тумба од кал. Повеќето од пердувите му се розовобели, но крилата му се покриени со црвени пердуви, а основните и средните пердуви за летање му се црни. Клунот му е розов со црн врв, а нозете му се целосно розови. Се огласува слично на гуска, како трубење. Младенчињата се белосиви, и им треба неколку години за да ја постигнат розовата боја. Таа боја, всушност ја добиваат од исхраната, од каротенските пигменти на организмите што ги јадат.

Овие птици живеат во мочурливи предели и плитки крајбрежни лагуни со солена вода. Со своите нозе ја копаат калта и тињата и оттаму со клунот филтрираат мали ракчиња, семиња, алги, микроскопски организми и мекотели. Се храни со главата надолу, а горната вилица не ѝ е фиксирана за чарепот, туку е подвижна.[3]

Животен век[уреди]

Животниот век на фламингото, според зоолошката во Базел е над 60 години. Најстарото познато розово фламинго е жител на зоолошката градина Аделаида во Австралија, и има барем 77 години. Точната возраст на птицата не се знае, бидејќи веќе бил возрасен кога го донеле во зоолошката во 1933 година, и сè уште бил жив во 2011 г. [4]

Односи со луѓето[уреди]

Заробеништво[уреди]

Колонија фламинга во зоолошката во Базел
Споредба со Обичен пеликан

Прва позната зоолошка каде се одгледуваат фламинга е од 1959 г. во Базел. Таму се израснати 400 птици, просечно од 20 до 27 годишно до 2000 година.[5]

Поради успешноста на размножувањето во Базел и недостаток на простор, многу фламинга од таму се праќани во зоолошки ширум светот. Со оглед на времето од 1959 година и бројноста на птиците кои се излегнати таму, може да се заклучи дека голем број колонии фламинга во другите зоолошки се роднински поврзани со фламингата од Базел.

Опасности[уреди]

Во солените блата на Индија и Пакистан, повремено фламингата се усмртени од каблите со 1000 вати струја, на кои тие стојат. До сега се регистрирани 139 такви случаи.

Во минатото[уреди]

Римските цареви го сметале јазикот од фламингото за специјалитет.[3]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]